“За Прилеп нема ни гpaдинка кажaa денecка од Владата? За друго да не ни помислувaaт прилепчани?”

Договор за изградба на пет градинки, денеска со Министерството за труд и социјална политика потпишаа општините Крива Паланка, Ѓорче Петров, Струмица Ресен и Боговиње, со вкупна сума од 228 милиони денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со градоначалниците го потпиша договорот, рече дека Владата поставила цел да го зголеми за 50 проценти опфатот на деца во предучилишно образование или да се постигнат 50 проценти од вкупниот број на деца во нашата држава да бидат вклучени во предучилишното образование за четири години.

Министерката потсети дека во август беа потпишани договори со општините Кавадарци, Неготино, Кочани и Кисела Вода и дека тие веќе се тендерирани како набавки за изградба на детски градинки кои, според неа, ќе бидат изградени наредната година.

-На листата имаме дополнителни општини коишто треба да ги исчистат своите проекти за да може да склучиме дополнителни договори и со нив и наредната година ќе има нов јавен повик. Секако сето ова е со поддршка на Светската банка, рече Царовска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.