“Кopпа”од СОНК за Владата? Следува ШTPAJK?”

Регионалните синдикални претставници се незадоволни од владиниот предлог, просветните работници да добијат 10 отсто покачување од април. Претседателот на СОНК, Неделков вели дека досега традиција било платите на наставниците да се зголемуваат или од први септември или од први јануари. Во моментов Владата, според него, сака да заштеди неколку месеци на сметка на просветарите – јавува ТВ “Сител”

-Па во воздухот струи незадоволство од понудените 10 отсто и особено од кога ќе почне имплементацијата. Тоа ние денеска многу конструктивно му го кажавме на министерот. Бараме од 1 јануари да биде зголемувањето на платата и со соодветно повисок процент. Се разбира дека тоа се наши првични сознанија како членството размислува, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Регионалните претставници велат, предлогот не е според барањата на синдикатот. Сепак, ја поздравуваат заложбата на министерот Адеми, и се оптимисти дека ќе најдат заеднички јазик.

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.