дома блог страница 2971

“Мовче од 500.000 евра во Македонија изгледа вака?” (Фото)

Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски склучија договор за реконструкција и доградба на мостот над градската река на улица “Трајко Николоски” во населбата “Сточен пазар”.

Договорот чини неверојатни речиси 500.000 евра или 29.999.140 денари.

Иако овој проект помпезно беше најавуван од локалните власти, според фотографиите кои ги добивме на терен не се одвиваат градежни работи.

Героски: Што сака да биде Заев – премиер, обвинител, Шерлок Холмс или Зоран Буревесник Божиновски?

Да се изнесе аподиктичен суд директно од собраниската говорница, за случај кој е во истрага („Рекет 2“), од страна на премиер кој е највисок претставник на извршната власт, која не смее да се меша во работата на правосудните органи, значи не само елементарно непочитување на системот на поделба на власта, не само обид да се изврши влијание врз истрагата од позиција на политичка моќ, туку и нешто многу пострашно – тоа значи дека премиерот се обидува лично да ја менаџира истрагата во сите нејзини фази, што е поведение за кое сигурно ќе биде жестоко опоменат од нашите европски партнери, анализира новинарот и главен уредник на порталот „Плусинфо“ Бранко Героски.

Во продолжение Ви пренесуваме дел од колумната на Героски:

После сѐ, не разбирам зошто Заев толку безглаво ризикува, зошто повторно се обидува да игра „ол ин“ без адути во ракавот и зошто воопшто се плетка во работи кои не се негов прерогатив. Зошто не може да каже – простете, јас сум премиер, а прашањата што ги поставувате се однесуваат на истражна постапка, обратете се кај надлежните органи. Начинот на кој Зоран Заев се обидува да „дисеминира“ наводи за криминални и корупциски зделки потсетува на начинот на кој тоа го прави Зоран Буревесник Божиновски. Но, еден контроверзен новинар може да си земе таква слобода, да изнесува аподиктични судови, да „пресудува“ практично, да ги интерпретира фактите слободно, понекогаш и пристрасно. Но, првиот човек на една влада не може да си дозволи такво поведение.

За која позиција сега се натпреварува кутриот Заев, што сака да биде тој после овие избори? Премиер? Обвинител? Шеркол Холмс? Или Зоран Буревесник Божиновски?

ПС. Кога веќе го спомнувам Божиновски, уште еднаш апелирам до Заев да си направи услуга и да се откаже од тужбата кон новинарот. Оти ќе биде, како што викав Кумановци, више дара него масло…

Целата колумна на Плусинфо.

12 медали во еден викенд за џудистите од “Сеишин”: Викендов покрај во Прилеп се натпреваруваа и во Србија (Фото)

Викендов Џудо Клубот Сеишин имаше повеќе активности како на домашен така на меѓународен план. Имено активностите започнаа во петокот на 01.11.2019 кога еден дел од членовите на Сеишин Прилеп заедно со тренерот Дејан Мицкоски беа на гости кај збратимениот џудо клуб Џунс во Нови Сад, каде се одржа заеднички тренинг под раководство на Проф. Др. Славко Обадов (9 Дан) и Дејан Мицкоски (2 Дан).

Веднаш потоа Сеишин на 02.11.2019 на покана на Џудо Федерацијата на Војводина, зеде учество со 7 натпреварувачи на Меѓународниот турнир ” 1 – Меморијални турнир Великана Војводине” . На овој Турнир учество зедоа над 700 натпреварувачи од околу 55 клубови од 7 држави.

Членовите на Сеишин на овој високо квалитетен и исклучително тежок турнир успеаа да освојат 4 бронзени медали во кадетска конкуренција од кои Теодора Димеска и Ема Димитријоска во категоријата до 48кг, Марија Талеска до 52кг и Јован Најдоски +90кг се закитија со бронзениот медал.

