дома блог страница 3023

(Фото) Жителите на “Точила” молат за cпac eднаш засекогаш: “Аман нека се реши ова еднаш засекогаш”

До нашата редакција деновиве пристигнуваат низа дописи од жители на најголемата прилепска населба “Точила”.

Граѓаните се жалат дека во нивната населба врие од кучиња скитници, и дека не ретко се случува истите да нападнат некого.

Апелираат до надлежните кучињата да се згрижат и отстранат од парковите каде секојдневно играат деца.

“Проблемот не е од сега, но во последно време бројот на кучињата скитници во Точила е зголемен, а најопасно е во вечерните часови кога кучињата се загнуваат по минувачите. Аман нека се реши овој проблем еднаш засекогаш”, апелира еден од нашите читатели.

Новиот шеф на дипломатијата на ЕУ: Ако Кина, Индија и Русија не го признаат Косово, тоа нема да биде држава

Именуваниот шеф на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел вели дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина трае предолго, дека моменталната состојба не може да продолжи и дека мора да се постигне договор, нешто на што тој силно ќе се ангажира, а прво ќе ја посети Приштија, со оглед на тоа што Србија веќе добро ја познавал.

“Eдна работа е јасна: Косово и Србија мораат да постигнат договор. Тоа е важно. Ќе направам се’ што можам како би го исполнил овој приоритет”, вели Борел.

Борел пред надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент порачал дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина мора да биде продолжен.

“Косово мора да ги повлечи таксите, а Србија да се ангажира потполно во длабок и искрен дијалог”, оценил Борел.

На прашањето дали кредибилитетот и интегритетот на неговата политика во дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе бидат доведени во прашање, со оглед на тоа дека Шпанија не ја признава независноста на Косово, Борел вели:

“Иако земјите членки се разликуваат по тоа прашање, тие се обединети во својот ангажман за решавање на проблемот”.

“Ако Кина, Индија и Русија не го признаат Косово, Косово нема да биде држава. Затоа мораме да работиме за разговорите да продолжат”, порача Борел.

Тој заклучил дека ЕУ не може да биде “геостратешка сила”, доколку прво не ги реши проблемите во нејзиното непосредно опкружување.

Сугарески, по Врапчиште ќе оди ли Арачиново на средба со пилотите?

“Членот на ЦО на СДСМ, Горан Сугарески, денеска се сретна со жителите на Врапчиште.

На средбата беше истакнато дека државата е на прав пат и дека конкретните мерки кои ги презема власта носат подобар живот за сите”, пишува на Фејсбук страната на Социјалдемократскиот сојуз.

Останува прашањето, дали Сугарески по средбата во Врапчиште ќе се соочи и со “пилотите” од Арачиново?

Лашкоска: “Не посетувавте манастири вие од СДСМ, затоа не ги знаете проектите од културата во Прилеп” (Видео)

Реплика на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната седница на Собранието:

“Култура во Прилеп и СДСМ нула. Ако не ги продолжевте опожарените конаци со изградба за кој што проектот беше изработен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, брука и срам ќе беше и од граѓаните на Прилеп и од туристите кои од цел свет доаѓаат. Меѓутоа затоа што Социјал демократскиот сојуз, односно членовите не посетуваа манастири, дури сега не дојдовте на власт, можеби и не знаете дека немаше пристапен пат до тој манастир, кој го изгради ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, треба да ви кажам дека претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и во манастирот Св. Архангел Михаил, изгради и уште еден конак, источниот конак. Го изградивме и патот до манастирот во село Зрзе, ги реконструиравме и конаците, прекрасни конаци, добро е ако не сте ги посетиле да ги посетите”.

(Видео) Џиновска змија нападна туристи: Питонот започна да се качува по автомобилот, едвај се спасија

Туристите кои патуваа низ Балиито, северно од Дурбан, беа пресретнати од џиновска змија на патот.

Огромниот јужноафрикански питон запре неколку автомобили кои се движеа кон Мозамбик, пренесуваат медиумите. Штом колоната запре, змијата се сокри под чамецот кој го пренесуваа со автомобилот.

Кога туристите се обидуваа да ја извлечат змијата, таа се качи на нивниот автомобил. На крај успеаа да се извлечат и да избегаат.

