Времето ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум, а дневната температура ќе се движи од минус еден до пет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб претежно северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до четири степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со магла по котлините. Во петок попладне и во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а дневната температура од сабота ќе биде во пораст.
Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица.
Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.
Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.
Според народните верувања, сточарите го слават Воведение како Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва.
Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир за да се молат цела вечер да добијат пород.
На денешниот празник, добро е да се отиде на служба во црква. Постот е задолжителен.
Тие се интелигентни, забавни и згодни, станува збор за Стрелците кои важат за најзгодни мажи во астрологијата.
Мажите родени во знакот на Стрелец не може да не ги забележите, тие се најчесто високи и спортски градени. Поради нивниот авантуристички дух и неверојатната позитивна енергија ќе ве освојат на прв поглед. Нивните приказни се интересни и необични, имаат силна смисла за хумор и тоа го прави уште попривлечни.
Иако многу сакаат да се забавуваат и да доживуваат нови авантури, Стрелците особено обрнуваат внимание на образованието и на усовршувањето вештини.
Голем број славни мажи се родени во овој знак, како на пример Бред Пит, Марк Рафало, Џејми Фокс, Брендан Фрејзер, Џеј Зи, Кирк Даглас, Кенет Брана и друг.
Еден од омилените актери на бившите југословенски простори, Миодраг Петровиќ Чкаља, со својата единствена љубов Драгица се венчале на скромна прослава, а нивата приказна ги воодушевува и младите генерации.
Љубовната приказна на Петровиќ започнува во 1948 година кога се венчале во зградата на Домот на култура “Божидар Аџија”, каде се наоѓал Народниот одбор на општина Врачар. Вистински пролетен ден, група на актери од Радио-драма, од каде што доаѓал и Чкаља, го искористиле како би ја крунисале оваа голема љубов.
-Друштвото беше расположено. Досетки и шеги во секој момент. Оние кои доаѓаа на работа се затскриваја мислејќи дека се снима некој филм. Шегите на сметка на смешниот, слаб, висок актер стануваа се пожестоки. Ма нема збор, таа сигурно нема да дојде! Во последен момент се предомисли- раскажува Љубиша Бачиќ, близок пријател на Чкаља.
-Па што и да дојде, кога има плата од 4.000! А нашиот младоженец од 3- викнал кумот.
Меѓутоа, во тој момент Драгица се појавила на вратата со црно палто, изморена бидејќи трчала кон групата на луѓе.
-Па каде си Драгице? Овие овде ми ја извадија “душата на памук”- рекол Чкаља. Свадбата била мала, во кругот на најблиските пријатели. Неколку години покасно се родил синот, на кој му го дале името Чедомир.
Македонските ученици се понеобразовани за математика, наука и читање.
Земјава се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА тест за проверка на знаењата и вештините на средношколците за 2018 ширум светот кој денеска го објави Организацијата за економска соработка и развој.
Иако македонските средношколци имаат минимален напредок на меѓународниот тест во споредба со 2015 година, сепак резултатите се лоши. Нашите ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји. Послаби во регионот се само учениците од Косово, додека најдобри резултати покажале 15-годишниците од Словенија.
Професорот и поранешен заменик министер за образование Петар Атанасов вината за слабите резултати ја лоцира во три стратешки грешки во образовниот систем – погрешните реформи, лошите кадровски решенија и партизираноста во образованието.
Министерот Адеми, пак, задоволен од резултатите. На прес-конференција се пофали дека ова биле досега најдобри резултати на македонските ученици.
Највисоко рангирани според резултатите од меѓународниот ПИСА тест повторно се азиските земји. Прва на листата е Кина, па Сингапур и Макао.
Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во текот на вчерашниот ден оствари средба со членови на Здружението на пензионери од Прилеп, во нивните простории.
„Бугарија не треба да ја пропушти историската можност да го штити воздушниот простор на Република Северна Македонија“, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.
Според зборовите на Радев додека разговорите во оваа насока биле одложувани од бугарската страна во очекување на за „светла иднина“ кога земјата ќе има ескадрила на нови авиони, Грција склучи договор за оваа мисија, пренесе БГНЕС.
„Со нашите сегашни можности, можеме да ја завршиме оваа задача без дополнителни трошоци“, Радев и додаде дека „тоа не е само наш национален интерес, туку и долг кон братската Република с. Македонија и израз на одговорност“ – нагласи Радев.
Радев денеска во придржужба на министрите за надворешни работи и за одрана, Захариева и Каракачанов, отпатува за Лондон каде учествува на Самитот на земјите членки на НАТО.
Православната црква на 4 декември одбележува еден од најголемите празници посветени на мајката Божја, Воведение на Пресвета Богородица. Овој ден во црквениот календар е обележан со црвено и претставува спомен на денот кога Пресвета Богородица е предадена на службата на Бога.
Богородица се смета за заштитничка на жените родилки и има разни верувања врзани за моќта на иконата на кои таа е претставена.
Според народните верувања, сточарите го слават Воведение како Богородица како би им ја заштитила стоката од ѕверови, а во некои делови врз основа на времето на тој ден се претскажувал родот на посевите, ведрото небо ветува добра жетва. Во поедини делови обичај е после службата да се остане во црква, каде треба да се појават сите млади кои се венчале оваа есен, а во некои села сите жени кои немаат деца, одат во манастир, како би се молеле цела вечер да добијат пород.
На утрешниот празник, добро е да се отиде на служба во црква. Постот е задолжителен.
Премиерот на Финска, Анти Рине поднесе оcтавка на состанок на неговиот кабинет со претседателот Саули Нинист.
Оcтавката на Рине доаѓа во време кога еден од неговите коалициони партнери соопшти дека повеќе немаат довeрба во него по неодамнешен cпор поради пазар на труд во кој е вмeшана државната поштенска служба.
Пренесувањето на 700 работници во договори со пониска плата пpeдизвика 17-дневен штpaјк, што заврши минатата недела.
Државната министерка за социјални работи, Сирпа Паатеро, од Социјалдемократите поднесе оcтавка минатата недела, откако се покажа дека таа не спpeчувала „аутcорсинг“ во државната пошта.
Најспоменуван за наследник на премиерот засега е 34-годишната министерка за транспорт и врски Сана Марин, членка на социјалдемократите, која доколку стане шеф на владата, ќе биде најмладиот премиер на Финска во историјата.
Одбpaната на првooбвинетиот во „Pekeт“ Бојан Јовановски- Боки 13, тврди дека запленетата гардероба на неговиот клиент е купена многу порано од периодот на кој се однесува обвинението и таа не е никаков доказ за негова вина, во воведните зборови на cyдењето.
-Немам намера да докажувам кој сум, но ова е срамна реторика. Врз нас се врши јавен линч, загpoзен е мојот живот и на моето семејство. Се води валкана политичка игра која завршува на овие плеќи. Овој настан од kpивично пpaвен се претвори во сензација. Бpyталниот нacтап на обвинителката следува по оној со најавата за тресење на гаќи на судии. Тоа е закана и за овој судечки совет, рече Јовановски.
Тој додаде дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.
-Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докажат кој заминува со торбата и каде, изјави обвинетиот Боки 13.