дома блог страница 2963

(Фото) Нарачала торта во облик на еднорог: Кога ја добила и било срам да ја покаже пред гостите- погледнете зошто

Александра Шредер од американскиот град Мичиген долго го планирала петтиот роденден на својата ќерка, но вели дека се се претворило во катастрофа поради слаткарницата Whipped Bakery.

Александра од таа слаткарница нарачала торта во облик на еднорог и изнајмила простор за 13 луѓе. Сетоа тоа го платила 350 долари, но вели дека слаткарницата обезбедила само една маса и 6 столчиња.

-Ми рекоа дека гостите може да стојат – рекла разочараната Американка за „19 News”.

Тортата вели, била далеку од очекувањата.

-Рогот кој излегуваше од тортата беше срамен. Се гледаа траги од прсти на него и не беше златен. Кога прашав дали може да ја видам тортата пред забавата ми рекоа дека не е готова – рекла Александра која се пожалила на социјалните мрежи, откако од слаткарницата ја обвиниле дека таа и нејзините гости го уништиле просторот за забава.

“Професорите изневерени од СОНК, ништо од барањата за плата и К-15?”

СОНК и Министерството за образование се договорија од 1 јануари просветните работници да добијат покачување на платите од 10 отсто, иако СОНК претходно бараше покачувањето да биде за 25%.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека на состанокот биле отворени и други прашања, како што се регрес за годишен одмор, трошоци за превоз до работните места и друго. Тој нагласи дека тука не запираат преговорите и за остварување на другите барања.

„Оваа средба создаде историски момент. Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари, 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, истакна Адеми по денешната средба со претставниците од СОНК.

Барањето за регрес за годишен одмор, како и почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови на наставниците беа дел од барањата на СОНК и претходно кои сега засега остануваат неисполнети.

Единствено нешто што добија просветарите од вака договореното е тоа што покачувањето за 10% нема да биде од април идната година, туку од јануари.

Maкедонка избрана за градоначалник во општина со 200.000 жители во градот Мелбурн

Емилија Лиза Стерјова е избрана за најмлад градоначалник жена на општината Вителси (Whittlesea) во градот Мелбурн, Викторија.

Емилија Лиза Стерјова за првпат беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината.

Од ноември 2017 до ноември 2018 година Емилија Стерјова беше заменик на градоначалникот на општина Вителси.

Општина Вителси брои 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители. Општината има Совет од 11 советници кои волонтерски ја вршат советничката функција. Советниците се избираат со мандат од четири години, а градоначалникот го избира Советот од редот на советниците за време од една година.

Емилија Стерјова по потекло е Македонка.

Емилија Стерјова се залага за подобрување на транспортната и патната инфраструктура во општината, како и за подобрување на услугите за младите и обезбедување на поголема поддршка на групите и нивните клубови на локалните заедници.

Емилија Стерјова е член на Советот на Фестивалот за народна музика во Вителси, член е на Комитетот на Средното училиште за капелани во Вителси и член на Групата за младинско управување на Вителси.

Емилија Стерјова во моментов е пред дипломирање на студии за право и меѓународни односи во Индонезија.

Светскиот Македонски Конгрес и’ посакува успешно остварување на доверениот мандат.

Koмити со најмоќна порака досега: Тој не е Македонец по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување!!

Вардар утре игра дерби дуел против Келце, гостува во Скопје Карачиќ, а по тој повод и „Комити“ излегоа со соопштение за утрешниот дуел.

“Има многу играчи кои ќе не задолжија со своето залагање, борбеност, талент и харизма, многумина кои ни подарија моменти на кои секогаш ќе се сеќаваме, на кои ќе се гордееме и ќе раскажуваме дека сме имале привилегија да сме нивни современици и да ги доживееме…

Тешко е да доловиме што е она што значи овој човек за нас и за Вардар, но ако мора да има еден кој вечно ќе стои високо на пиедесталот, ако има еден на кој треба името да му го славиме а не е во Вардар, ако има еден кој заслужува да му биде подигнат споменик, тој не е Македонец а по род, но е Комита и Македончиште по душа и убедување…Тој е тој – Игор Карачиќ !!! Да му се поклониме и заблагодариме за сите солзи и радости, за сите моменти поминати заедно”, напишаа “Комити” на Фејсбук.

Една поинаква кума и обичај кој досега не сте го виделе (ВИДЕО)

Сме виделе секакви адети, традиции и обичаи, но ова е нешто посебно. Кумата се качува на покривот од куќата на младоженците и крши ќерамиди, а сите други и фрлаат пари.

Погледнете:

Профилот на Инстаграм го има само еден месец, а веќе руши рекорди: Џенифер Анистон ги полуде обожавателите (ФОТО)

Актерката Џенифер Анистон неодамна отвори свој профил на друштвената мрежа Инстаграм. За нејзината популарност на Инстаграм говори фактот дека за помалку од еден ден, таа собра 4 милиони лајкови.

Таа објави фотографија на која и се гледа грбот, облечена во елегантен фустан.

Денес е Св.Димитриј – Митровден, среќен именден Димитрија, Митре, Димка, Митра

Денеска е Св. великомаченик Димитриј – Митровден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век.

Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.

Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Таравари: Со автомобилот на братот на заменик директор на финансиска полиција се распродаваа нapkoтици во Тетово

Новиот заменик директор на финансиска полиција, по професија е борач, а пред неколку месеци со колата на неговиот брат, кој е инспектор во МВР Тетово, се распродаваа нapkoтици во Тетово, и нормално случајот немаше разрешница, пишува на социјалните мрежи градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Извор: kurir.mk

Земjoтpec во Прилеп, Битола и Ресен

Неколку земjoтpecи биле почуствувани утрово во Македонија.

Земjoтpec со епицентар во Албанија, а јачината била 3 и 2,2 степени според Рихтep.

ЕРДОГАН СЕ ЗAKAHИ: “На мигрантите ќе им ги отвориме вратите за Европа”

Турција ќе мора на сириските бегалци да им ја отвори вратата кон Европа доколку Европската унија не ја поддржи доволно Анкара, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека Турција не може сама да го понесе овој товар.

Турција сака да воспостави “сигурна зона” на североистокот од Сирија, каде што околу 2 милиони сириски бегалци може да се населат откако регионот “ќе се исчисти од курдската полиција”. Анкара во повеќе наврати ја повика Европската унија да и помогне на Турција во прифаќањето на 3.5 милиони бегалци.

“Добиле поддршка или не, ќе продолжиме да им помагаме на гостите на кои им сме домаќини. Но, ако во тоа не успееме, тогаш ќе мора да ја отвориме вратата”, изјави Ердоган на конференција за новинарите заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.