Лејди Гага конечно искрено одговори дали е во врска со Бредли Купер – пејачката ја откри вистината

Актерот и режисер Бредли Купер и неговата партнерка во филмот „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага и понатаму се една од главните теми во медиумите, а сето тоа поради наводите дека познатиот пар за време на снимањето наводно запливил во врска.

Ваквите тврдења дополнително се подреаа откако актерот и пејачката Бредли ја раскина врската со манекенката Ирина Шајк, а Гага го напушти вереникот Кристијан Карин, агентот за таленти.

Сепак, Лејди Гага одлучи да проговори за оваа тема која повеќе од една година го интересира светот.

„Да бидам сикрена, мислам дека медиумите се блесави. Направивме вистинска љубовна приказна! Сакавме луѓето да поверуваат дека сме заедно. На настапот на доделувањето на Оскарите, сакавме да пренесеме љубов низ камерата и за тоа вежбавме со денови. Сето тоа беше исрежирано“, рекла Гага за ELLE.

„Мислам дека направивме добра работа“, додала таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.