дома блог страница 2921

Ова е повалкано од тоалетната школка и од мобилните телефони, а секој ден го носите во раце

Веќе е докажано дека ВЦ школката не е највалканото место во нашиот дом и дека кујнскиот сунѓер и мобилниот телефон имаат повеќе бактерии, но никој не размислил за женските торби.

Ајде сетете се кога последен пат, и дали воопшто некогаш, сте ја испрале или пребришале торбата која секојдневно ја носите со себе каде и да одите. Со оглед на сите работи кои ги носите внатре, но и на тоа дека никогаш не ја чистите, торбата важи за највалканиот предмет воопшто.

Една британска компанија спровела истражување во кое дошле до заклучок дека повеќето жени никогаш не ја чистат внатрешноста на торбата, а некои велат дека е повалкана дури и од ВЦ школката.

Ќулавкова за мултиетнички македонски народ: Има ли крај на ова зло?

Професорката Катица Ќулакова на твитер напиша статус, коментирајки ја изјавата на премиерот во заминување Зоран Заев кој деновиве зборува дека македонскиот народ е мултиенички народ.

“Мултиетнички македонски народ„: Апсурдна и ступудна теза, неподнослива леснотија на т.н автентично толкување на поимот народ, политички башибозлук, антимакедонска стратегија, непоправлива штета! Има ли крај на ова зло?Запраша професорката Ќулавкова на твитер.

(Видео) “Град на духови” од кој ќе ве полазат морници: Еве зошто жителите го напуштиле

Во перспективното рударско градче Акармара, на крајот на 70-тите живееле најмалку 5.000 жители, а денес ги има само 35, па овој град со право се нарекува “град на духови”.

Во градот одат туристи кои сакаат бизарни локации. Во целиот регион живееле околу 40.000 луѓе, а Акармара бил град во близина на метрополата Ткварчели, пишува порталот Паст Ремнантс.

Жителите го напуштиле градот поради неисплатливоста на индустријата со јаглен, падот на СССР и опcaдата на градот Ткварчели од страна на грузиските сили на почетокот на 90-тите.

Ова се причините поради кои судиот и го одзеде синот на Северинa

Целиот регион е шокиран од пресудата на судот во Загреб, според која Северина Којиќ во четвртокот беше лишена од старателство врз нејзиниот син Александар и тој му беше доделен на Милан Поповиќ.

Практиката покажува дека малолетни деца најчесто припаѓаат на нивната мајка во случај на развод. Исклучоци од ова се случаи поради природата на работата, третманот, издржување затворска казна, како и кога мајката го пренесува старателството над таткото.

Ова се дел од причините поради кои го изгубила старателството:

Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа); На социјалната работничка и рекла дека е крава; Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење; Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец; Училиштето поднело пријава за занемарување на детето; Медиумска изложеност на детето.

Целиот регион се крена на нозе откако случајот излезе во јавноста, мислењата се поделени. Сепак поголемиот дел од естрадата и даде поддршка на Северина, иако судот не го дели нивното мислење.

Снегот пристигна во Македонија: Еве каде вее моментално (ФОТО)

ФОТО/babambitola.mk

Снегот пристигна на Пелистер и во ски центарот Нижеполе – објави порталот “babambitola.mk”.

Еве како изгледа Нижеполе моментално:

Победа му врати на Осогово за трите последователни порази: Пyкна петарда на Могила

Попладнево на стадионот на Могилата во натпревар од последното есенско 14-тто коло на Втората лига-Исток фудбалерите на Победа го совладаа Осогово со 5-1, полувреме 3-1. Оваа трета победа воедно е и најубедливата за црвено-белите во овој есенски дел од шампионатот.

Малубројните љубители на фудбалот по студено и ветровито време видоа 6 голови и неколку неискористени шанси на домашниот состав. Победа во најголемиот дел на првиот дел не успеваше да креира некоја поголема опасност кон гостинскиот гол.

Императивот на самиот натпревар и значењето на бодовите создаде дополнителен притисок врз домашниот состав чии фудбалери играа на моменти брзоплето со доста технички грешки. По ударот со глава на Колевски крај голот во 13-тата минута, Митрески не искористи убава шанса од 7-8 метри. Набргу потоа студен туш за домаќините и малубројните гледачи.

Дунимаглоски загуби топка на центарот по што Осогово креира брз противнапад-искусниот Стојков одигра паралела на 5-ецот и го пронајде осамениот Стојменов на втората статива кој ја затресе мрежата на младиот домашен голман Столевски за 0-1.

Гостинското водство создаде дополнителен притисок кај Победа која беше исправена пред предизвикот да врати со брз гол. Гешоски се обиде откосо – биеше силно но и непрецизно крај голот. За среќа во 42-рата минута го видовме најубавиот момент на мечот за израмнување на резултатот на 1-1. Наумоски со евро-гол од 25 метри во самиот голмански агол го најави целосниот резултатски пресврт и фуриозниот финиш на домаќините.

