дома блог страница 2970

Бензинот поскапе – Ова се новите цени

Petrol pump
Petrol pump

Регулаторната комисија за енергетика gи соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ, регуларно една недела по последната промена на цените на горивата во земјава.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит. Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар.

Новата цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,134 ден/кг.

Бочварски: Признавам дека не беше промашена трасата на патот Кичево-Охрид

Во денешната емисија „24 Анализа“ гостуваше Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ Благој Бочварски. Тој кажа дека трасата на патот Кичево- Охрид не била промашена.

– Од друга страна за Кичево Охрид , да се согласувам дека не била промашена трасата можеби тоа е терминологија која што се употребуваше и не од СДСМ туку и од граѓаните и од медиумите можеби била превземена од некои од СДСМ .

Инаку, во медиумите владејачката гарнитура на СДСМ континуирано укажуваа дека изградбата на патот Кичево – Охрид доцни и дека не може да се продолжи со работа токму поради промашена траса. Имено и премиерот Зоран Заев лично од собраниска говорница тврдеше дека владата не може да продолжи со изградба на патот заради грешка во трасата.

– „Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија.“ – изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

(Фото+Видео) Се активираше нajoпасниот вулкан во светот

По зголемената активност на вулканот Попокатепетл, мала количина на пепел паѓаше на јужниот брег во Мексико Сити.

Според наводите на канцеларијата за цивилна заштита, пепелта паѓала во предградијата Тлалпан и Сочимилко, пренесува АП.

Костадинов имал свое “свето тројство”, но заборавил дека го преименува третото?

асно и отворено сум кажувал и ќе повторам, за мене постојат три свети работи, кои ги негувам во мојот живот – тоа се семејството, Струмица и Македонија. Ова свето тројство ќе го чувам као зеница во окото и нема да дозволам некој Христијан Мицкоси да ми го чепне, истакна на граѓанската трибина во Струмица членот на ИО Костадин Костадинов.

Обраќајќи се кон над 4 илјади присутни граѓани на Струмица, Костадинов им порача „Вие сте ми мотивација, вие сте моторот кој гарантира дека на 12 април ќе им покажеме каде им е местото„

Струмица е град на борба, непокор и од оваа светла точка срушивеме режим и сега ќе добиеме убедлива победа на 12 април потенцираше Костадинов

За 2 години ја доведовме државата да биде членка на НАТО алијансата, од тоа сите граѓани имаат придобивки. Сите лидери на ЕУ ни кажаа дека Северна Македонија си ја заврши својата работа, Франција направи историска грешка, што не дозволи отпочнување на преговори во ЕУ, рече Костадинов.

Кога цел свет ја поддржува реформата, се јави Христијан Мицковски кој навиваше да не почнеме преговори, нагласи Костадинов и го повика Мицкоски да одговори што згрешил народот за да опструира се што е добро.

Нема да успеат, и на раце да одат, ниту да ја сменат СДМС ниту да ги опструираат мерките што живот значат, порача Костадин Костадинов од трибината на СДСМ од Струмица.

Македонски свештеник кажува какви гpeшки правиме на гpoбовите: Еве што е правилно

Почнуваат зимските слави, а свештениците повторно не’ потсeтуваат дека гозбите органзирани во име на Бога се далеку од црковните канони и од проповедањето на верата. „Фестивалите“ што се органзираат на грoбишта не се во согласност со верските обичаи и треба да се избегнуваат, порачуваат тие.

Отец Горан Стојчевски предупредува дека наместо да се остава храна на гробовите или пак да се испраќаат дојдените со торби полни храна, најдобро е таа храна да се донира на оние што немаат, а во име на оние кои ги спомнуваме.

-Храната на гробиштата имала чисто практична примена во време кога единствено гориво за превозното средство – двете нозе се калориите во храната. А, нашиот народ барем тогаш никого назад од каде и да дошол и се нашол не го праќале гладен.

Денес, при модерни средства за патување “фестивалите” со храната се вишок што може и треба да се раздаде на тие што немаат во име на оние за кои си спомнуваме (како наша своевремена практика што треба да е). Но, практичноста се губи во денешно време и се вели “така останало” или “да им се најде”.

Но, преминатите имаат потреба само од молитва произнесена од сите преку свештеникот придружена со свеќата, пченицата (или лебот) и виното, сеќавајќи се и на гробот за воскресението, Телото и Крвта Христови со кои треба да живееме во Литургијата сѐ додека Бог не ни го одредил часот за премин кон вечноста. п.с. Бог да ги прости, а и мене што “тапам”, пишува Стојчевски на Фејсбук.

Таленти нема што: Автентичната патека со калдрма “Крали Марко” општина Прилеп ја замени со асфалт

Наместо да ја реконструира и поправи автентичната калдрма на туристичката патека „Крал Марко“ во најстарата населба во Варош, која веќе неколку години беше запоставена и уништена, Општина Прилеп ги извади камењата и постави асфалт – објави порталот “Инфо Компас”.

