дома блог страница 2922

(Видео) Шok, тага и неверување: Се појави снимка од соблекувалната на Барселона по поразот од Ливерпул- еве што правеше Меси

Барселона најболниот пораз во клубската историја го доживеа минатата сезено на “Енфилд” против Ливерпул.

Шампионот на Шпанија во Ливерпул стигна со предност од 3-0 во повратниот меч од полуфиналето во Лигата на шампионите, но успеаа да ја прокоцкаат.

Екипата на Јирген Клоп триумфираше со резултат 4-0 на 7 мај пред своја публика и на крајот ја освои европската титула.

„Колку пари општина Прилеп ќе му даде на братот на Сашо Орданоски?“

“КОЛКУ ПАРИ ОПШТИНА ПРИЛЕП ЌЕ МУ ДАДЕ НА БРАТОТ ОД САШО ОРДАНОСКИ ???

Пред извесно време Фондот за иновации, како и на сите останати, така и на братот на Сашо Орданоски – Ванчо Орданоски, на сомнителен начин му додели 250.000 евра за проект, чија што компанија „Инфопројект“ веднаш беше обвинета од страна на индиска компанија со тврдење дека станува збор за плагијат.

Нечекајќи да се докаже или отфрли вината за проектот „Екомонитор“, градоначалникот на општина Прилеп поита да го имплементира истиот тој сомнителен проект.

Зошто, како и кој одлучил токму овој проект да се воведе како пилот-проект во општина Прилеп, одбегнувајќи ги законските тендерски процедури? Колку пари ќе ја кошта општина Прилеп имплентацијата на истиот и дали станува збор за промоција, перење и меѓусебна распределба на украдени пари, се прашања кои остануваат отворени.

Како и да е, од 6 мерни станици ќе се мери (не)квалитетот на воздухот во Прилеп, па ако градоначалникот не е задоволен од измерените резултати, нема да го набави производот.

А дека не е можно да се штелуваат резултатите во мерните станици на Орданоски, веруваме исто онака како што верувавме дека не е можно да се штелуваат и добитниците на средствата од Фондот за иновации”, напишаа од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

AНКЕТА: За студентите Мицкоски е еден од најдобрите професори на Машинскиот факултет

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов повторно држи пропаднати прес-конференции. Иако се одвикна од држење прес-конференции пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се уште не се одвикнал и ја користи старата практика да изнесува лажни вести пред јавноста.

Една од последните прес-конференции на Костадинов беше посветена на универзитетската кариера на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, професор на Машинскиот факултет.

Мицкоски е најлошиот асистент на Машинскиот факултет. Мицкоски е најлошиот директор на ЕСМ. Мицкоски е најлошиот лидер на опозицијата. Неговата кариера ниту е професионална, ниту е академска, ниту е политичка. Неговата кариера е измамничка и манипулативна, рече Костадинов на прес-конференција одржана во четвртокот.

Сакајќи да го дискредитира, Костадинов изнесе куп лаги, кои ги демантираат анкетите на Машинскиот факултет направени меѓу студентите. Сакал да признае или не, Костадинов нема избор освен да ја прифати вистината, зашто поголема веродостојност од неговите зборови можат да имаат само фактите изнесени од студентите.

Според една анкета спроведена меѓу студентите за интерни потреби на факултетот, предавањата на Мицкоски им биле од голема корист, биле јасни и прецизни и почнувале навреме. Мицкоски предавал според зададената лидетераура, а и на тестовите не поставувал нејасни и прашања надвор од темата, а, пак, студентите задоволни од предавањата, редовно ги посетувале и ги извршувале задачите.

Самсоненко: Државата ми вети помош… излажаа… не можам понатаму

Првиот човек на Вардар, Сергеј Самсоненко, во интервју за неделникот „Фокус“ зборуваше за актуелната состојба во тимот и истакна дека во изминатите години, додека тој е на чело на македонскиот спортски бренд, за сите колективи потрошил преку 100 милиони евра.

