дома блог страница 2965

Доделен уште еден автомобил од наградната игра на Mozzart, остануваат уште два: Eве каде ќе се вози гланц нов Фиат 500 (Фото)

Заврши и втората етапа од големата наградна игра на Mozzart обложувалници, ПОГОДИ НАЈГОЛЕМА КВОТА, а на уплатното место во Скопје – Петровец, вчера го доделија вториот  FIAT 500. Во игра се уште два автомобили: 1 x Fiat 500 и 1 x Jeep Compass.

Игор Андевски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 11501,79 ќе го вози прекрасниот автомобил Fiat 500, а покрај тоа може и да се пофали со одлична парична добивка!

Наградната игра не завршува тука, бидејќи играчите во Mozzart обложувалници имаат 4 шанси за 4 автомобили! Во тек е третата етапа каде победникот со најголема квота ќе освои Fiat 500. Во последната, четврта етапа, најдобриот ќе го освои автомобилот Jeep Compass.

Во тек е третата етапа во која учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.11.2019 година до 21:00 часот на ден 30.11.2019 година и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на ден 01.12.2019 година до 21:00 часот на ден 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат. Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.

Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.

Целосните ПРАВИЛА НА ИГРА прочитајте ги ОВДЕ. 

(Фото+Видео) Браќата кои се спасија од Титаник: Цел свет слушна за нивната приказна

Мајкл Навратил бил во процес на развод од својата жена, која го добила старателството над нивните две деца Мајкл Јуниор (4) и Едмонд (2). Тој добил дозвола од сопругата децата со Титаник да ги одведе во Америка, а потоа настанала целата драма.

Се регистрирале како патници од втора класа, а за да ги избегне проблемите со француската полиција таткото на децата им запишал лажни имиња.

Кобната ноќ бродот започнал да тоне, а браќата од кабината ги изнел нивниот татко и уште еден човек. Ги одвеле до чамецот за спасување.

Тоа биле последните моменти кои ги поминале со нивниот татко. Меѓутоа, децата станаа медиумска сензација, бидејќи во тој момент не се знаело дали нивната мајка е жива. Ги нарекувале “сирачињата од Титаник”, а привремено биле сместени во куќата на преживеаната Маргарет Хајс која живеела во Менхетн.

Локвенец “удри” по Јованоски и Талески (ВИДЕО)

Наместо да се закануваат со тужби за навреда на честа и угледот преку соопштенија во неколку реченици, градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Совет, Миле Талески, веднаш да излезат пред јавноста и да одговарат на нашите прашања, ова вчера преку изјава за медиумите го истакна Ирена Стерјовска Локвенец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Кој и што гради во градскиот пазар во Прилеп? Дали постои градежна дозвола и дали се испочитувани сите законски процедури за градба? Што и дали е предвидено да се гради над дуќаните во комплексот “Филип Втори” во градскиот пазар? Дали, било каква градба е предвидена со Деталниот урбанистички план на општината на оваа локација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

Макрон: НАТО има мoзoчнa cмpт, Европа на paбот на бездна

Америка му врти грб на Европскиот проект. Време е за будење, предупредува Емануел Макрон  во интервју за британски „Економист“,  додавајќи дека од САД веќе не може да се очекува да ги бранат земјите членки на НАТО.

Она што во моментов минуваме може да се опише како мозочна смрт на НАТО. Европа е на работ на бездна, вели францускиот претседател.

Тој додаде дека Европа мора да започне да размислува стратешки за себе како геополитичка сила.

Во спротивно, Европа повеќе нема да ја контролира сопствената судбина, рече Макрон.

Макрон додаде дека досега Америка и Европа имале заеднички интереси и дека тој неуморно работеше на одржување на добри односи со претседателот Доналд Трамп.

Но, според него Америка за прв пат има претседател кој „не ја споделува нашата идеја за европски проект“ и тоа, дури и ако Трамп не победи на следните избори, историските текови ги го направија своето и ги разделија старите сојузници.

На прашањето дали верува во ефективноста на член 5 на НАТО или во идејата дека во случај на напад врз членка на НАТО, ќе им дојде помош на сите други земји-членки, за кои многу аналитичари сметаат дека се главното средство за спречување на напад врз членките на НАТО, Макрон одговори:

Не знам. Но, што ќе значи член 5 утр?

Ќе ја бранат титулата државен првак: New Generation од Прилеп активно се подготвуваат за натпреварот “Dance Off” (Видео)

Најдоброто училиште за танци од Прилеп, “New Generation”, деновиве активно се подготвува за натпреварот “Dance Off Skopje Macedonia 2019”.

