дома блог страница 2917

Tребало да се вика Св. Сава, но прилепчани не попуштиле: Еве како е граден грандиозниот храм познат како ,,параклис”

Храмот Свети Кирил и Методиј, познат и како Параклис и годинава свечено го одбележува својот празник. Светите браќа Кирил и Методиј се познати христијански светители, најмногу за словенските народи. За нив во црковните богослужби
се пее како за рамноапостолни, учители и просветители.

Учители и просветители се затоа што ја создале азбуката, преведувале книги и учеле многу народи на писменост и наука. Рамноапостолни се, оти се еднакви на апостолите. Ширејќи ја писменоста, го ширеле и христијанството. Голема е заслугата на Светите браќа за покрстувањето на словенските народи.

Огромно е почитувањето на Светите браќа Кирил и Методиј во Прилеп и пошироко. Тоа се гледа во тоа што голем број прилепчани ги носат имињата на овие светители и на овој ден слават именден. Има и семејства во кои, ако на едното дете му дале име Кирил, на другото му даваат Методија.

Во почетокот на 20 век во Прилеп е изградена грандиозната црква посветена на Светите браќа Кирил и Методиј. Градена е во време на српската окупација на Македонија.

И постои едно кажување дека властите во тоа време за градба на црквата го определувале местото кај денешната пошта, но црквата да биде посветена на Свети Сава, но иницијативниот одбор и народот не се согласил, па со отстапување на места од имотите на видни прилепски семејства, изградена е црквата на местото каде од порано постоела помала црквичка – Параклис од 1884 година, а која ја паметат постарите дека е урната во средината на 20 век.

Црквата Свети Кирил и Методиј претставува репрезентативно остварувања на познатиот белградски архитект Момир Коруновиќ, чија активност на овие простори во периодот меѓу двете Светски војни резултирала со значајни архитектонски остварувања.

Светиот дом е граден е во непосредна близина на стариот Параклис. Храмот има основа на впишан крст. Се влегува со искачување на неколку скалила, со што започнува градбата на храмови во велелепни стилови. Во подрумот на храмот се наоѓаат гробници од загинати војници од Првата светска војна.

Црквата Свети Кирил и Методиј во Прилеп градена е во периодот од 1926-1936 година, аа на 4 октомври 1926 година, на најсвечен начин, е положен камен темелник.

Првата служба е одржана во ноември 1930 година, веројатно во подрумските простории каде се изградени костурници за коските на оние кои загинале во Прилеп во војните од 1912-1918 година, а во 1936 година црквата ја осветил тогашниот епископ Охридско-битолски Николај (Велимировиќ).

Црквата е висока 23 метра. Покрај костурницата има балкон за жени и посебен балкон за пејачки хор. Храмот има скромен иконостас, кој не е споменик на културата. Во 2006 година довршена е градбата на куполата, која не била крената при градбата на храмот, заради немање на финансии.

Последниве години во црквата се сликаше фрескоживопис во олтарниот дел.

Извор: “Неделник Зенит”

За само 8 секунди ова девојче стана Интернет сензација: Погледнете го видеото кое го освои светот

Тори Парено постави видео на Твитер и преку ноќ стана позната.

Таа извела едноставен трик со рацете, а нејзиниот „танц со прстите“ изгледа како оптичка илузија.

Клипот трае само 8 секунди, а веќе има повеќе од 9 милиони прегледи.

Тори се забавува додека изведува движења со рацете, а за тоа добила илјадници лајкови и коментари во кои може да се види дека луѓето де обидуваат да го имитираат нејзиниот „танц ро рацете“.

Одбила да му отстапи место на белец во автобус, станала икона на бopбата за граѓански права: Роза Паркс доби статуа во Алабама!

Роза Паркс доби уште една статуа. Овој пат таа чест и ја приреди главниот град на Алабама, Монтгомери. Статуата беше поставена во неделата, на 64-годишнината од нејзиното апceње поради одбивањето да се повлечи во задниот дел на автобусот.

Во неделата беше одбележан денот на Роза Паркс, за втор пат откако властите ја прогласија за икона на бopбата за граѓански права. По тој повод беше откриена и новата статуа во Монтгомери.

“Денес го одбележуваме Денот на Роза Паркс, кројачка и слугинка, чија храброст била во спротивност со нејзината положба”, рече градоначалниот на Монгомери.

“На совесен начин допринесе за еднаквоста и на тој начин стана пример за бopбата за човекови права”, додаде тој.

ВИДЕО: “Вагони ѓубре од Неготино до Љубљана за тиквешијата годишно?”

Неготино веќе цела недела, откако во јавност беше соопштено дека во близина на Криволак ќе се изведува проект – депонија за индустриски инертен отпад, е кренато на нозе. Граѓаните јавно му порачаа на градоначалникот Тони Делков дека нема да дозволат да се прави депонија во нивната околина, а од страна на здружението на граѓани ,,Ековита” е доставено писмено барање за покренување на иницијатива за одржување референдум за стопирање на постапката за изградба на депонија за инертен отпад.

Реакции пристигнуваат од сите страни, а деновиве во Собранието реагираше и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Неготино, Павлинче Честојнова.