Рускиот бизнисмен долги години е инвеститор во Вардар, а под негова капа дојдоа најголемите успеси на клубовите, меѓу нив двете европски круни со РК Вардар, групите на Лига Европа со ФК Вардар, како и неколкуте Ф4-турнири во низа во женска ракометна конкуренција.

„Сто милиони евра сум потрошил на спортски екипи во земјава. Сè уште ги финансирам машкиот и женскиот ракометен тим на Вардар и истоимениот фудбалски клуб. Како ќе биде понатаму не зависи само од мене, зашто не сме излезени од финансиската криза. Се разбира, јас ќе ги исплатам сите вработени и играчи, кои се апсолутно коректни, а понекогаш херојски се однесуваат во натпреварите. Не е прашање дали сакам или не, многу години финансирам и тешко се издржува, немам толку пари. Секоја година оди сè потешко. Кога по вторпат освоивме титула во Лигата на шампионите, ми беше ветена помош од различни институции во државата и јас уште чекам на таа помош, зашто без неа не би можел да издржам понатаму“, изјави Самсоненко.

Сергеј Самсоненко претходно неколку пати јавно упати апел до сите бизнисмени во земјата да му помогнат, за Вардар да остане во ист лик и да се бори за највисоките дострели на европската мапа.

Целото интервју, во кое Сергеј Самсоненко детално објаснува за поврзаноста меѓу оваа структура на луѓе, а воедно говори и на повеќе други теми, прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Слеп пензионер сам си изградил куќа: Кучето му било единствен помошник кое му помагало во изградбата (ВИДЕО)

Рускиот пензионер Владимир Крисанов, кој потекнува од едно село во Разанската област и покрај тоа што е слеп, вели дека успеал да си изгради куќа. Единствен помошник му било неговото куче.

„Морав да изградам нова куќа, затоа што старата речиси ми беше веќе срушена. Моето куче ми беше навигатор. Без него ништо не можев да направам“, изјавил Крисанов.

Русинот вели дека со градбата почнал во 2010 година, а прво имал во план само да ја надогради летниот балкон. Но, како почнала куќата сè повеќе да се руши, Крисанов вели дека почнал да се соочува со нови маки.

Почнал да собира дрва и даски, а во работата само се ослонувал на слухот и допирот. Крисанов вели дека луѓето не можеле да веруваат со што се занимава, затоа што не можел да гледа. На сите кои ќе ме прашаа само им одговарав – „Куќата стои“.

За жал имало и такви кои се обиделе да му наштетат. Една фирма за изградба на прозори, го измамила за 25.000 рубљи, односно околу 350 евра. Друга фирма во трошоците му наплатила прозори со двојни стакла, но за среќа, Крисанов вели дека се појавиле и луѓе со добра волја, кои многу му помогнале.

Говорејќи за квалитетот на градбата, Крисанов вели дека неговата мајка живее со него две години и досега не се пожалила, пренесува Life.ru.

Eмоција и сеќавање: Составите на Победа од 1990-1999 година (ФОТО)

Порталот “Оldprilep.com” oбјави фотографии од составите на прилепска Победа во периодот од 1990-1999 година.

Ова се фотографии кои кај многумина ќе предизвикаат емоција и враќање на сеќавањата.

ФК „Победа“, 1991: Томе Георгиев, Жарко Адамчески, Александар Јошески, Денис Трајкоски, Јован Иванов, Тоде Тодороски, Зоран Мицевски, Ѓоко Илиевски, Благојче Ѓорѓиоски, Јанко Николоски, Благоја Милески, Гордан Наумоски, Благоја Смоквоски, Дарко Крстески, Божо Милошоски, Милан Петрески, Тони Наумоски, Гоце Маркоски, Петар Митрев, Благоја Филипоски, Марјан Стојкоски;

ФК „Победа“, 1994: Митко Илиев, Тони Наумоски, Папе Филипоски, Љубе Милески, Зоран Мицески, М. Стојаноски, Б. Милошески, Гоце Маркоски, Јово Иванов, Сиљаноски, Дарко Крстески;

Oстанатите фотографии погледнете ги ТУКА

Од утре минусни температури, од вторник снег

Дневните температури од утре ќе бидат значително пониски, а утринските на повеќе места ќе се спуштат под или околу нулата.