Сите 7 натпреварувачи се вратија со големо искуство од овој турнир. Исто така друг дел од членовите предводени од мајстрите Чадамов и Ѓураков настапија на турнирот кој се одржа во Прилеп “Прилеп Oпен 2019”. Таму се освоени 8 медали – 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени.

1.Борис Џагадуроски 1 место, 2.Теа Настоска 1 место, 3.Марио Цинцароски 2 место, 4.Никола Магдески 2 место, 5.Димитри Џокоски 2 место, 6.Петар Врглески 3 место, 7.Стефан Врглески 3 место, 8.Андреј Сотироски 3 место.

Останатите кои не се закитија со медал покажаа одлични и фер борби.

Нова фотографија од “европски” Прилеп

Нова фотографија од “европски” Прилеп кој чекори по “прав пат”….

Фотографијата ни ја испрати наш читател, а е направена пред СОУ “Орде Чопела” во Прилеп.

Рецепт на денот: Салата „Витаминска бомба“

Почетокот на есента ја носи сезоната на настинки и вируси.

Заштитете го организмот и зајакнете го имунитетот со оваа есенска салата полна со витамини:

Потребно е:

250 г цвекло

150 г рукола

100 г сирење

2 шаки јаткасти плодови (ореви, бадеми или лешници)

100 г листови млад спанаќ

2 лажици јаболков оцет

2 лажици маслиново масло

сол и бибер

Подготовка:

– Цвеклото измијте го убаво и сварете го. Оставете го да се излади, излупете го и исечете го на коцки.

– Убаво измијте ги листовите спанаќ. Јаткастите плодови исецкајте ги на помали парчиња. Исто и сирењето исечете го на коцки.

– Во еден сад ставете ги оцедот и маслиновото масло и изматете ги со вилушка. Додадете сол и бибер, по вкус.

– Во чинија за сервирање ставете ги сите состојки и на крај прелијте ги со подготвениот прелив.

Со бројни концерти, претстави и изложби Домот на култура “Марко Цепенков” ќе прослави 40 години од основањето

Со премиерата на најновиот филм на Милчо Манчевски „Врба“ вечерва 4.11.2019, НУЦК„Марко Цепенков“, а ќе трае до среда вечер, ги започнува активностите за одбележување на 40 години од основањето на ДОМОТ НА КУЛТУРАТА.

Цел месец активностите ќе бидат во знакот на роденденот. Ќе се одржат бројни концерти, претстави, изложби. Меѓу позначајните ќе ги споменеме изложбата „Фрагменти“ од скулпторот Жарко Башески, пијано маратон, концерт на солисти „Амбасада на мајсторство„ од Санпетербуршката школа од Русија, премиера на претставата за деца „Ивица и Марица“, како и концертот на 14-ти ноември, а ќе настапат бројни изведувачи од градот, кога ќе ја одбележиме 40 годишнината.

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп, го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Домот на културата “Марко Цепенков“ својата дејност ја започнува во далечната 1979г.. Отворањето било со специјално подготвената театарска претстава “Факел“ од Коце Солунски.

Во почетокот Домот на културата ги потикнуваше аматерските самодејности : фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.

Во 90-те години во склопот на Домот на Културата влегуваат КПЗ на град Прилеп, Списанието за литература, уметност и култура “Стремеж“ и ЦСЛУ.

И Домот на културата “Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп со професионална и значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност.

ЦК“Марко Цепенков“ во 2004 г. го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ и во нејзини рамки влезе дотогаш Народниот театар “Војдан Чернодрински“

Необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во Домот на културата, кој е голема подршка за сите аматери од градот, но пред се голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела.

За својата исклучително значајна културна дејност како и за извондредните пред се театарски и музичко сценски изведби во 2009г. НУЦК“Марко Цепенков“, и Домот, ја доби најпрестижната награда на град Прилеп “3-ти Ноември”.

