дома блог страница 2972

(ФОТО) Комити “вoopyжани” до заби со сонциња од Кутлеш: Вардар стигна до четвртата победа

После двата порази од Кил и Веспрем, Вардар синоќа во салата “Јане Сандански” стигна до четвртата победа во Лигата на шампиони против Брест Мешков со 36:31.

Со овој триумф вардарци се искачија на второто место од табелата во групата Б.

Ветар во грбот на црвено-црните како и секогаш беше навивачката група “Комити” кои традиционално дојдоа “наоружани” со голем број знамиња со сонцето од Кутлеш.

Малиот 13-годишен Танци од Прилеп нема топол дом, ја минува ноќта каде ќе стигне

На страната ПрилеП4анец се појави стату кој првлече големо внимание а во истиот се вели:

Момче од 13 години, не спие во топол дом, ја минува ноќта кај што ќе стигне низ центарот на Прилеп и чека да се раздени, оти полесно е кога е ден. Чаршиските луѓе го знаат како Танци, така се преставува. Се запознавме сношти кај паркот до градската општина, му пријде на моето друштво за да побара од нас 10 денари.

После тоа отидовме на тост. Почна мачно да ги јаде четвртинките и застана. Ми рече дека не може да јаде. Го прашав зошто не може, но не знаеше да ми одговори јасно. Ми рече дека тешко му е.

– Што ти е тешко ? – прашувам.

– Ме боли – ми вели.

– Што те боли ? – го прашувам.

– Се ме боли – одговара и покажува со раката на градите.

– Од кога така ? – прашувам.

– Не знам, тешко ми е да дишам – вели.

Приметувам дека исплукува по неколку пати во минута.

Не треба да си стручен за да заклучиш дека градите му се полни со шлајм. Деновиве е се поладно а тој спие на отворено, очигледно е дека детето е болно. Го прашувам дали бил на лекар, ми ја врти главата и наивно бара од мене да му кажам дека утре кога ќе се раздени ќе му помине болката, ќе биде се во ред. Не можам ништо да му кажам. Тргнуваме кон Тејк Фајв, а таму свирка во живо, забава, наидуваме на околу 30-40 луѓе пред клубот. Танци ги гледа и почнува да го прави истото, да бара 10 денари од нив. Некои ќе се пошегуваат со него и тој со нив, други ќе го избркаат, трети ќе го изигнорираат или ќе го осудат. И така го снема меѓу луѓето детето.

После ова само се наметнува прашањето, какви сме тоа ние ?

Во 21 век во Прилеп има деца што спијат на улица болни и гладни, па не сме Њујорк или Уганда, па да имаме иљадници деца на улица, Прилеп е ова луѓе сите се знаеме повеќе или помалку. И тие што работат во институции, и чаршиски мангупи, и дуќанџии, и милионери, и уметници, и полицајци, иселеници, рокери, фолкери, сите се знаеме мало место е ова, тоа е јасно, но не знам само дали сме толку мали во срцата, и толку слепи во очите.

Танци е прилепчанец и му треба помош од прилепчани. Му треба некој да го ислуша, некој да го прегледа, некој да го стопли, некој да го праша што сака да биде кога ќе порасне, некој да се грижи за него дури е дете, некој да му ги кажи правата, некој да биде човек со него. Најдете начин за тоа, и помогнете му на детето – ве молам ?

Некогаш Победа туркаше рекорди, oва е најновиот резултат

Вчера во Струмица на стадионот ,,Благој Истатов,, во натпревар од 11-тото коло на првенството на Втората лига-Исток, фудбалерите на Победа претрпеа минимален пораз од аспирантот за највисок пласман-домашната Беласица со 1-0. Повторно, како и на такаречи сите гостински натпревари оваа есенска полусезона, прилепчани скоро перфектно функционираа во дефанзива.

Блокот во најголем дел беше на висина на задачата, за што може да се рече дека најголем дело од играчите заслужуваат пофалби за дефанзивниот дел од нивните обврски. Но она што е веќе карактеристика на Победа е неинвентивноста кога е во прашање креирањето на офанзивни акции. Скоро па и да ги нема. Денес имаше неколку ситуации од противнапади кога најпрвин Митрески не искористи зицер во 9-тата минута-најубавата и единстцвена зрела шанса за Победа.

Потоа прилика имаше и Каралиоски, по асистенција на Наумоски, а во самиот финиш со глава, во судиското надополнување, со глава биеше Колевски но во домашниот голман. По водството на домашните во 60-тата минута преку Милушев(примен гол во иста минута како и на минатонеделниот меч со Саса), Победа се отвори. Во игра влегоа напаѓачите Гешоски и Ристески, но поради невнимателноста и може да се рече глупоста-удирање на противнички играч црвен картон доби Вецески, па со играч помалку на теренот беше многу потешко посериозно да се загрози домашниот гол.