Од понеделник ќе има променлива облачност, а во вторник врнежи од дожд кои особено на север ќе поминуваат во снег, како и на повисоките места.

Во понеделник и од среда ќе има услови за појава на утринска магла.

Се затвора манастир од среден вeк: Главната калуѓерка се вљубила

Италијански манастир отворен во средниот век го најави своето затворање откако главната монахиња се вљубила.

Манастирот во италијанската општина Сансеполкро, потекнува од 1611 година. Во него во овој миг има три монахињи, сите помлади од 18 години.

Главната сестра Марија Тереза (40) ја прекинала врската со мажот, но сепак останува на одлуката да го напушти манастирот.

-Она поради што страдам ќе ме обележи за цел живот и ќе ми биде тешко во иднина да имам каква било врска со црквата, изјави таа.

Моќен сок за имунитет и слабеење: Исфрла од телото се’ што штети

Овој сок успешно ги симнува килограмите, го снижува притисокот и го зајакнува имунитетот.

Морковот ги јакне ѕидовите на крвните садови и срцевиот мускул, го намалува нивото на лошиот холестерол и спречува мозочен удар, атеросклероза, проширени вени…

Ѓумбирот е најсилен антиинфламатор. Коренот може да ги ублажи болките во мускулите и да ја подобри дигестијата. Ѓумбирот го снижува крвниот притисок, го храни мозокот со кислород, богат е со витамини од групата Б, како и со аскорбинска киселина. Ја забрзува циркулацијата на крвта, го подобрува метаболизмот.

Лимонот е извор на витамин Ц, го подобрува имунитетот, игра клучна улога во формирањето колаген.

Лукот е клучна состојка во овој моќен сок. Тој е природен антибиотик, па се користи за лекување инфекции. Го намалува крвниот притисок, а сојузник е и во борбата против канцер.

Јаболковиот оцет е волшебен еликсир богат со минерали и ензими, како и витамини. Помага во подобрувањето на работата на дигестивниот систем, се бори против киселините, го регулира нивото на шеќер во крвта.

Состојки:

4 средни моркови

2,5 сантиметри корен од ѓумбир

2 лимона (излупени)

2 чешниња лук

1 супена лажица јаболков оцет

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во соковник. Пијте го два дена сокот што ќе го добиете. Се пие три пати дневно. Остатокот чувајте го во фрижидер. Не смее да стои подолго од 36 дена.

За пофалба! Охридските хотели ги отворија вратите и нудат бесплатно сместување за 60 жители од Драч

Страв ,паника и чувство на несигурност кај жителите од Албанија после катастрофалниот земјотрес.Со оглед на тоа дека по разорниот потрес тлото не се смирува семејставата масовно се иселуваат плашејќи се да останат во нивните домови. Со солзи во очите Павли од Драч кој е сместен во Охрид раскажува дека после 60 години живеење во Драч не е лесно да се напушти родната земја тој вели дека чекаат стручните лица да направат проценка колку се безбедни нивните згради – објави “ТВ СИТЕЛ”.

Дел од охридскиот хотели ,вили и приватни апартмани ги отворија портите и нудат бесплатно сместување а рестораните храна.Околу 60тина жители на Драч моментално се сместени во Охрид но бројот според Црвениот крст се очекува и натаму да расте.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека семејставата кои моментално се сместени покрај охридското езеро се лица од најзагрозениот дел во Албанија каде имаше најмногу жртви и материјални штети.

Прилогот на “ТВ СИТЕЛ” погледнете го TУКА