Во 43-тата минута ја видовме најубавата акција на мечот. Комбинираа Наумоски и Митрески кој биеше гостинскиот голман кратко одби а на одбиената топка натрча и без проблеми во голот ја пласира Гешоски за водство на Победа од 2-1. Капитенот на Победа во 45-тата минута го постигна и 6-тиот овосезонски гол.

Од сопствената половина доби употреблива топка по страна од Митрески, по што Гешоски енергично тргна кон гостинскиот гол, влезе во 16-тникот и рутинирано пласираше покрај немоќниот Богдановски.

Вториот дел донесе многу подобра игра на црвено-белите. Убедливото водство од 3-1 од првиот дел влеа дополнителна самодоверба и придонесе да се одигра далеку помирно и без ризик. Победа доминираше на теренот, делуваше далеку посигурно што резултира со уште два гола во гостинската мрежа на Јошески во 62-та и Митрески во 91-ата за конечни 5-1.

Победа:Столевски, Д.Наумовски, Најдовски, Магловски, Колески, Дебрешлиоски (од 46 мин Вецески), Дунимаглоски (од 80 мин С.Спиркоски), Б.Наумоски, Јошески,Митрески и Гешоски(од 61 мин Ристески).

Резултати 14 коло: Победа-Осогово 5-1, Тиквеш- Брегалница 0-2, Беласица-Плачковица 4-2, Каменица Саса- Кожуф 3-1 и Кит Го-П.Гули 3-1.

Табела: Беласица 34, Брегалница 31, Кит-Го 30, Тиквеш 27, Кожуф 26, Каменица Саса 20, Плачковица 12, Победа 11, Осогово 6 и П.Гули 3 бодови.

Двојки за следно 15 коло (напролет): П.Гули-Победа, Осогово-Беласица, Тиквеш-Каменица Саса, Плачковица –Кожуф и Брегалница-Кит Го.

Oблоги од зелка и мед се бpза помош дома: Еве како медот и зелката успешно лекуваат кашлица и бpoнxитиc

Еден од најпознатите и ефективните начини за кашлање е лист од зелка со мед, ова е „златно” средство против кашлица.

За ова лечење нема ограничување на возраста, подеднакво е ефикасно и за малите деца и за возрасните.
За да го почнете лечењето ви треба една зелка и мед.

Еве што треба да направите:

Полека одделете еден лист од зелката. Листот од зелка треба да го спуштите во врела вода неколку минути. Ќе стане топол и мек. Потоа намачкајте ја едната страна со мед. Ставете ја страната каде што медот на градите. Ставете најлонска кеса над зелката и завиткајте ја со шал или пешкир. Подобро е да се стави пред спиење.

Ако кашлицата е силна, ќе бидат потребни два листови од зелка – едниот поставен на градите, а другиот на задниот дел. Облогот тргнете го утрото. Кожата избришете ја со влажна крпа или измијте го местото каде што бил облогот, и се што тој извлекол.
Ако бронхитисот е на почетокот, резултатот ќе биде видлив по првата постапка. Третманот се спроведува од пет до седум ноќи. И наскоро, од кашлањето нема да има никаков траг.

Активните состојки на медот и зелката, како и топлината, придонесуваат за намалување на кашлицата и исчезнување на воспалителниот процес. Можете медот наизменично да го замените со топло рицинусово масло.

Извор: “Denesen.mk”

(Фото) Мистериозен брод плови од Русија кон Сирија: Путин му праќа контениери на Асад, но никој не знае што има во нив

Огромниот брод “Спарта” исплови од Русија и се упати кон Сирија, а на него има над 400 контениери со мистериозна содржина, пишува “Ал Маздар Њуз”.

Бродот веќе го помина Босфорот и плови по Средоземно море.

Бродот е со големина на фудбалски терен, кој може да носи 450 контениери, од кои секој е тежок најмалце 22 тони.

Вељко Ражнатовиќ по свадбата влегува во рингот

Вељко Ражнатовиќ кој е професионален боксер се подготвува за следниот меч.Тој во ринот влегува на крајот на ноември, само неколку денови по свадбата која ќе ја прави со неговата вереница Богдана.

Тој ќе боксува во Бања Лука а во првите редови покрај идната сопруга ќе биде и мајката Цеца и сестрата Анастасија.

Тој очекува сигурна победа бидејќи е под водство на професионален тим, а за борбата постои заинтересираност од неколку телевизии.

Водителот на “Кој сака да биде милионер”: “Цел свет прифати Северна, но за мене секогаш ќе биде само Македонија” (Видео)

Секоја чест за ставот на шармантниот водител на квизот “Кој сака да биде милионер”, Тарик Филиповиќ. За останатото нема потреба да се коментира, погледнете во продолжение:

ВИДЕО: MOTИКА.МК