На крајот пораз и на 6-тото гостување оваа по коа Победа и натаму е единствен тим во шампионатот без гостински бодови. Мора да се потенцира одличното деби во сениорска конкуренција на младиот 17-годишен голман Антониот Столевски, кој беше сигурен меѓу стативите, одбрани зицер на Мирчевски во 40-тата минута и несомнено претставува голема перспектива на црвено-белиот тим, заедно со вториот 17-годишник во почетниот состав Јошески. Поради повреди Мегленски на денешниот меч не можеше да смета на Д.Наумоски, Д.Спиркоски и Магловски, а поради издржување на казна во младински категории во комбинација не беше и третиот 17-годишник Дебрешлиоски.Во почетните 11 денес имаше 6 младинци(под 21 година) а на клупата од 7-мината резерви 6-мина беа младинци.

Победа:Столески, Петровски, Најдовски (од 75 мин Димитриески), Дамевски, Колевски, Вецески, Дунимаглоски, Јошески (од 55 мин Ристески), Каралиоски (од 66 мин Гешоски), Б.Наумоски и Митрески.

Резултати 11 коло: Беласица-Победа 1-0, П.Гули-Каменица Саса 0-2, Кожуф-Кит Го 0-2, Плачковица-Тиквеш 1-1 и Осогово-Брегалница 1-2.

Табела: Беласица 25, Брегалница 24, Кожуф 23, , Тиквеш и Кит-Го по 21, Каменица Саса 16, Плачковица 11, Победа 7, Осогово 6 и П.Гули 3 бодови.

Двојки за следно 12 коло: Победа-Кожуф, Каменица Саса- Беласица, Кит Го-Плачковица, Тиквеш-Осогово и Брегалница П.Гули.

(Фото) Повторно светна сонцето од Кутлеш: Ристо Димитров-Чурино го освои појасот на “Барбер фајт 3”

Македонскиот “титан” Ристо Димитров-Чурино го освои појасот на “Барбер фајт 3”.

Ова е втора победа од враќањето на Ристо на ММА борбите, а во повртаничкиот меч по двегодишна пауза во јуни славеше со арм бар во првата рунда на Импакт фајт најт во Нашице, Хрватска, против Марко Шпириќ од КБК Тигар од Жабањ, Србија.

Целата статија можете да ја прочитате на порталот ИПОН.МК.

Златан се враќа во Милан !?

Напаѓачот на Лос Анџелес галакси, Златан Ибрахимовиќ, може да се врати во Милан, пренесува „Марка“.

Како што објави шпанскиот весник, ова е најверојатната опција за 38-годишниот Швеѓанец кој претходно навести дека ќе се врати во Шпанија.

Ибрахимовиќ играше за Милан од 2010 до 2012 година. Како дел од „росо-нерите“, тој помина 85 натпревари и постигна 56 голови.

Оваа сезона Ибрахимовиќ учествуваше на 31 натпревар, во кој постигна 31 погодок и забележа осум асистенции. Неговиот договор со американскиот клуб истекува на крајот на годината.

Kpивична пријава пpoтив 23-годишен прилепчанец поради неовластено производство и пуштање во промет на нapкотични дpoги

Надворешната канцеларија за kpиминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против Х.Р.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нapкотични дpoги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 4 февруари 2019 година при извршен преглед на лица и возила од страна на полициски службеници, кај пријавениот била пронајдена и одземена мapиxyана.

(Фото) Македонија доби европски шампион!

Нина Ѓорѓевиќ е европски сениорски шампион откако пертпалднево триумфираше со 5-0 над Каларасу Изабел од Романиај во финалето на Европското карате шотокан првенство во Скопје, пренесува ИПОН.МК.

Машкиот ката тим Македонија 2 е вицешампион во сениори, бидејќи во борбата за златото загуби од Турција 1-4. Додека женскиот ката тим Македонија 1-2 го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција.

Засега најуспешна е репрезентацијата на Азербејџан со 173 медали – 63 златни, 43 сребрени и 67 бронзенни, следи Романија 204 (52-55-97), Турција 73 (22-17-44), Молдавија 51 (14-13-24) и Македонија 47 (11-14-22) итн.

“Градоначалниче кој го сторил делото кај Дабница?”

“Со откривање на идентична реплика од скулптурата на споменикот „Жртви на фашизмот“ во месноста Дабница, која пред повеќе години беше уништена, денеска го започнавме чествувањето на 3.Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп” – напиша Јованоски на неговата Фејсбук страна.

Иако властите се обидуваат што помалку да зборуваат за овој настан од поновата македонска историја и умешно ги прикриваат најважните податоци, вистината е следна:

18 прилепчани од Дабница, масакрирани од бугарската војска – Дел од заедничката историја со Бугарија

Три медали за ЏК Бушидо на Меѓународниот џудо турнир “Prilep Open 2019”

Овие денови Прилеп е спортскиот центар во државата, особено поради Меѓународниот џудо турнир кој вчера се одржа во салата на СОУ Ристе Ристески Ричко.

На натпреварот учесетвуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Хрватска, Бугарија и Црна Гора.

Џудо клубот Бушидо настапи со 7 натпреварувачи од кои три се закитија со медали: Давид Мицески 3 место, Елеонора Илиоска 1 место и Стефан Талески 3 место.

Лидер.мк во 18 часот ќе објави ckaндал за министер од владата на Заев!

Денеска во 18 часот, „Економски Лидер” ќе објави документи за кривично дело кое го сторил министер од владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Во документираното дело, постои огромен јавен интерес, по што очекуваме реакција на Основното јавно обвинителство, пишуваат од порталот.