Дечките од младинската организација при СОУ „Р.Р. Ричко” за „Неделата на детето“ ja разубавија градинката “Мирче Ацев” (Видео)

Членовите од Младинската организација при СОУ „Ристе Ристески – Ричко”, а воедно и ученици од графичката струка на 03.10.2019 беа во градинката Наша иднина „Мирче Ацев” и по повод „Недела на детето” со помош од вработените нацртаа повеќе детски игри.

„На површина поголема од 50 метри беа нацртани детски игри кои децата од градинката ќе можат да ги користат во нивното слободно време. Игрите беа од типот како: куцкамен, следење на линии, пикадо во скок и слично. Овие игри на децата од градинката можат да им помогнат и во подобрување на нивните математички знаења, поради тоа што повеќето од игрите имаат броеви кои треба да ги следат“, велат од Младинската организација при СОУ „Ристе Ристески – Ричко”.

Нејзиниот сопруг е еден од најмоќните лидери, а таа со часови пазареше на пазарот во Белград (Фото)

Eмине Ердоган, сопругата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, околу 16 часа мината во пазарување во Белград.

Додека нејзиниот сопруг имал разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставниците од БиХ, Емине се распрашувала за цените на боровниците, доматите, пиперките, компирите…

Сопругата на Ердоган повеќе од половина час ги шетала тезгите и разгледувала по продавници, а од пазарот си заминала со полни ќеси со производи.

Некои од продавачите биле шокирани кога луѓето кои биле со нејзе и објасниле дека се работи за сопругата на Ердоган, а една госпоѓа која продавала грозје, се обидела од Емине да дознае каков ќе биде расплетот на турската серија која се прикажува на српските телевизии.

“Кopпа”од СОНК за Владата? Следува ШTPAJK?”

Регионалните синдикални претставници се незадоволни од владиниот предлог, просветните работници да добијат 10 отсто покачување од април. Претседателот на СОНК, Неделков вели дека досега традиција било платите на наставниците да се зголемуваат или од први септември или од први јануари. Во моментов Владата, според него, сака да заштеди неколку месеци на сметка на просветарите – јавува ТВ “Сител”

-Па во воздухот струи незадоволство од понудените 10 отсто и особено од кога ќе почне имплементацијата. Тоа ние денеска многу конструктивно му го кажавме на министерот. Бараме од 1 јануари да биде зголемувањето на платата и со соодветно повисок процент. Се разбира дека тоа се наши првични сознанија како членството размислува, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Регионалните претставници велат, предлогот не е според барањата на синдикатот. Сепак, ја поздравуваат заложбата на министерот Адеми, и се оптимисти дека ќе најдат заеднички јазик.

Целиот прилог погледнете го ТУКА

“За Прилеп нема ни гpaдинка кажaa денecка од Владата? За друго да не ни помислувaaт прилепчани?”

Договор за изградба на пет градинки, денеска со Министерството за труд и социјална политика потпишаа општините Крива Паланка, Ѓорче Петров, Струмица Ресен и Боговиње, со вкупна сума од 228 милиони денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со градоначалниците го потпиша договорот, рече дека Владата поставила цел да го зголеми за 50 проценти опфатот на деца во предучилишно образование или да се постигнат 50 проценти од вкупниот број на деца во нашата држава да бидат вклучени во предучилишното образование за четири години.

Министерката потсети дека во август беа потпишани договори со општините Кавадарци, Неготино, Кочани и Кисела Вода и дека тие веќе се тендерирани како набавки за изградба на детски градинки кои, според неа, ќе бидат изградени наредната година.

-На листата имаме дополнителни општини коишто треба да ги исчистат своите проекти за да може да склучиме дополнителни договори и со нив и наредната година ќе има нов јавен повик. Секако сето ова е со поддршка на Светската банка, рече Царовска.

(Фото) Се случи и тоа! Путин одликуваше Американец: Космонаутот Ник Хејг доби највисоко признание за храброст

Рускиот претседател Владимир Путин денес го одликуваше американскиот космонаут Ник Хејг со орден за храброст, шт ое едно од највисоките руски одликувања.

Во указот на Путин се наведува дека Хејг (44) е награден за “храброст и високо ниво на професионализам” во опacни услови за време на минатогодишнешното неуспешно лансиpaње на pakeтата “Сојуз” со космодром во Бајконур, Казакстан.

Pakeтата која требаше да стигне до Меѓународната вселенска станица беше управувана од Хејг и рускиот космонаут Алексеј Овчињин, се распадна за неколку минути по полетувањето. Ова беше најголем неуспех на руската вселенска програма од распаѓањето на Советскиот сојуз до денес.