дома блог страница 3024

(Видео) ГРУБИ ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕВ „ЛУПAЛ ГЛУПOCTИ“: Заев бил политичар кој често се извинyвaл и лyпaл глyпocти

Ниту една цена за имплементација на некој закон не е поголема од цената на мирот и добрите меѓуетнички односи, а зaконoт за јазици тоа го носи. Ова вчера го изјави пратеникот на ДУИ Артан Груби за драфт мислењето на Венецијанската комисија за законот за употреба на јазиците.

Денеска за оваа изјава премиерот Зоран Заев запрашан од новинарите кое е неговото мислење, односно дали со законот за јазици невистина го обезбедува мирот во државата, Заев затекант од кажаното од страна на Груби рече дека политичарите понекогаш знаат и да лупаат глупости.

Само неколку часа по навредливата изјава пратеникот Артан Груби експресно му возврати на премиерот потенцирајќи дека Заев зборува за него.

– Очигледно изјавата на премиерот се однесува на него, затоа што зборува за себе. Сметам дека тоа е момент на саморефлексија и на зачестена самокритика којашто често е проследена со извинување. Лично сметам дека тоа е доблесна особина на саморефлексија и самокритика – вели Груби.

Стевананџија: “Ќе се гради ли нов аеродром во Арачиново?” (Видео)

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната седница на Собранието дискутираше за нивото на капитални инвестиции реализирани од Владата за оваа година кои изнесуваат 27%.

Тој им порача на пратениците од мнозинството дека треба да се сконцентрираат на ветувањето за вработување на 300 пилоти од општина Арачиново.

“Како што сте ветувале, сега треба да најдете пари од буџетот и да им го реализирате ветувањето. Ја не можам да се согласам со вас дека успешна е онаа Влада која што успеала со своите министри да направи реализација на капиталните инвестиции од 27%. Нема таква Влада која што се гордее со 27% реализација на капиталните проекти”, истакна Стевананџија.

Со срце за Дејан: Утре во Прилеп поетите, писателите и уметниците организираат два хуманитарни настани за малиот Дејан Најдоски

Меѓународна хуманитарна поетска манифестација „СО БОСОНОГАТА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА – 2019” со мото „ПОЕТИТЕ, ПИСАТЕЛИТЕ и УМЕТНИЦИТЕ во ХУМАНИТАРНА МИСИЈА” посветена на лицата со Аутизам и Мултиплекс склероза.

Секој со своето присуство како гостин или учесник во програмата станува дел од хумантарната манифестација и дава еднаков придонес за спроведување на хуманитарната акција за собирање парични средства за лечење во странство
на ДЕЈАН НАЈДОСКИ од Прилеп! Бидете хумани, добредојдени сте!

За малиот херој од Прилеп, кој боледува од аутизам и кој досега помина два третмани со матични клетки во Турција, потребни се уште два нови зафати.

Во Прилеп ќе се одржат два хуманитарни настани, и тоа:

09-ти Октомври, Плато Саат Кула, 12,00 – 14,00 часот – ДОНАТОРСКА АКЦИЈА со продажба на книги и парични прилози

09-ти Октомври 2019, од 18:00 – 20:00 ч. – Кино „Мис Стон”

од 18:00 – 18:30 ч. Хуманитарна акција;

од 18:30 – 20:00 ч. Поетско – музичка вечер

Домаќини на Манифестацијата – Клуб на литературни творци од Прилеп

Учесници во програмата и дел од хуманитарната мисија се уметниците: Поети и писатели од Македонија, Корисниците на Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско”, Танцов клуб „Темпо”, Тајфата и Димитар Андоновски, Филип Николоски, КУД „Моминок”

Организатор: Ружа Спасовска

Синдикатот на културата пpoтecтиpaше и пред Влада ја отпеаја „Хopoт на пopoбените Евpeи“

Синдикатот на културата (СКРМ) денеска одржа протестен марш за нов колективен договор во културата. Протесниот марш е последно предупредување пред најавениот штрајк.

СКРМ ги повика сите вработени во културата, културни работници и останати, солидарно да се приклучат кон барањата за регулирање на работните односи во културата после цели 14 години откако е потпишан последниот колективен договор.

-Изминуваат 14 години од последниот општ колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници – велат од СКРМ.

Маршот почна од паркот „Ибни Пајко“ (во кругот на НОБ, Филхармонија и Даут-пашин амам), ќе продолжи кон зградата на Владата и заврши пред Министерството за култура. Пред владата тие ја отпеаја „Хорот на поеробените Евреи“ од операта „Набуко“ на Верди.

