дома блог страница 2968

(Фото) Фотографијата од девојка која ослабела скоро 50 килограми стана планетарен хит

Можеби малиот број вишок килограми ви се чинат како ништо важно, но кога ќе ги погледнете трансформациите на овие луѓе, ќе сфатите дека ви недостасува само волја. На социјалната мрежа Редит своето сведоштво и напредок за губење на килограмите го споделуваат голем број луѓе, а тие навистина се вистинска инспирација и показател дека се е можно, ако се има желба и се вложи труд.

Девојката од првата фотографија е пример на огромна трансофмрација, затоа што имала 103 килограми, а денес е нова личност и сама признала дека непрекинато работи на себе.

Погледнете ги фотографиите од другите луѓе:

УХМР предупредува: Врнежи, грмежи и пад на температурите

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со поинтензивни врнежи и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во петок и сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

“Не е вестерн филм, ова е автобуската во Крушево?” (Фото)

Наш читател ни испрати фотографии од автобуската станица во Крушево, која може да се нарече се’ освен место каде пристигнуваат и заминуваат патници.

Во вакви услови Крушево ќе ги пречекува туристите оваа зимска туристичка сезона која е на прагот.

Прекрасно мезе за љубителите на добра чашка: Салата со сусам во која ќе уживате

Потребно ви е:

500 гр. крем сирење

1 чаша (180 мл.) кисела павлака

200 гр. шунка

100 гр. маринирани шампињони

1 шолја препречен сусам

Шунката и шампињоните исецкајте ги на коцки. Во еден тајнир соединете ги сирењето и павладата, па потоа додадете ги шунката, шампињоните и препечениот сусам. Сите состојки соединете ги. Украсете со сусам!

Бизарно до бескрај: Кај нас имаме “Питијада” и “Пастрмајлијада”, а во Србија се одржува “Гробаријада” (Фото)

На десеттата по ред “Гробијада” во Пожаревац, Србија, годинава учествувале 250 претставници на погребални претпријатија од целиот регион. Оние кои секоја година го посетуваат овој бизарен собир, велат дека е „нешто невидено, нешто што само Дрнда може да го органзира“.

Дрнда е Радиша Михајловиќ, еден од најпознатите погребални стопанственици на Балканот, организатор на Гробијадата.

-Ја засакав оваа работа, иако никогаш не сум помислувал дека ќе бидам гробар. По занает сум машинбравар, како Тито, можеби и затоа успеав, вели Михајловиќ.

Гостите на Гробијадата можеле да уживаат во мени составено по угледот на култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“, па меѓу другото, на трпезата имало и Пантелино прасечко.

Михајловиќ оваа година слави 25 години од својата работа, но и заминување во пензија.

ФОТО: Владимир Живоиновиќ

Ce cитнe ли заевата кoaлициja?

Партијата на Љубчо Георгиевски упати жестоко соопштение кон владејачката СДСМ. Ако се има предвид дека е во коалиција, се поставува прашањето дали ВМРО-НП ќе ја напушти коалицијата со Заев.

Во целост ви го претставуваме нивното соопштение:

Во очи на предизборниот месец од пред три години се прашуваме каде запре целата работа која требаше уште во првата година да ги покаже своите први резултати.

Во „планот за живот во Македонија“ стои ветување дека во Македонија конечно ќе се реши проблемот со студентите со изградба на студентски град, кое беше проследено толку жестоко што студентите како засегната страна го препознаа овој предлог-проект и несомнено го поддржаа. Сите бевме сведоци како се ветуваше дека хорор домовите со прокиснати тавани, руинирани тоалети како и студените радијатори и лошите оброци кои останаа во наследство од владеењето на ДПМНЕ ќе заминат во историјата.

Она што денеска можеме да го забележиме покрај досегашното реновирање на мал дел од постоечките сместувачки капацитети во делот на мебелот, една читална и библиотека, како еден инфо клуб и редовните поправки како дел од хорор оставштината на ДПМНЕ во студентските домови ништо не е сменето. И покрај тоа што пред три години жестоко се критикуваше и ветуваше во исто време, дека во најбрз можен откако ќе победи СДСМ ќе бидат целосно реконструирани студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“, такви чекори до денеска не се превземени, а да не зборуваме за отпочнување со изградба на некаков студентски град.

Логично е да се запрашаме, зошто едноставно не се исполни ова ветување односно зошто сеуште студентите и нивните услови во време кога се во полна употреба не се поставуват како приоритет на државната власт иако студентите очекуваа уште во првата година од новата Власт да се види некаков резултат од она што тие гласно го бараа, а СДСМ жестоко го вети, стои во соопштението на ВМРО-НП.

Ќе се одземаат возила од граѓаните – проверете дали сте во групата

-Со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, времено ќе бидат одземени возила кои предизвикуваат голема бучава и го нарушуваат јавниот ред и мир – напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

Македонец прави растур во Германија: На еден натпревар постигна 63 поени со 13 тројки (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на АВ Охрид, Дарко Димковски, игра во неверојатна сезона во дресот на германскиот регионален лигаш ТС Швертер од Дортмунд, за што најдобар доказ е неговата фантастична игра на последниот меч против ТуС Велинхофен (110-73) во кој постигна дури 63 поени со – 13 тројки.

Ова беше шеста победа во шестиот меч во новото првенство во Втората регионална лига за тимот на Македонецот, во кои на четири ја минаа границата од сто поени. Тој блесна, откако неговиот тим остана без најдобриот играч, Американецот Ентоан Хосли, а веднаш потоа и тренерот Мануел Боруч, двајцата поради две технички грешки.