Патеката заедно со амфитеатарот во Варош се изградија во 2007-ма година и се реализираа како дел од проектот „Варош, културна гордост – ревитализација на комплексот Маркови кули“. Туристичката патека ги поврзуваше и поминуваше покрај најрепрезентативните споменици од сакралната и профаната архитектура во Варош, како што се црквите Св. Димитрија, најстарата црква во Прилеп Св. Никола, црквата Св.Богородица Пречиста, Св. Атанасиј, манастирот Св. Архангел Михаил и средновековните тврдини во должина од 1.000 метри.

Патеката беше изработена од природен материјал – камени плочи. Покрај патеката порано имаше поставени и канделабри, клупи за одмор на туристите, корпи за отпадоци и информативни табли. Сега најголем дел од тоа е искршено.

Од оваа оригинална патека останати се само мали делови во катастрофална сотојба, а еден дел од патеката пак е комплетно ископан заради промена на канализациона и водоводна мрежа и кој најверојатно и тој ќе биде покриен со асфалт.

Инаку за лошата состојба на патеката во која истата се наоѓаше со години “Инфо Компас” пишуваше уште лани во февруари кога жителите на Варош бараа итна реконструкција на патеката, но никој од нив не спомена асфалт.

Сега овој препознатлив белег на Варош комплетно ја изгуби својата оригиналност и намена за кој беше и граден.

Видео прилогот погледнете го ТУКА

Доделени наградите „3.Ноември“: Доделени 9 дипломи, 5 плакети и една награда за животно дело

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3. Ноември, синоќа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа свечената седница на Советот на општина Прилеп, на која беа доделени Третоноемвриските награди.

Со одлука на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на општина Прилеп, наградата за животно дело – Златна плакета му беше доделена на Ѓорѓи Гешоски, за неговите достигнувања и афирмација на атлетиката и развој на спортот.

„Не сум само јас заслужен за оваа награда, туку и сите мои атлетичари кои сум ги тренирал во изминатите над 50 години. Со атлетиката го прошетав скоро целиот свет. Пари од атлетика нема, меѓутоа тоа што го прошетав светот ми причинува најголемо задоволство. Бев во Пекинг, во Кина, во Канада, на Олимпијада во Минхен 1972 година. Јас во моите 83 години, десетина години отсуствував од дома, бидејќи често патував со репрезентацијата на поранешна Југославија како и со репрезентацијата на Македонија. Сакам да им се заблагодарам на мојата сопруга и на моите деца, бидејќи заради бројните патувања не сетив кога пораснаа. Освен денешната, драга ми е и наградата ‘Истакнат педагошки работник’ која ми ја додели Педагошкиот совет на Македонија“, истакна Гешоски после добивањето на наградата.

Освен наградата за животно дело, на синоќешната седница беа доделени и 9 дипломи и 5 плакети.

Дипломи по повод 3.Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп, им беа доделени на:

Злате Шуплиноски, за достигнувања од областа на медицината; Гордана Цветаноска за достигнувања од областа на новинарството; Сашо Јандрески за млад иноватор од областа на медицината; Озган Сулејманоски за достигнувања од областа на музиката; Драгослав Миноски за достигнувања од областа на образованието; Билјана Јуруковски за достигнувања од областа на фотографијата и афирмација на Прилеп; Борјан Јованоски за достигнувања и афирмација од областа на спортот; Филип Димкоски за афирмација на македонскиот јазик и образованието;

Постхумно, за достигнувања и афирмација на блуз музиката во земјата и регионот, диплома му беше доделена на Александар Дворчанец – Сале.

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3.Ноември, плакети добија:

„Бимфуд“, за придонес и афирмација на стопанството во земјата и регионот; „Изофас“, за придонес од областа на градежништвото и градежното инженерство; Театар „Чин 4 Сцена 5“, за придонес во развојот на театарската уметност „Клуб на литературни творци“, за достигнувања од областа на литературно творештво; Џудо клуб ,,Пролетер’’ за достигнувања од областа на спортот.

За малиот Ѓорѓи не постои Рубикова коцка која не може да ја реши: На националното првенство освои 13 медали

На последното национално првенство во Рубикова коцка, четвртоодделенецот Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје освои најмногу медали – дури 13 на последното национално првенство во Рубикова коцка. Од нив два се меѓународни, а 11 се во македонска конкуренција. Тој сруши и седум национални рекорди, објави порталот „Деца.мк.“

„Macedonian Nationals 2019” беше третиот официјален натпревар во Македонија во Рубикова коцка и се одржа во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Скопје. На натпреварот учествуваа 78 натпреварувачи од седум земји – Швајцарија, Белгија, Бугарија, Грција, Србија, Косово и од Македонија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

(Видео) Господе што ти згрешивме? Нов бисер на Заев „све е јасно само њега нема“

„Што ли ти згрешивме господе“ се коментираат граѓаните кога го слушаат премиерот Зоран Заев како говори на партиските трибини. Заев повторно проговоре еспранто струмичко-српски на последната трибиниа на прав пат во Струмица. Подгледнете:

Полнете резервоари: Бензинот повторно поскапува

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ, регуларно една недела по последната промена на цените на горивата во земјава.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит, односно за 1,00 ден/лит. Согласно тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/литар.

Новата цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,134 ден/кг.