Колективниот договор и Законот за јавен интерес во културата беа посочувани како приоритети од страна на Министерството за култура, но сè уште не се гледа нивно финализирање.

Законот требаше да биде усвоен одамна и со него да се решат проблемите во работниот однос со што ќе се постави солидна правна основа за потпишување нов општ колективен договор во културата.

Стевананџија: Во која ставка со ребалансот е предвидена обука на пилоти за 300 лица од Арачиново

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија посочи дека има вчера имаше едно скандалозно ветување од премиерот Заев дека само од Арачиново ќе имало вработено 300 пилоти без друг помошен технички персонал на пример стујардеси или механичари.

-И бидејќи добро го разбирате буџетот сакам да ве прашам во која ставка со ребалансот е предвидена обука за овие 300 лица од Арачиново, или пак во другите населени места низ Скопје како што им било ветено на тие 300 луѓе кои што се надеваат дека треба да егзистираат како пилоти, запраша Стевананџија.

Стевананџија замоли да се одговори на ова прашање, каде се тие средства, колку се и од кога започнува обуката, за да можат овие луѓе да се пофалат дека тоа што им е ветено е реализирано.

ПРИJABИЛ KPAЖБА ВО СОПСТВЕНИОТ ДОМ: Полициjaта откри дека синот го „олecнил“ за 5 милиони

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште.

Од полицијата информираат дека ќе биде изготвен соодветен поднесок против неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.

Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари.

Падна првиот снег во Македонија: Еве каде синоќа вееше (ФОТО)

Првиот снег синоќа го обели врвот Пелистер, а од националниот парк објавија и фотографии:

Кајмаковски среде Белград направи двоглав орел и ги збecна Сpбите: Вели дека немал поим дека се работи за албански симбол

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски покажа со рацете двоглав орел во центарот на Белград на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“! Пејачот пред излегување на сцена со рацете го направил злогласниот симбол и така позирал на фото репортерите со што ја испровоцира цела Србија.

Работата да биде полоша, Кајмакоски стана познат и кариерата ја направи токму во Србија. За него веројатно никој немаше да чуе доколку во 2014 година не победи во српската веризја на Икс фактор. Тогаш ментор му беше Жељко Јоксимовиќ, кој со него сними и дует.

Даниел сега и се „заблагодари“ на Србија, покажувајќи го злогласниот симбол на голема Албанија.

Меѓутоа во продукциската куќа Емоушн, која го продуцира ТЛЗП, велат дека не гледаат ништо спорно во потегот на Кајмакоски.

Нашите шоу програми се од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да помислевме дека овде станува збор за тоа, веднаш ќе реагиравме, како што порано сме правеле – порачува сопственикот на Емоушн, Горан Стаменковиќ.

Кајмакоски за Информер тврди дека не знаел дека со рацете го покажува срамниот албански симбол.

Им ги покажував на фотографите своите намачкани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради се – изјавил Кајмакоски.

Неговата поза наиде на негативни коментари од страна на сите граѓани на Србија.

Во регионот пристигна зимата – измерени минус 4 степени

Наместо есенски, се чини дека прво пристигнаа зимските температури, па така на Бјелашница денеска беа измрени минус 4 степени Целзиусови.

Во остатокот од Босна и Херцеговина е над 2 степени.

Сараевските метеоролози предупредуваат дека метеопатите може да почувствуваат мали потешкотии во утринските часови, претежно поради студеното време, зголемената облачност и појавата на магла.

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и свежо време. Температурите ќе се искачат до максимални температури од 20 степени.

Во следните три дена се очекува температурите да растат но во среда се најавуваат студени утра со пад на температурите и до нула.

Во среда се очекува малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер од денес со максимални дневни температури од 16°С до 23°C.

Патник зacпал во такси, па се paзбудил на другиот кpaj од земjaта – cметката била acтpoномcка

Шкот од Единбург влегол в такси, заспал, па се разбудил на друг крај од Шкотска, нему сосем непознат.

Човекот во пет часот изутрина излегол од дискотеката близу својот дом и требало да мине само три километри. Наместо тоа, возачот дури по 180 километри возење, забележал дека клиентот му заспал, па го разбудил.

Сметката од тоа возење била 400 фунти (околу 450 евра).

Тогаш, заспаниот патник сфатил дека не знае каде се наоѓа, па со помош својот мобилен и повеќе автобуси, трамваи и возови, по седум часа се вратил во Единбург.