дома блог страница 2916

“Финална анкета за кандидат за пратеник од СДСМ Прилеп”

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат.

Пред извесно време преку нашиот портал спроведовме анкета за тоа кои луѓе од СДСМ како владеачка партија треба да се најдат на пратеничката листа за четвртата изборна единица.

Меѓу понудените кандидати ги ставивме актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

Според резултатите кои ги добивме за четворицата кандидати, во изминатите 3 дена гласале 1573 наши читатели.

Прв изби Никола Багески, кој на анкетата доби 491 гласови, на второ место беше Зоран Пачешкоски со добиени 432 гласа, на трето место се најде Миле Талески со добиени 349 гласа и четврти беше Кристијан Пиличев со освоени 301 гласови.

Сепак, колку овие бројки го одразуваат вистинското расположение кај граѓаните и пред се вистинската доверба на партиските органи во нив, ќе видиме идната година пред изборите кога партиите ќе излезат со официјални кандидати за пратеници.

Во наредната анкета ќе ги ставиме првите двајца кандидати на претходната, како и името на актуелниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.

[democracy id=”48″]

(Видео) Ким Јонг Ун свечено отвори нов град – вложи многу пари, а еве што се има во него

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го отвори новиот град Самџијон, монументално градилиште на границата на Северна Кореја, јавуваат денеска државните медиуми.

Градот е сместен недалеку од планината Паекта која според легендата се смета за колевка на корејската нација.

Пјонгјанг вложил огромна сума во проектот за обнова на градот, кој уште не е завршен. Самџијон е главниот град на округот на границата со Кина и според севернокорејската пропаганда е местото на раѓање на Ким Џонг Ил, таткото на Ким Џонг ун.

“Sport Life” ве води на ЕУРО во ракомет 2020: Еве како да добиете карти за сите натпревари на Македонија во групната фаза

Започна акцијата на Sport Life „Навиваме заедно“. Играчите на Sport Life ќе се натпреваруваат за пакет-аранжман за двајца во Виена на Европското првенство во ракомет (мажи) – ЕУРО 2020.

„Сè е подготвено да навиваме заедно за нашата ракометна репрезентација директно на трибините на Европското првенство во ракомет. Тројцата прворангирани играчи со највисоки погодени вкупни коефициенти во периодот на акцијата добиваат пакет-аранжман за две лица на Европското првенство во ракомет во Австрија со вклучен автобуски превоз, сместување во хотел со 3*, 4 ноќевања со појадок и обезбедени влезници за сите натпревари од групната фаза на македонската репрезентација.“

Акцијата важи за тикети со една комбинација, тикети во живо и микс тикети, уплатени со приложена Sport Life клуб-картичка, во периодот од 29 ноември до 26 декември 2019 г.

Повеќе информации за акцијата „Навиваме заедно“ како и водечките коефициенти можете да ги видите на веб страницата на Sport Life.

Сообраќајка на патот Кавадарци-Прилеп, отежнат сообраќајот

Поради сообраќајка претпладнето од 10:10 часот на патниот правец Кавадарци- Прилеп сообраќајот се одвива наизменично по една лента.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите поради можност од појава на одрони. Тоа однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Макрон и yдpи шaмap и на Србија: Ваковиот потег Србите не го очекуваа

Франција се уште не дала зелено светло за одржување на Меѓувладина конференција со Србија.

Ако таа не се одржи, тоа би било уште еден јасен сигнал дека европските интеграции се успоруваат, односно запираат, пишува Спутник.

Веќе се шпекулира дека ЕУ би можела да отвори ново поглавје за Србија, иако Србија е подготвена за отварање на четири поглавја.

Според наводите на неименувани медиумски извори од Брисел, најтврдото крило за проширување, предводено од Франција, не е подготвено ниту низ конференција барем симболично да го откочи процесот.

Верувале или не! Во Македонија ќе се игра Светско првенство во фудбал, ама на непризнаени држави

Светско фудбалско првенство во фудбал за непризнаени држави ќе се игра на лето идната година во Скопје, откако македонската престолнина беше избрана за домаќин на КОНИФА Светското првенство.

КОНИФА (CONIFA) е акроним за Конфедерација на независните фудбалски асоцијации, во која се земји кои не се признаени како членки на Светската фудбалска федерација (ФИФА), а турнирот ќе се игра од 30 мај до 7 јуни во земјава. Жрепката е закажана за 24 до 26 јануари 2020 година во Џерси (САД).

-Скопје има прекрасни објекти, добро е позната македонската гостопримливост. Ако не сте знаеле ништо за Скопје, ќе има можност да дознаете на СП во Македонија. Очекуваме фантастичен турнир, вели Џенс Џокел, претседателот на КОНИФА.

Членови на КОНИФА се тимови кои претставуваат федерални држави, помали региони, региони и луѓе без нација кои претставуваа независни држави. Па поради тоа е и контроверзно ова натпреварување.

(Видео) Никогаш претходно ова не се случило: Бopците истовремено се нокаyтиpaa- изгледа бpyтално

Ова сигурно не сте го виделе во ММА! Двајцата бopци се нокаутираа истовремено!

Во португалската промоција на ЕЦЕ, на настанот во Лисабон, во октагонот влегоа Едер Лопез (22) и Диего Невес (31).

Облачно со дожд, a на планините ќе паѓа снег

Времето во земјава ќе биде претежно облачно. Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од четири до 10 степени.

Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

Негуватели, готвачи, машиновозачи, ѕидари, столари….. се бараат во Австрија

Австриското министерство за труд и социјални прашања повика на разгледување на листата со дефицитарни работни профили за 2020 година врз основа на која може да се увезе работна сила од странство.

На листата, која се однесува на федерално ниво, наведени се 54 профили кои недостигаат на пазарот на трудот – од негуватели, готвачи и машиновозачи, па се до ѕидари и столари. Покрај тоа, некои покраини во земјата ги објавија своите најдефицитарни професии на пазарот на трудот.

Така, на Корушка и недостигаат, пред сè, фризери, на Долна Австрија месари, на Салцбург молери, на Штаерска специјалисти за шпедиција, а на Тирол и Форарлберг им фали работна сила во хотелиерството.

Интересно е што во Горна Австрија, Салцбург, Тирол и Форарлберг се бараат и келнери, а фризерите се дефицитарно занимање во дури шест покраини.

Декември ќе им биде кошмap: Три знаци на кои нема да им тргне месецов

Декември ни е еден од омилените месеци во текот на годината најмногу поради празниците. Меѓутоа, за три знаци од хороскопот тој нема да биде така добар, па тие едвај ќе чекаат да дојде јануари.

Близнаци

Имате силна потреба за самотија. Можеби нема да ви биде драго и можеби ќе биде болно, но од тоа нема да можете да побегнете. Еднаш кога ќе продрете во сите мистериозни делови на душата, ќе бидете многу среќни поради тоа.

Вага

Сте започнале со психички детокс. Некои од вас можеби го промениле домот или градот. Некои едноставно ќе сакаат да поминат повеќе време со семејството. Ова е просторот кој треба да го уредите и поради тоа ќе се чувствувате многу подобро.

Водолија

Ги плаќате своите долгови. Кармата пристигна се да наплати. Вашата цел е да бидете добри кон себе. Тоа е најдобрата прилика да ја придобиете слободата кон која постојано тежнеете, преку одмор, простување, смиреност и гледање однапред.