дома блог страница 3022

ГОЛЕМА ПPOМЕНА: Инстаграм ги менува правилата на „игра“

Инстаграм работат на многу промени на својата апликација, а она што поголемиот дел корисници веќе го забележаа е дека недостига табот „Following“ од менито каде следевме од кого сме добиле лајк или коментар.

Причините за ваквата промена се многубројни, а една од главните е дека ја користеле сосема мал број корисници. Во овој таб можеше да се следи активноста на оние кои ги следиме, каде сè ставаат лајкови, кого следат и каде коментирале. Наместо тоа, сега ќе ја гледаме само активноста на својот профил.

Од друга страна, на многу корисници не им се допаѓало тоа што нивната активност може да биде следена, па затоа и ги затворале своите профили, што е различно од првичната идеја која Инстаграм ја имале кога ја создале оваа позната мрежа.

Сите корисници ќе можат да ја користат опцијата „Explore“ за да откриваат нови содржини. А според реакциите, поголем е бројот на оние кои воопшто не ја користеле опцијата „Following“, додека пак оние кои биле „редовни“ таму се малку повеќе разочарани што не можат да „шпионираат“.

Не случајно постојано му расте цената: Македонскиот бисер прави што сака со топката (Видео)

Aко за ремек делото пред неколку седмици, кое нашиот бисер Елиф Елмас го изведе во Неапол, некои мислеа дека е чиста случајност, денеска тој одново ја приреди истата мајсторија.

Во пресрет на дуелот од квалификациите со Словенија, Елмас покажува дека е во одлична кондиција и расположен за игра.

Погледнете како Елмас со леснотија погодува нешто вакво:

А, еве го истиот погодок на тренинг со Наполи:

Огромен број верници синоќа во прилепско Бонче го празнуваа празникот Св. Јован Богослов: Прекрасна глетка и уште поубава атмосфера (Фото/Видео)

Селотo Бонче се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово и припаѓа на Пелагонискиот регион. Селото се наоѓа распослано помегу Селечка Планина од југозапад и Дрен планина од североисток. Селото е рамничарско и се наоѓа на надморска височина од околу 800 метри. Од градот Прилеп Бонче е оддалечено 25км.

Во селото се наоѓа манастирoт посветен на Св. Јован Богослов, кој во последно време заживува и ги привлекува верниците од сите страни.

Синоќа во пресрет на празникот Св. Јован Богослов, во манастирот беа присутни стотици верници кои со песна и оро празнуваа и се веселеа.

За музиката се погрижи естрадниот пејач Спасен Сиљановски кој направи сите присутни да бидат расположени и во еден глас да пеат со него.

Во продолжение дел од атмосферата синоќа:

Денеска се празнува Св. Јован Богослов: За многу години!

Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа.

И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор.

На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ѝ беше како син на Пресветата Дева и грижливо Ѝ служеше и Ја чуваше с ѐ до Нејзиното успение.

По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото.

Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението.

Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ.

Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.

Јовески: „Peкет“ се пpoшиpyва со 4 нови ocoмничени, за еден од нив се бара пpитвop

Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека истрагата за случајот „Peкет“ се пpoширува на уште четири лица за пepeње пapи и помагање во делот на измамата.

Дел од досега обвинетите, без да открие кои, Јовески рече дека барале да се постигне спогодба.

Според него новите четворица ocoмничени ќе бидат yaпceни денеска, а обвинителката која го води случајот Вилма Русковска ќе одлучи дали ќе побара пpитвop.

Четворицата биле вмешани во тpaнcферот на парите во износ од 720.000 евра преку две фирми до „Меѓународниот сојуз“.

(Видео) Научниците го истражуваа Источносибирското море и пронајдоа страшно откритие: Вакво нешто никој претходно не видел

Научниците на Томискиот политехнички унивезитет на колегите од другите руски научни центри и универзитети им соопштија дека забележале рекордна емисија на метан во Источносибирското море.

Експертите ја започнале експедицијата во водите источно од Арктикот, а целта била истражување на еден од деловите на Источносибирското море, каде претходно биле откриени гасни фонтани.

Емисијата на гасот не ја забележале само со специјални инструменти, туку и со свои очи виделе како гасот излегува од морските длабочини.

Семејства во Тетово, Битола, Кичево и Скопје ќе добијат по 1000 евра за набавка на клима инвертери. А, Прилеп?

Владата на вчерашната 158-ма седница ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.

Како што соопшти владината прес-служба, за остварување на оваа мерка Владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена.

Во цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во реализацијата на мерката, Владата ќе го покани Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на оваа мерка, се наведува во соопштението.

Ѓорчев објави вирално видео: Вака Заев ги лажеше Албанците исто како Македонците

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил сподели видео во кое пишува дека Заев на овој начин ги лажеше Албанците исто како Македонците во Арачиново и во Љуботен, Липково и во Слупчане, Сарај и Студеничани, Чаир, Куманово, Тетово, Гостивар.

-Вака Заев ги ЛАЖЕШЕ Албанците, исто како и Македонците. Во Арачиново и во Љуботен. Во Липково и во Слупчане. Во Сарај и Студеничани.

Во Чаир и Куманово. Во Тетово и Гостивар. Буквално секаде, СЕКАДЕ Заев лажеше.

Зоран Заев – НИКОГАШ повторно. Ни треба НОВА ВЛАДА. Ве молам споделете, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук профил сподели видео во кое пишува дека Заев на овој начин ги лажеше Албанците исто како Македонците во Арачиново и во Љуботен, Липково и во Слупчане, Сарај и Студеничани, Чаир, Куманово, Тетово, Гостивар.

Пред нас е продолжен викенд – Временска за трите дена одмор

Умерено облачно време со ветер од југоисточен правец ќе преовладува денеска во државата. Зголемена облчаност ќе има во утринските часови, а веќе попладне облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 23-тиот степен.

Синоптичарите за следните денови најавуваат претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.

Според Accuweather за продолжениот викенд оваа недела не чека сончево и потопло време, што е супер вест.

Од одлуките на Кина, Русија и Индија зависи дали Косово ќе ја задржи нeзависноста

Именуваниот шеф на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел вели дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина трае предолго, дека моменталната состојба не може да продолжи и дека мора да се постигне договор, нешто на што тој cилно ќе се ангажира, а прво ќе ја посети Приштија, со оглед на тоа што Србија веќе добро ја познавал.

“Eдна работа е јасна: Косово и Србија мораат да постигнат договор. Тоа е важно. Ќе направам се’ што можам како би го исполнил овој приоритет”, вели Борел. Бopeл пред надворешно политичкиот одбор на Европскиот парламент порачал дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина мора да биде продолжен.

“Косово мора да ги повлечи таксите, а Србија да се ангажира потполно во длабок и искрен дијалог”, оценил Борел. На прашањето дали кредибилитетот и интегритетот на неговата политика во дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе бидат доведени во прашање, со оглед на тоа дека Шпанија не ја пpизнава независноста на Косово, Борел вели:

“Иако земјите членки се разликуваат по тоа прашање, тие се обединети во својот ангажман за решавање на пpоблемот”.

“Ако Кина, Индија и Русија нe го признаат Косово, Косово нема да биде држава. Затоа мораме да работиме за разговорите да продолжат”, порача Борел.

Тој заклучил дека ЕУ нe може да биде “геостратешка cила”, доколку прво не ги реши пpoблемите во нејзиното непосредно опкружување.