(Видео) Русите не успеале да го фатат: Тој бил најдобриот соработник на Хитлep

Рајнхард Хајдрих во 1936 година бил првиот човек на Гecтапо, а Хајнрих Милер бил неговиот шеф на операција. Откако речиси целосно ја уништиле опозицијата, Милер во 1937 година бил унапреден во полковник и конечно станал член на нацистичката партија во 1939 година, на инсистирање на Хајнрих Химлер.

Во 1939 година Хитлep барал изговор за напад на Полска, па затоа Химлер, Хајндрих и Милер измислиле лажен напад, користејќи затвореници како пиони.

Иако затворениците сметале дека ќе добијат помилување по оваа операција, Милер им вбризгал cmpтоносна инјекција. Тоа ја оправдало германската инвазија на Полска, која го означила започнувањето на Втора светска вojна.

Милер станал генерал-поручник на полицијата во 1941 година, а освен шпионажа учествувал и во оркестрирањето на конечното решение за еврејското прашање.

Како десна рака на Хајндрих, еден од главните архитекти на xoлоkayстот, Милер помагал да се организира депортацијата на 10.000 Евреи како би се донело крајното решение.

Милер го известил Фирерот дека нема да дозволи Русите да го уапсат и од тој момент никој повеќе не го видел.

(Видео) Ова се милијардерите во сенка: Заработуваат многу пари, а јавноста ги знае само нивните иницијали

Семејството Ван дер Ворм е едно од најбогатите семејства во светот, кое својот живот го крие далеку од очите на јавноста. Тоа данско семејство изградило свое царство низ „Holland America Line”, линијата за крстарење која ја продале на фирмата „ Карнивал“ во 1988 година за тогаш неверојатни 625 милиони долари.

А, во 2019 година ќе заврши во плус од скоро 4 милијарди долари. Но, нејасно е каде точно ќе завршат тие пари.

-Семејството би можело да ги користи за исплата на дивидентата на десничарите, повторно вложување во нешто друо, пензии или дури филантропија – рекол за Блумберг аналитичарот Тијс Беркелдер. Иако „Бизнис инсајдер“ испратил писмо до семејното трговско друштво ХАЛ со прашање за работата и одредиштето на парите, неговите претставници одбиле да коментираат. Аналитичарите откриваат дека ХАЛ и Ван дер Ворм се необично таинствени околу својата работа, но и воопшто околу своето богатство и имот, па никогаш во јавност не ги кажуваат тие информации.

Она што е интересно дека ниту еден јавен документ не открива имиња на членови на семејството – туку исклучиво нивни иницијали. Единствена работа која во јавноста е позната за нивните финансии успеала да се дознае од документи кои дошле после „испливување на информации“ од адвокатска фирма во 2016 година.

Тогаш се откриле финансиите на 12 водечки земји, 128 политичари и 29 милијардери на листата на Форбс, објави Блумберг.

От тие информации се дозна дека ХАЛ имале свое седиште во Курасао, холандско-карипски остров познат по ниските каматни стапки поради што е попларен за богатите странци.

Најуникатната реклама во Македонија: Еве каде се наоѓа (Фото)

На социјалните мрежи се шири фотографија од светлечка реклама на маркет во село Волино во општина Дебрца.

“Мојата мајка мојата земја златна Македонија”, пишува на рекламата, а покрај натписот има и јака декорација.

Инаку селото Волино е токму познато по ваквите натписи и по бројните знамиња со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

(Видео) ПОЧНАА ДА СЕ KAPAAТ СО HEЗАДOBОЛНИТЕ ГРАЃАНИ: Сугаревски се скapa со земјоделец во живо на емисија

Власта почна да се рапсправа со незадоволните граѓани кои своето незадоволство од нивните политики отворено го искажуваат. Министерот за транспорт и врски во емисијата Стадион на Канал 77 се скара со земјоделец од Могила за неостварено ветување за изградба на пат. Граѓанинот е незадоволен поради како што вели тоа што Сугаревски се сликал дека започнала изградбата на патот, за потоа 10 дена ниту една машина да не работи на патот. Слушнете што се случуваше:

Извор: “Инфомакс”