Покана за Егејска Семакедонска Вечер: Богата музичка програма ќе ги обедини Македонците од Егејот (Видео)

“Ни претставува чест и задоволство да ве поканиме на Егејска семакедонска вечер организирана од Здружението на македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип. Настанот ќе се одржи по повод денот на ослободувањето на градот Штип на 09.11.2019 година во Астибо Плаза со почеток од 19:00 часот.

На настанот учество ќе земат врвни уметници меѓу кои: Илчо јованов, Зоран Џорлев, Горанчо Ангелов-Гајда, Љупчо Стефанов-Цоцо, Иван Димков, КУД „Крушаре-Пазар“-Егејска Македонија, Трајко Димков, Марија Димкова, Васил Чамов, Панче Мусев и Академија Еуроарт”, стои во поканата од Здружението на Македонци од Егејска Македонија, “Мирка Гинова”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.