Ова се причините поради кои судиот и го одзеде синот на Северинa

Целиот регион е шокиран од пресудата на судот во Загреб, според која Северина Којиќ во четвртокот беше лишена од старателство врз нејзиниот син Александар и тој му беше доделен на Милан Поповиќ.

Практиката покажува дека малолетни деца најчесто припаѓаат на нивната мајка во случај на развод. Исклучоци од ова се случаи поради природата на работата, третманот, издржување затворска казна, како и кога мајката го пренесува старателството над таткото.

Ова се дел од причините поради кои го изгубила старателството:

Одбивање соработка со институциите (недоаѓање на рочиштата и неодговарање на повици од Центарот за социјална работа); На социјалната работничка и рекла дека е крава; Го прогласи својот поранешен сопруг за селанец на судење; Не дозволуваше детето да оди на училиште повеќе од еден месец; Училиштето поднело пријава за занемарување на детето; Медиумска изложеност на детето.

Целиот регион се крена на нозе откако случајот излезе во јавноста, мислењата се поделени. Сепак поголемиот дел од естрадата и даде поддршка на Северина, иако судот не го дели нивното мислење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.