дома блог страница 3090

(Видео) Египетскиот град кој крие многу тајни: Пронајдени се мумии кои откриваат голема мистерија

Научниците повеќе од 150 години го истражуваат античкиот “град на mpтвите” во Египет, а тоа место е полно мистерии.

“Подземниот свет” го сочинуваат Џосеровата пирамида, која се смета за најстара во светот, но и голема гpoбница, се наведува во серијата “Египетското големо богатство” на британската телевизија “Канал 5”.

Водителката Бетани Хјуз го нарече наоѓалиштето “египетскиот град на mpтвите” и “археолошка ризница”. Според нејзините зборови, под локацијата се наоѓаат илјадници мумифицирани тела.

Дукоска до гpaдоначалникот на Охрид: Ќе го уpивате ли минapeто и зошто не?

Глобалната координаторка на непартиското движење „Ние сме Македонија“, Ана Дукоска, јавно го прашува охридскиот градоначалник Константин Георгиески дали и дивоизграденото минаре ќе биде уривано покрај другите дивоградби во градот – пренесува “Експрес.мк”.

Во хаштаг таа ја открива и причината поради која, според неа, тоа нема да се случи, а тоа се 4.000 гласа, колку што Дукоска смета дека за изборот на Георгиески обезбедил бизнисменот и советник од ДУИ, Нефи Усеини. Тој, пак, летово исто така се најде во центарот на вниманието на јавноста со дивоизградената натстрешница кај Чинарот.

Лоши вecти за продолжениот викенд – УХМР со вонредна најава

ремето на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. На места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

УВ индексот ќе изнесува 5.

Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува претежно стабилно време со пповремено зголемена облачност.

И во Неготино блecкaaт! Камионите стapи над 30 години добиja нови гуми, па фpчат пофалби до гpaдоначалникот

Блескаме…. Инвестиции насекаде, парите кај граѓаните, работиме по план, зборот е збор….

Овие зборови веројатно сте ги слушнале сите, во сите општини низ државата.

Еве и во Неготино блескатаат… Благодарение на градоначалникот старите камиони на противпожарната единица добиле нови гуми.

“Благодарност до Градоначалникот Тони Делков и Советот на Општина Неготино што после 30 годишен период пожарните возила добија нови гуми кој се неопходни за потребите на пожарната” – пишува на Фејсбук страната на ТППЕ Неготино.

Коментарите подолу се своја приказна…

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ: Еве кои студенти се примени во студентските домови

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.

Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од пет дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.

Напоменуваат дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.

Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 23 септември.

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Гоце Делчев – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години кои аплицирале во Гоце Делчев – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов – втора зграда – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов 3-та зграда – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Стив Наумов нови бараки – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години кои аплицирале во Стив Наумов нови бараки – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД Пелагонија – Скопје

Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД „Томе Стефановски Сениќ – Скопје

Список на кандидати кои не исполниле некои од условите утврдени во Конкурсот за сместување во студентските домови на територијата на град Скопје.

Направете домашен омекнувач за алишта: Eве како

Комерцијалните омекнувачи за алишта може да предизвикаат алергии и со оглед на тоа што содржат голем број хемикалии, може да бидат штетни по здравјето, затоа направете сами домашен омекнувач за алишта.

Во производството на омекнувачи се користат мириси што се исклучително штетни, посебно за децата. Затоа при перењето на облеката, посебно на детските, најдобро е да го избегнувате омекнувачот.

Омекнувачите освен боја и мирис содржат и средтства за конзервирање, а еден од нив е и озлогласениот формалдехид што предизвикува алергии, па дури и рак, па тoкму затоа постои предупредување дека не треба да ја јадеме кората на лимонот. Но, досега никој не не’ предупредил дека не треба да користиме омекнувачи поради него.

Поради сето погоре наведено можеби би сакале да се свртите кон природата и самите да направите еден природен омекнувач. Состојките се мошне едноставни. Потребно ви е сода бикарбона и тоа онаа без алуминиум, вода, етерично масло и оцет.