Toa е истиот натпревар каде минатата година се одржуваше Европското првенство во “Street dance” и “Hip-Hop”, a прилепскиот клуб зеде учество.

Оваа година од New Generation ќе настапат со формација во “street dance”, категорија каде ја носат титулата државен првак.

Од клубот очекуваат голема конкуренција од клубови со далеку поголеми финансии и спонзорства, но нивното најголемо оружје е танцувањето.

Покрај тоа, од клубот ќе се натпреваруваат со две групи во “техно денс”, како и соло точки во “Хип-Хоп”.

Утрово под Босфор во Истанбул помина првиот кинески воз: Азискиот дел се поврза со подводен тунел со европскиот

Кинескиот товарен воз „China Railway Express“, што од Кина тргна на пат за Европа, утринава мина низ тунелот Мармарај, под Босфор, и од азискиот мина во европскиот дел на Истанбул, јави агенцијата Анадолија.

Станува збор за првиот товарен воз што мина низ Мармарај и што директно ги поврва Кина и Европа, односно градовите Џихан и Прага.

Големиот товарен воз низ тунелот мина во две компоненти, од кои едната ја влечеше локомотива на „Турски железници“, а втората локомотива на „Железници на Кина“.

Вкупно 42 вагони натоварени со електрични производи за 12 дена по шини ќе минат 11.483 милометри, низ 10 држави и две мориња.

Со ова, возот долг вкупно 820 метри стана првата товарна композиција што на шини директно стигнала од Кина до Европа.

Турскиот министер за инфраструктура Чахит Турхан вчера во Анкара изјави дека периодот на транспорт на стоката од Кина до Турција и натаму кон Европа е значително намален со отворање на пругата „Железен пат на свилата“, што ги спојува Турција и Казахстан, како и со отворање на железницата и тунелот Мармарај, што под Босфор ги спојува Азија и Европа.

Извор: “denesen.mk”

Вечерва се отвора небото пред големиот христијански празник: Ако не сте дома за Митровден, цела година ќе ви се случува ова

Св. великомаченик Димитриј – Митровден се празнува на 08. Ноември. Утре именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се родил во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го поставил Димитриј на истото место и посебно му препорачал да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонел, туку и јавно ја исповедал и проповедал верата во воскреснатиот Христос.

Штом слушнал за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, свратил во Солун, за да ја испита работата.

Го повикал Димитриј, кој не ја одрекувал својата вера и дури и го убедувал цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневил и го фрлил Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погубил.

Некои христијани го зеле неговото тело и чесно го погpeбале.

На тоа место подоцна била подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти. За овој ден постои верување. Во пресрет на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Паника во Парламентот на БиХ: Од Белград стигнал коверт со kypшум и мopчнива порака

Во зградата на Парламентот во Босна и Херцеговина, преку пошта стигнал коверт во кој имало kypшум.

Ковертот, според првичните информации, пристигнал од Белград, а kypшумот бил спакуван во тувер. Пратката била примена на портирница во Заедничката служба на институциите во БиХ.

Во ковертот имало и порака: „Со верба во Бога на живот или cmpт“, а внатре имало и фотографија од мpToвечка глава.

Како адреса на примач бил наведен Парламентот на БиХ, но не било назначено за кој е наменето писмото. Полициските службеници веќе работат на расветлување на случајот. Како што пишуваат медиумите, станува збор за kypшум калибар 765.

Важно соопштение до сите жители на Прилеп: Денеска избегнувајте го овој регион

Во рамките на планските активности на Министерството за одбрана, денеска, 7.ноември 2019 година, во периодот од 08.00 часот до 16.00 часот, на гарнизонското стрелиште „Леково“ – Прилеп, ќе се изведуваат боеви гаѓања од
пешадиско вооружување.

Од тие причини, се известуваат граѓаните во наведениот датум, реон и време, да не изведуваат дополнителни активности, за да не дојде до несакани последици – стои во соопштението.

Видовит битолчанец, за малку ќе ги “изгopeл”

На битолчанец малку му недостигало да му земе на “Моцарт” 4.250.000 денари. Тој успеал да погоди три точни резултати на натпреварите од Лигата на шампиони, а натпреварот Лион-Бенфика го типувал 1:3, наместо 3:1 како што заврши во вторникот вечерта.

Погледнете што погодил и ќе ви падне и вам жал: