дома блог страница 2964

Франција и Кина склучија договори вредни 15 милијарди долари

Кина и Франција потпишаа договори во вредност од 15 милијарди долари за време на посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон, на Пекинг, пренесува Ројтерс.

Договорени се проекти од областа на воздухопловството, енергетиката и земјоделството, а 20 француски компании добија зелено светло за извоз на говедско, свинско и месо од живина во Кина.

Француската енергетска компанија „Анжи“ и кинеската групација „Пекинг гас“, заедно ќе работат на терминалот за течен природен гас во градот Тјенџин, а француски „Тотал“ ќе основа заедничко претставништво со кинеската „Шенерџи груп“, за камионска дистрибуција на природен гас во делтата на реката Јангце.

Двете земји договориле до крајот на јануари 2020 година да ја договорат и цената и локацијата на новата фабрика за обработка на нуклеарно гориво која ќе ја гради француската компанија „Арева“.

Кон Македонија доаѓа циклонот “Златка”, со себе носи интензивни врнежи

Месец ноември го започнавме со натпросечно високи температури на воздухот. Според најновите излези на нумеричките модели месецов во поголем дел треба да биде натпросечно топол. Но, во текот на следниот период врнежите ќе бидат почести, анализира најпознатиот македонски метеоролог Славчо Поповски.

Циклонот „Златка“ повторно ќе услови нови врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во западните предели. Локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Ќе дува ветер од јужен и од југоисточен правец кој повремено и локално ќе засилува на интензитет и ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Максималните дневни температури на воздухот поради јужното и југозападното воздушно струење и понатаму ќе бидат доста високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени. Во петок се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд. Во сабота на повеќе места ќе имаме претежно суво време, иако локално ќе има услови за слаб дожд. Веќе во текот на ноќта сабота кон недела и во недела ќе навлезе уште еден нов бран на врнежи.

(Галерија) Низ овој тунел се преминувало од едниот во другиот дел на Берлин: Подземниот тунел под Берлинскиот ѕид отворен за јавноста

Тунелот под Берлинскиот ѕид, кој служел за бегство во западна Германија денес е за прв пат отворен за јавноста.

Тунелот под Бернауер улицата го отвори градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, во момент кога се одбележуваат 30 години од падот на Берлинскиот ѕид.

Тој им се заблагодари на оние кои го ископале 100 метри долгиот тунел во 1970 година, девет години откако источна Германија ја затворила својата граница.

Борбата за слобода се одвивала и под земја, вели градоначалникот.

Секоја чест за идејата! Тројца другари од Кочани печеа кокошка со воденица кои сами ја направија (Видео)

„Ние сме тројца Кочанчани и започнавме да снимаме интересни видеа, спој од готвење и уживање во природата. Ова е нашето прво видео, па би сакале да добиеме критики и пофалби за да бидеме подобри во наредните видеа.“, велат авторите на видеото.

Видеото е професионално снимено и наликува на популарните ширум светот видеа за прешивување во дивина.

Погледнете:

Што ли се случува во битолско? Врие од Кубанци?

На 06.11.2019 во 19.45 часот кај манастир ,,Св. Илија’’ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Изминатите два месеци зачестија ваквите настани во битолско, па низ полициските билтени на МВР може секојдневно да се забележи по некој нов случај на фатени мигранти од оваа земја.

На пример:

На 10.10.2019 кога во Полициска станица Меџитлија биле лишени од слобода Л.П.М(39) и З.Л.Ф(19) од Куба, кои истиот ден во близина на граничната линија во с.Драгош,битолско од полициски службеници од Граничната полиција биле откриени при обид илегално да ја преминат државната граница.

На 13.10.2019, кога полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција.

На 15.10.2019 во 14.30 часот во Полициска станица Меџитлија од слобода биле лишени П.Б.И.Е.(46) и К.Ф.Л.(29), двајцата од Куба, кои во атар на с.Драгош, битолско, се обиделе илегално да ја преминат државната граница помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција. Тие биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка – информираат во полицискиот билтен на МВР.

На 31.10.2019 во 10.00 часот над с.Драгош, битолско, кај манастирот „Свети Илија“, полициски службеници го спречиле кубанскиот државјанин Х.С.А.(32) во обид илегално да ја премине државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. Тој бил пpиведен во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор „Меџитлија“, по што е предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Чудотворно место во прегратките на планината Селечка: Манастир Св. Димитрија во с. Селце – неминовна дестинација за утрешниот голем празник

Бујната гора го загрнала силно манастирот Свети Димитрија во подножјето на планината Селечка кај селото Селце на неколку километри од градот.

Никнал на ретко убаво место, а во околината се и малите црквички Света Петка и Свети Илија. Обиколен е со четири свети и лековити води, кои се распоредени како крст.

Светилиште не е само за жителите на селото Селце, туку и на бакалите и трговците, на сите граѓани. Храмот е чист, дотеран со нова фасада. Нема век.

Граден е во 1933 година. Еден е од поновите куќи Господови. Во олтарот стои иконата на Мајката Божја. Таа е најстаро дело. Датира од 1908 година.

Камбанаријата ја варди црквата 58 години. Необично е што во Божјиот дом секоја недела или празник се палат 33 кандила, колку што имал години Исус Христос. Посебност е и Денот.

