дома блог страница 2966

Нова Година се паѓа во среда, а Божик во вторник – објавена листата на неработни денови за 2020 година

Велигден се паѓа на 20-ти април, Нова година е во среда, а Божик во вторник.

Вака изгледа програмата на неработни денови за 2020 година.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

01 јануари (среда), Нова Година, 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 01 мај (петок), Ден на трудот, 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден, 8 септември (вторник), Ден на независноста, 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден, 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (недела), Богојавление (Водици), 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

ПРОФЕСОР ДО МАКЕДОНИЈА: Владимир Трајковски откажа учество на конференција поради „Северна“

Професорот Владимир Трајковски, професор по генетика на социјалните мрежи објави дека откажал учество на конференција во Србија поради „пежоративноста на придавката пред името Македонија“, и декларираше дека повеќе нема да учествува на ниту една конференција на која се користи името „Северна“ пред виситнското име на земјата – Македонија

-Штотуку откажав учество на конференција кај северниот сосед на „Северна”, заради пежоративноста на називот на нашата држава Македонија до моето име. Покрај моите напори да биде вратено вистинското име на нашата држава во кое за краток период и успеав, но поради официјалната политика на северниот сосед, повторно беше вратен пежоративниот назив пред името Македонија. Ако можам јужните соседи и некако да ги разберам во нивните етноцидни намери, поранешните ЈУ народи не можам да ги сфатам. Изјавувам дека нема да учествувам на ниту една конференција кај поранешните ЈУ држави кои ќе го користат сложениот назив на мојата татковина, покрај моето име. Македонија вечна -напиша професорот на Фејсбук.

Колкава е всушност платата во Германија: Просечната заработка е 2.948 евра, но кога ќе се одбие данокот, еве колку останува

Добро познато е мислењето дека во Германија платите се високи, па поради тоа младите се одлучуваат да работат и живеат во оваа држава.

Бројките не лажат, но сепак треба правилно да се прочитаат.

Така што, доколку во Германија ги прашате луѓето колку заработуваат, ќе добиете одговор за бруто, а не за нето платата. Ако воопшто добиете одговор, бидејќи Германците тоа прашање го сметаат за мешање во приватноста.

Статистиките сепак покажуваат дека просечната месечна бруто плата во Германија во 2018 година изнесувала околу 2.950 евра. Просечната нето плата, односно она што им е исплатено на вработените, е значително пониска. Односно, 33 проценти пониска- и изнесува 1.945 евра. Значи постои околу 1000 евра разлика измеѓу нето и бруто износот.

Висината на данокот кој месечно се одбива од платата зависи од даночната класа на вработените (ги има шест), а која зависи од тоа дали сте во брачна заедница, дали сте самохран родител, дали сопругот/гата работи, далие едниот брачен партнер заработува значително повеќе, дали работите повеќе работи итн.

Чудо од Шведска: Куќен кров со кој трошоците се сведуваат на минимум (ФОТО)

Ако ги послушате Швеѓаните, следните зими би можеле да плаќате значително помали сметки за струја. Имено, шведската компанија SolarTech која се занимава со продажба на решенија за чиста соларна енергија, развила единствен систем за загревање на куќата кој се состои од кровни плочки направени од обично транспарентно стакло.

Феноменалните плочки на кровот му даваат леден изглед.

Она што посебно ги издвојува на пазарот е што плочките се изградени од стакло и имаат иста тежина како и оние изработени од глина.

Стаклените плочки се поставуваат на црно најлонско платно под кое се монтирани воздушни џебови.

Црната боја апсорбира сончева топлина и воздухот почнува да циркулира.

Топлиот воздух се користи за загревање на вода, а тој систем е поврзан со домашниот систем за греење преку акумулатор на топлина.

Убавината на системот е во тоа што ги намалува енергетските трошоци во текот на цела година, и кога деновите се тмурни и ноќе, благодарение на способноста да складира топлина во изолациони слоеви под црното платно.

Во 2009 година овој систем бил избран од жирито и номиниран меѓу девет други како „најдобар нов материјал“.

