По втор пат се уништува споменикот на “Децата бегалци”: Министерството молчи? (Видео)

По втор пат вчерашното оштетување и вандализмот врз споменикот на Децата бегалци е уште еден доказ дека власта не се грижи за културното наследство – oва на денешната прес конференција го истакна Трајче Димков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Оштетен е делот со Султана, мајката на Гоце Делчев, на кој што пишува „Татковината копнеж за прогонетите“.
Кому му пречи Македонија и кому му пречи нашата историја!?

Споменикот на Децата бегалци ја симболизира голготата и маката на над 28 илјади деца, македонци од Егејскиот дел на Македонија.

Тие тргнаа, протерани на сила, талкаа по цел свет, се раѓаа, умираа, каде што патот ги водеше каде што ќе ги најдеше судбината.

Ве молам барем оставете го споменот за мртвите.

Недозволиво е власта да дозволи изживување со децата бегалци.

Неадекватниот однос со културните добра мора да запре. Апелираме веднаш да биде најден сторителот и истиот да биде соодветно санкциониран”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.