дома блог страница 2967

Отчет: “6229 возила дошле за “Пивофестот”, тоа е рамно на катастрофа за минифестацијата?”

Ден на отчети во општина Прилеп. Директорите на ЈП за ПУП, Марија Цветаноска, директорот на ЈП Пазари, Кристијан Илиески и командирот на Територијалната противпожарна единица, Виктор Стојчески, денеска пред граѓаните презентираа што сработиле во изминатата година.

Цветаноска меѓудругото истакна:

“На манифестацијата фестивал на пивото 2019 успешно обезбедивме паркинг простор за 6229 возила присутни на настанот и од цената на билетот за паркинг со одлука на Совет на општина Прилеп одвоивме 62.290 денари за хуманитарни цели”.

Покана за Егејска Семакедонска Вечер: Богата музичка програма ќе ги обедини Македонците од Егејот (Видео)

“Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на Егејска семакедонска вечер организирана од Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип. Настанот ќе се одржи по повод денот на ослободувањето на градот Штип на 09.11.2019 година во Астибо Плаза со почеток од 19:00 часот.

На настанот учество ќе земат врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт”, стои во поканата од Здружението на Македонци од Егејска Македонија, “Мирка Гинова”.

Дали сте знаеле зошто? Пасошите имаат различни бои, а секоја боја има свое значење

Во светот постојат пасоши во вкупно четири бои, а зад секоја од нив стои и некое генерално значење кое е заедничко за земјите со таква боја на пасош, пишува Б92.

Црвена

Црвената е најчеста боја за пасоши, а најмногу ја избираат земји кои имаат комунистичко минато или, пак, во нив сè уште функционира ваквото државно уредување. Црвени пасоши имаат Србија, Македонија, Црна Гора, Словенија, Кина, Русија, Латвија, Романија, Полска и Грузија. Исто така, црвен е пасошот на речиси сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска.

Во земјите кои имаат европски аспирации како Македонија, Турција и Албанија, пасошите исто така се црвени.

Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу се членки на Андската заедница на нации и тие имаат пасоши со темно црвена боја.

Сина

Сината боја го претставува Новиот свет на кој припаѓаат 15 земји од Карибите. Сина боја на пасош користат и земјите членки на трговската унија Меркозур. Од членовите на оваа унија, само Венецуелците сè уште имаат црвени пасоши. Американските државјани користат сини пасоши од 1976 година.

Зелена

Зелени пасоши имаат државјаните на речиси сите земји каде исламот е доминантна религија. Економската заедница на западноафрикански земји, како Буркина Фасо, Нигерија, Нигер, Брегот на Слоновата Коска и Сенегал, исто така имаат зелен пасош.

Црна

Само неколку земји во светот имаат пасоши со црна боја. Тоа се африканските земји Боцвана, Замбија, Бурунди, Габон, Ангола, Чад, Конго и Малави, а покрај нив, црна боја за пасошите користи и Нов Зеланд бидејќи таму црната се смета за национална боја на земјата.

Потоп во Црна Гора, надојдени води носат сѐ пред себе!

Обилни врнежи предизвикаа сериозни проблеми за граѓаните и властите во Црна Гора. Од своите корита се излеаја повеќе реки, а поплавени се повеќе домови и деловни објекти. Најкритично е во Никшиќ и Горно Поле, кадешто сообраќајот речиси целосно е блокиран. Спасувачките екипи се на теренот и постојано интервенираат.

Невремето предизвикало големи проблеми и за граѓаните на Херцег Нови, каде се поплавени повеќе јавни површини и сообраќајници, пренесува РТЦГ.

Поморскиот сообраќај е отежнат, а два крузера веќе се откажаа од влез во пристаништето во Бока-которскиот залив.

Започна Интерфуд 2019 во Софија, Витаминка еден од најголемите изложувачи

Започна саемот Интерфуд 2019, Меѓународен специјализиран саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати што секоја година се одржува во Софија. Витаминка, која веќе долги години е присутна на овој пазар, традиционално е дел и од овој саем и е еден од најголемите изложувачи. Во текот на четиридневната манифестација, Витаминка ќе ги претстави своите производи и производни програми, како и производните практики.

Покрај презентациите, компаниите присутни на Интерфуд имаат можност и за семинари, конференции, работилници и деловни состаноци со потенцијални бизнис партнери.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи, производствени апарати и нови технологии што се одржува годинава по 18ти пат во Софија е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија од Југоисточна Европа. Витаминка секоја година е присутна на овој саем и досегашното искуство ги потврдува предностите и бенефитите од присуството. Преку својата фирма во Бугарија, Витаминка веќе долго работи на афирмација на своите производи на локалниот пазар.

Покрај контактите со потенцијални партнери од пазарите во Југоисточна Европа, Витаминка со претставувањето на своите производи дополнително ја зацврстува својата позицијата на бугарскиот пазар каде Чоко Стоби флипс, Атлантис, Бонитас, Кукис, Деспина, Весели јајца, Фрути и останатите производи се веќе познати брендови и висококвалитетни производи.