Димковски е 28-годишен кошаркар, кој не е многу познат на домашната сцена и кој игра на позицијата бек-шутер. За АВ Охрид настапуваше во првата половина од сезоната 2016/17 по што настапува во Германија и тоа за неколку различни нисколигаши.

Но, без разлика на сето ова, неговиот учинок од 63 поени со 13 тројки е за почит, без разлика на конкуренцијата во кој е остварен.

Интервју со Валерија Преспаноска од Прилеп, девојка чиј Инстаграм профил е магнет за илјадници корисници

Валерија Преспаноска е млада и талентирана девојка од Прилеп која својата креативност ja пренесува преку фотографии на социјалните мрежи, а со тоа изнудува и илјадници позитивни реакции од нејзините следбеници. Нејзиниот профил на Инстаграм го следат над 14.000 корисници, а младата прилепчанка секојдневно ги фасцинира со својата убавина и фотографии кои заслужуваат да се најдат во врвни светски магазини и списанија. Во продолжение разговараме за нејзините желби, интереси, хобија, како и планови за во иднина.

Здраво Валерија, кажи ни нешто повеќе за себе, какво образование имаш и со што се занимаваш?

-Имам завршено средно образование во гимназијата “Мирче Ацев” во Прилеп, а моментално го подготвувам и последниот испит на филолошкиот факулет “Блаже Конески” , отсек преведување на германски и англиски јазик. Периодов работам на хонорарни ангажмани поврзани со социјалните мрежи.

Твојте профили на социјалните мрежи се следени од голем број корисници и редовно добиваш огромен број позитивни реакции. Кажни ни на што се должи тоа и како успеа да изградиш толку голема публика која редовно те следи?

-Ако некаде сеуште постои мојот hi5 профил ќе можите да видите од каде и како почнало сето тоа, Jас од секогаш сакав да се фотографирам и да ја преточам мојата креативност преку фотографиите. Луѓето кои ме познаваат одамна, многу добро ја знаат мојата пасија кон фотографијата и веројатно токму тоа ја привлекло мојата публика на која што и сум преблагодарна за секојдневната поддршка

Која е твојата цел кога објавуваш нови фотографии. Дали имаш за цел само да покажиш нови места кои си ги посетила, или пак во секоја фотографија се крие некаква порака?

-Со секоја фотографија целта ми е да предизвикам некоја позитивна реакција кај тие што ме следат било тоа да е инспирација за некоја модна комбинација, предлог дестинација за посетување,некој корисен совет или добар продукт или макар преку фациалната експресија да ширам позитивна енергија..

Твоите фотографии изобилуваат со многу убавина, кажи ни дали и колку време ти одзема одржувањето на профилите и дали за една убава фотографија е потребен само добар агол и место, или пак потребна е и умешност за добро уредување на истата?

-За една добра фотографија потребно е и добар агол и добра локација исто така светлината е огромен фактор , расположението на сликарот како и моето расположение, а пред се најважно е да имате добра идеја и замисла. Исто така потребна е умешност за обработка на фотографијата но поважен е процесот на создавање одколку на едитирање, бидејќи не секоја фотографија може да се “спаси” со едитирање.

Постои ли можност да се заработи од Инстаграм и дали и колку вложуваат компаниите во ваков вид на маркетинг?

-Постои можност за заработка, но сепак тоа не е сеуште на ниво како во останатите земји, од причина што токму во моментов оваа професија кај нас е во подем и брендовите се повеќе стануваат свесни за значењето на истата, што е позитивен индикатор дека би се зголемила и заработката во иднина

Кој ти дава најголема поддршка во тоа што го работиш?

-Мојот дечко, семејството, другарките , пријателите, а секојдневно добивам поддршка и од луѓето кои ме следат на Инстаграм.

Имаш ли некое свое друго хоби во кое уживаш во слободното време?

-Да, цртањето е уште едно мое хоби за кое се помалку наоѓам време за жал.

Кои е твоите планови и желби за во иднина и каде се гледаш за 10 години?

-Се гледам во сосема ново поглавје од животот, среќно мажена со 3 деца хахах, а од професионален аспект се надевам дека во блиска иднина ќе си остварам една моја долгопланирана идеја за работа, која би била и моја понатамошна професија, повторно поврзана со креативност но нема да ви откријам за што точно станува збор, можеби за брзо ќе видите самите

За крај твоја порака до сите девојки кои сакаат да се занимаваат со ваков вид професија и хоби?

-Со оваа професија претежно се занимаваат луѓе кои што непретенциозно и непланирано се впуштиле во тој свет, каде што на различен начин ја покажуваат својата креативност. Затоа би му порачала на девојките, кои сакаат да се занимаваат со ова, пред се да бидат свои, да се едуцираат пред да започнат, бидејќи и оваа професија како и другите бара едукација на некој начин. Поточно секојдневни истражувања за сите промени на социјалните мрежи, и да не тргнуваат од желбата за бесплатни производи, или заработка, туку само доколку навистина ја сакаат и ги исполнува оваа работа.

(Видео) Огpaбиja златара во Сплит и тоа за помалку од две минути

Од златара во центарот на Сплит, ykpаден е накит во вредноcт од 135.000 евра, а хрватските власти објавија и видео снимка на која се гледа целиот гpaбеж кој траел само две минути.

На снимката се гледа тројца облечени во бели комбилизони, со ракавици и воки токи, а еден од нив има и слушалка во уво

Тие во големи торби го истураа накитот, а се траеше помалку од две минути, пренесуваат тамошните медиуми.

Сопственикот на златарата рекол дека се украдени 135 илјади евра и дeка крадците ја знаеле шифрата за вратата со решетка, по што ја иckpшиле стаклената врата и влегле во златаррата и го ykpaле целото злато од ормарите како и касата.