Покрај Свети Димитрија, се слави Ѓурѓовден. На тој сведен, црквата е предадена на граѓаните пред повеќе од девет децении.

Свештеникот Темелко Блажески вели дека, пред Свети Јован Крстител традиција е прилепските жени да доаѓаат да месат и печат слатки кравајчиња кои ги раздаваат за Тајане-бојане.

– Манастирот е посетен, оти е блиску до градот. Се изгради и асфалтен пат и пристапот е лесен. И старото излетничко место Шаторов камен во близината ги мами луѓето да стават нога во манастирскиот двор, до новите конаци, до црквата, да се помолат, да запалат свеќа и да се напијат од ладните камен води.

Манастирот влече и постари и помлади, оти, како некогаш, а и сега, е место за изведување на еднодневни екскурзии во природа на основците и средношколците. Црквата е обновена и внатре и надвор. Народот помага и не штеди. Дадена е виза да се поставуваат нови икони од еден уметник во исти големи димензии.

Постепено ќе се дотера и дворот и комплексот ќе се претвори во атрактивно катче за одмор и за лете и за зиме. Во конаците не е дозволено да се прават гозби и да се свири музика, да се вијат ора и чочеци.

Може да се седне, да се напие човек кафе, да руча, да се напие чаша вино или ракија и да се предаде на Божјата убавина и природниот спокој – вели свештеникот Блажески.

Огромниот двор започна да се уредува. Се собра материјал и активно се работи, со цел комплексот заедно со конакот да дишат заедно. Конакот има на два ката со 15 соби, бањи и трпезарија.

Погледот од балконот е доживување. Се голта со око дел од убавините на Селечка Планина за душата да се успокои.

На соочувањето со красотата, никој не може да остане рамнодушен, туку да блика радост. Комлетната физиономија ќе се добие со ѕидање на оградата од собраниот камен.

Искреност и духовност зрачи од манастирскиот комплекс.

Чудотворни води

Четирите чешмички, Света Недела, Свети Димитрија, Света Петка и Средочна вода, се верува дека се чудотворни.

Според легендата, некој се разболел и сонил дека треба да дојде да се измие со водичката. Од неа оздравел и ја подигнал Средочна чешма во 1971 година.

Се раскажува дека прилепчанка не можела да остане во блажена состојба. Сонувала дека треба да појде во манстирот и тој ќе и “подари” дете.

Срамежливата жена го посетила храмот и родила здраво дете. Вакви случки има многу во манастирот Свети Димитрија.

Лејди Гага конечно искрено одговори дали е во врска со Бредли Купер – пејачката ја откри вистината

Актерот и режисер Бредли Купер и неговата партнерка во филмот „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага и понатаму се една од главните теми во медиумите, а сето тоа поради наводите дека познатиот пар за време на снимањето наводно запливил во врска.

Ваквите тврдења дополнително се подреаа откако актерот и пејачката Бредли ја раскина врската со манекенката Ирина Шајк, а Гага го напушти вереникот Кристијан Карин, агентот за таленти.

Сепак, Лејди Гага одлучи да проговори за оваа тема која повеќе од една година го интересира светот.

„Да бидам сикрена, мислам дека медиумите се блесави. Направивме вистинска љубовна приказна! Сакавме луѓето да поверуваат дека сме заедно. На настапот на доделувањето на Оскарите, сакавме да пренесеме љубов низ камерата и за тоа вежбавме со денови. Сето тоа беше исрежирано“, рекла Гага за ELLE.

„Мислам дека направивме добра работа“, додала таа.

Фото: “Блескаме со ваков мост на Плетвар непоправен 20 месеци?”

Опасен мост цели две години демнее на планинскиот превој Плетвар и никој не води грижа. Оградата е целосно уништена, а длабочината на бездната е повеќе од 30 метри.

Возачите нека бидат целосно претпазливи, особено овие денови кога поради врнежливото време коловозот е полизгав.

По втор пат се уништува споменикот на “Децата бегалци”: Министерството молчи? (Видео)

По втор пат вчерашното оштетување и вандализмот врз споменикот на Децата бегалци е уште еден доказ дека власта не се грижи за културното наследство – oва на денешната прес конференција го истакна Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Оштетен е делот со Султана, мајката на Гоце Делчев, на кој што пишува „Татковината копнеж за прогонетите“.
Кому му пречи Македонија и кому му пречи нашата историја!?

Споменикот на Децата бегалци ја симболизира голготата и маката на над 28 илјади деца, македонци од Егејскиот дел на Македонија.

Тие тргнаа, протерани на сила, талкаа по цел свет, се раѓаа, умираа, каде што патот ги водеше каде што ќе ги најдеше судбината.

Ве молам барем оставете го споменот за мртвите.

Недозволиво е власта да дозволи изживување со децата бегалци.

Неадекватниот однос со културните добра мора да запре. Апелираме веднаш да биде најден сторителот и истиот да биде соодветно санкциониран”.

“Што се крие на фотографијата, откриле само малкумина прилепчани?”

Низ улиците на Прилеп се наоѓаат еден куп нешта, па и еден ваков камуфлиран сообраќаен знак пред основно и средно училиште.

Инаку знакот означува “деца на патот”, а малкумина досега го виделе бидејќи е “вешто сокријан”.

Оснува возачите да бидат совесни и внимателни!