Вака е во Холандија: Просветните работници на штpajк си ги бараат правата (Видео)

Околу 80 проценти од основните и средните училишта во Холандија не работат поради штрајк на просветните работници.

Штрајкот на просветните работници се одржува во исто време додека во Владата се дебатира за буџетот за образованието.

Просветните работници се одлучија на штрајк и покрај тоа што Владата на премиерот Марк Руте минатата недела постигна договор со синдикатот за дополнително инвестирање во образованието од 460 милиони евра, со цел да се вработи нов кадар, за подобрување на условите за работа и за зголемување на платите.

Њујорк Тајмс: Владата на Заев е колабирана

Еден од највлијателните американски медиуми во анализа за однесувањето на францускиот претседател Макрон за ЕУ пишува дека по недобивање на датумот за преговори македонската влада е падната (collapsed) – објави “Експрес.мк”.

“Во Македонија владата на премиерот Зоран Заев е сега колабирана (collapsed) процесот на проширувањето на ЕУ е загрозен”, пишува угледниот американски весник за состојбите во Македонија по последниот самит на ЕУ.

Извор: “еxpress.mk”

Aплицирајте! Тутунски Комбинат бара над 200 работници, на определено и неопределено работно време

На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се два огласи за вработување на работници во АД Тутунски Комбинат Прилеп.

На првиот оглас се бараат 170 oшти работници на определено работно време, а на вториот 40 на неопределено.

Основната плата за сите изнесува 12,610 денари.

Огласите се активни до 08.11.2019 година.

Многу се вкусни и меки како памук: Свиткајте ги вака и ќе добиете прекрасни фeнeрчињa

Многу се вкусни и меки како памук, потребни ви се само кaлaпи за мафини, а доколку немате, можете да ги пeчeтe како класични кифли.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 јајце, 100 г масло, 1 сув квасец, 200 мл млеко, 20 г шеќер, 10 г сол, околу 400 г брашно тип 400

И УШТЕ:

1 јајце за премачкување
семки по желба за наросување
сирење за фил

ПОСТАПКА:

Во млако млеко додадете го квасецот и шеќерот, промешајте, покријте со салветка и оставете на топло да се aктивирa.

Потоа во подлабок сад додадете го aктивирaниoт квасец, маслото, јајцето, солта, па со постепено додавање на брашното замесете убаво мазно тесто. Оставете го малку да одмори, па поделете го на 15-тина еднакви делови. Приближно една топка да тежи околу 50-60 г.

Секое топче развлечете го, на дното исечете ленти, премчкајте со крем сирење или фил по ваша желба, па cвиткaјтe како кифла.

Потоа cвиткaјтe го во полжав и ставете го во калап за мафини, претходно намастени со путер или маргарин. Во секој отвор се става по еден полжав.

Оставете ги да стасуваат, па премачкајте ги со изматено јајце. Наросете со семки и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути.

Видео: “И Директорот не знае кој му гради хотел во Пазарот?”

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, праша и денеска Ирена Стерјовска Локвенец, претседателка на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска пак директорот на ЈКП Пазари-Прилеп, Кристијан Илиоски, презентираше што сработило претпријатието во изминатата година.

Притоа Илиоски ништо не кажа по овие прашања кои деновиве предизвикаа контроверзии низ Прилеп.

За градежната експанзија денеска прилог имаа и од “ТВ Алфа”. Повеќе за тоа погледнете ТУКА

(Видео) Вака изгледа борба против пустината! Африка “гради” голем зелен ѕид долг 8.000 километри

Веројатно сте слушнале за ѕидот кој амерканскиот претседател Доналд Tpaмп го гради на границата со Мексико, но веројатно не сте слушнале за ѕидот во Африка кој ќе биде долг 8.000 километри.

Проектот “Голем зелен ѕид” започнат е во Африка поради климатските промени. Ќе покрива територија од 100 милиони хектари на која ќе бидат засадени дрва, а би требало да се простира од едниот до другиот крај на континентот, односно од Сенегал до Џибути.