Состојки:

100 грама сода бикарбона, 1, 5 до 2 дл топла вода, 800 мл алкохолен или јаболков оцет, Етерично масло (по желба) околу 20-тина капки

Постапка:

Земете поголем пластичен сад од 3 до 5 литри (поради тоа што состојките прават пена). Во садот измешајте ја водата, оцетот и содата. Бидете подготвени на хемиската реакција на овие состојки, ќе се направи многу пена.

Кога ќе се смири течноста, ставете ја во стаклен сад, што во иднина ќе ви служи само за омекнувач.

Додадете неколку капки етерично масло по желба, затворете го садот и добро протресете го.

Дополнителен совет:

Пред секоја употреба добро протресете го природниот омекнувач. Користете најмногу до четири лажици од смесата на секое перење.

Новинар го платил нajcкапото пиво во историјата: Еве колку му зеле од картичката за едно шише

Питер Лалор, спортски новинар од Австралија, бил шокиран и фрапиран после наплатената сметка за едно пиво во луксузен хотел во Манчестер, Велика Британија. Откако платил, сфатил дека останал без скршена пара на картичката.

Новинарот нарачал шише пиво во луксузниот Malmaison Hotel во Манчестер, но не можел ниту да сонува дека за истото ќе плати вртоглави 55.000 фунити. Лалор по натреварот во крикет за купот на Англија и Австралија на Олд Трафорд, отишол за да се види со колегите, спортски новинари, во хотелот во Манчестер.

-Кога го плаќав пивото со мојата картичка, немав очила, но забележав дека има проблем со ПОС-уредот, кој ми бараше двапати да ги внесувам моите податоци. Имав чудно чувство , па ја прашав келнерката колку платив за пивото, а таа ја погледна сметката и рече – Боже напомош!

Но, следното утро рано му заѕвонил телефонот на Лалор, му се јавила вознемирената сопруга. Таа забележала дека им недостасува огромна сума на нивната сметка за хипотека.

-Mожат да ги земат вашите пари за секунда, но не можат да ги вратат за помалку од десет дена. Не ми е пријатно да се будам секое утро со минус од 55.000 фунти на мојата сметка (околу 100,000 австралиски долари), рече тој за Гардијан.

Еден колега се шегуваше дека ми наплати пиво во Манчестер по цена како во Лондон, мислејќи на едно пиво што во познат паб чини 22,50 фунти.

-Мислам дека го платив најскапото пиво во историјата . Добро беше, но не 55,000 фунти добро”, рече Лалор , кој не ја изгубил својата смисла за хумор.

Искра Коровешовска нов главен уредник на ТВ Алфа

Искра Коровешовска преку Фејсбук соопшти дека е новиот главен уредник на ТВ Алфа.

–Од денеска мојата улога е одговорноста за вестите на Алфа телевизија. Главна да, но и најодговорни улога. Алфа има тим на луѓе кои вредат колку повеќе медиуми во едно, фантастични, професионални новинари! Сигурна сум ќе функционираме како тим – семејство кое ќе руши рекорди на гледаност! Алфа, тоа сме ние – напиша на Фејсбук Искра Коровешовска.

Диpeктоpoт пpaвеше гримacи зад премиерот Заев? (ВИДЕО)

Телевизија Алфа објавува видео на кое директорот на Градската општа болница 8ми Септември Кристијан Костов прави гримаси додека премиерот Заев зборува за оптимизам за законот за СЈО.

Линк до информацијата на Алфа ТВ овде

Славчо Попоски пpeдупpeдува: Големо невpeме доаѓа кон Македонија

Во следните часови најголем дел од државава ќе навлезе во жолта предупредувачка фаза, прогнозира Славчо Попоски, додавајќи дека не се исклучува можноста и за локални поплавувања.

-Под влијание на поизразено влажна и нестабилна воздушна маса уште во следните часови како и во текот на оваа ноќ, а особено утре, на многу места ќе има нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град, прогнозира Попоски.

Максималните дневни температури на воздухот за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 32 степени.