Изложбата „Фрагменти“ од Жарко Башески во петок во Прилеп

На 8.11.2019 /петок/ во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе биде отворена изложбата „Фрагменти“ од Жарко Башески.

Текст од Ирма Башеска Ристовска

Македонскиот скулптор Жарко Башески, по подолга пауза се враќа во својот роден град Прилеп, со својата нова изложба насловена „Фрагменти“.

Преку ова изложување, публиката ќе има можност да погледне неколку различни „фрагменти“ од творечкиот опус на Башески, и паралелно да погледне неколку постари и неколку сосема нови дела, во кои може да се забележи нов начин на претставување на човечката фигура. Новото што го нуди Башески се состои во поинакво, современо, концептуално доживување на фигурата во однос на негвите поранешни дела, како и користење на досега неупотребувани материјали.

„Фрагменти“ претставува прозорец кон изминатиот период во кој Башески го менува својот творечки пристап во зависност од тематиката, начинот на работа и употребата на материјали.

Оваа изложба и овозможува на публиката да погледне сосема различни дела кои поврзуваат различни периоди од творештвото на уметникот, негови различни идеи, изработени во различни материјали, како силикон и полиестер, додека пак претстава за неговиот моментален интерес ќе понуди делото изработено во стакло.

Земајќи предвид дека секоја од скулптурите кои ќе бидат изложени се разликуваат во својот концепт, оваа изложба го претставува токму тоа, „фрагменти“ од внатрешниот креативен универзум на уметникот.

Дел од овие дела веќе биле претходно изложувани во големи изложбени салони низ светот, во земји како Франција, Германија, Италија, Латвија, Бугарија, Црна Гора, и други.

Експеримент за поголема свест! Од едно место со автомобил, автобус и велосипед кој прв до плоштад (Видео)

Тимот на “Conservative.mk” изведе еден интересен експеримент кој треба да ја подобри свеста кај граѓаните за чиста животна средина и како секој може да придонесе за почист воздух во загаденото Скопје.

Тројца млади луѓе истовремено од исто место се упатија кон плоштадот “Македонија”, со автомобил, автобус и велосипед, па погледнете кој прв пристигна:

CONSERVATIVE.mk претставува политичка организација базирана примарно на идеолошки и аналитички центар која во себе спојува политички и граѓански активисти чија примарна идеологија е конзерватизмот како десно или центар-десно политичка ориентација.

Повеќе за оваа организација можете да погледнете ТУКА

Пример за општествено одговорна компанија: „SPORT LIFE” реновираше мултифункционално спортско игралиште (Фото)

Со донација на „Sport Life“, игралиштето во ОУ Кочо Рацин –Скопје, е комплетно реновирано во мултифункционално спортско игралиште, за спортови како: фудбал, одбојка, ракомет, а понатаму и за тенис.

Новото спортско игралиште е од отворен тип и ќе се користи како за потребите на училишната настава, така и за слободни активности на децата вон наставата.

“Особено сме среќни што овој проект се реализира успешно и што ќе овозможи децата да се рекреираат, спортуваат и притоа стекнуваат голем број вештини важни за нивниот психофизички развој. Наша заедничка цел е развој на спортот и здравјето на децата во нашето општество. Посакуваме да се користи што почесто и за разни настани во духот на спортот и спортскиот живот“- велат од Sport Life.

Од страна на училиштето „Кочо Рацин“, во името на целиот колектив, директорот Јовица Остоиќ, изрази голема благодарност за донацијата на „Sport Life“, истакнувајќи ја како пример за поттикнување на развојот на спортот во земјата, преку создавање на соодветни услови за спортување на децата уште во рана возраст.

Вкупната инвестиција за комплетно реновирање на спортското игралиште изнесуваше 1,5 милиони денари – донација од Sport Life.

(Видео) Пekoлниот италијански остров никој не го напушта: Дури и туристите кои одат таму го ризикувaaт својот живот

На островот Стромболи, сместен на северниот брег на италијанска Сицилија, живеат 300 жители, две села и еден неверојатно опaceH вулkaн.

Стромболи е најоддалечениот од седумте италијански острови кој се издигнува на 924 метри височина.

Островот не бил од секогаш толку активен, а во 1900 година на него живееле 4000 луѓе. Но по масовната еpyпција и цyнaмито кое се случи во 1930 година, голем број од луѓето емигрирале.

(Видео) Замислете пиво старо 4 милениуми: Научници употребиле квасец пронајден во ископините на древниот Египет

Еден археолог-египтолог, еден биолог и експерт за подготовка на храна со квасец се здружиле како би го тестирале 4.000 години стариот квасец кој бил пронајден под ископините на древен Египет.

Овој експеримент и неговите резултати се опишани и објавени во најновиот број на списанието “Археолоџи” за ноември и декември 2019.

Се покажало дека квасецот може да хибернира речиси бесконечно, бидејќи што бил активиран повторно започнал да се размножува.