Жестока дискусија денеска имаше и во Советот на Општината:

Шилегов: “Зошто МПЦ не го смени календарот, па да го правиме Божиќ како цел свет” (Видео)

Скопје почна да се кити, ќе светне и новогодишната елка од петок. Винтерленд по втор пат се одржува во Скопје. За празничната атмосфера да го опфати и православниот Божиќ Шилегов ги повика МПЦ да го променат датумот, јавува “ТВ Сител”.

За дочекот на 2020 концерт на плоштадот ќе одржи балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин , за кого градот најави дека ќе биде платен од спонзори.

ВИДЕО: “ТВ СИТЕЛ”

Сириец веќе 7 месеци патува на коњ од Дамаск до Москва, а има само една цел (ВИДЕО)

Сириецот Аднан Азам девет месеци патува на коњ од Дамаск во Москва за да му се заблагодари на рускиот народ за поддршката која ја добива неговата земја во војната. Азам сака на Путин да му подари чистокрвен арапски коњ.

Во април годинава Азам тргнал на коњ кон Москва. Патувал преку Багдад и Техеран, земји кои исто така и дадоа поддршка на Сирија за време на војната.

„Поминав на коњ повеќе од 6000 километри. Ги посетив Багдад, Техеран, а во Русија Дагестан, Чеченија, потоа Ростов Воронјеж, а мислам дека на 15 јануари следната година ќе стигнам во Москва“, изјавил Азам.

Тој вели дека тешко ги совладувал јазичките бариери, како и тоа да најде преноќиште. Се случувало да наиде на гостољубиви домаќини кои го примиле дома, но имало и ноќи кога бил принуден да спие на улица.

Азам планира кога ќе ја заврши мисијата, да се врати во Сирија и да сними документарен филм за неговиот пат. Ова не му е прво патување. Пред 30 години Азам на коњ, од Сирија патувал о САД, каде се сретнал со претседателот Роналд Реган.

„Правам сè што можам за да стигнам до Москва, каде сакам во името на сите Сиријци да му се заблагодаран на рускиот народ и на Путин да му подарам арапски коњ. Тоа за нас е најдрагоцениот подарок“, изјавил Азам и објаснил дека коњот за Сиријците е симбол на победата.

Каков малер: ВАР му поништи три гола на светски познатиот фудбалер! (ВИДЕО)

Германскиот фудбалер Марио Гомез може да му биде бескрајно лут на ВАР-системот, кој му поништи три гола на еден натпревар.

Гомез настапува за Штутгарт во втората германска лига, а постигна три гола, кои сепак му беа поништени, а неговиот тим загуби од Сандхаузен со 1-2.

„Бев пријател настроен кон ВАР, зашто требаше да биде праведен, но за нас напаѓачите тоа е катастрофај. Тој систем, таков каков што го имаме е големо сра*е“, порача 34-годишниот напаѓач.

Сообраќаен xaoc во центарот на Прилеп: Семафорите кај Чумовчанец го блокираат градот (ФОТО)

Веќе неколку дена не функционираат семафорите кај Чумовчанец, една од најпрометните раскрсници во центарот на Прилеп.

Тоа предизвикува вистински сообраќаен xaoc кој ги мачи возачите, но и жителите од овој дел од градот, вели наш читател кој ни ги испрати фотографиите.

Бараат надлежните под итно да го решат проблемот, затоа што ова не е прв пат семафорите на оваа раскрсница да не функционираат, па се стравува да не се случи некаква нecpeќа.

ВМРО-ДПМНЕ: “Јованоски ветил парк, a роднината му гради зграда?” (ВИДЕО)

На половина од мандатот на градоначалникот Илија Јованоски целосно се разобличува ветениот лажен живот за сите во Прилеп. На местото на оној објект таму, градоначалникот Јованоски во неговата предизборна програма ветуваше дека ќе се гради зелена површина, а сега тука негови роднини градат стамбена зграда – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“И самиот Јованоски јавно на прес конференција призна дека негови роднини градат тука на оваа локација, па останува нејасно каква зелена површина планирал да никне градоначалникот на ова место, освен доколку не се работи за зелена зграда.

Ова е типичен пример за тоа како Јованоски и СДСМ манипулираа со гласовите на граѓаните и бесрамно лажеа, само и само за да дојдат на власт.

Сега кога видоа дека се прочитани, одново лажат дека она што го ветувале за 4 години, ќе го изградат за само 2 години.

Па и целата механизација од целата држава да се донесе во Прилеп ќе биде малку за да го изградите сето она што го напишавте во вашата лажна предизборна програма.

Кога веќе сме тука, ќе потсетиме и на останатите проекти за урбаната заедница Рид кои Јованоски ги ветуваше, а денеска не се ниту на повидок да се реализираат.

За граѓаните од оваа месна заедница, градоначалникот ветуваше:

-Pеновирање на месниот дом Рид и негово ставање во владение на граѓаните од оваа урбана населба;
-Зелено пазарче во паркот кај театарот;
-Повеќе паркови површини, како и
-Отворање на детска градинка во просториите на стар Ритекс

Ова беа проектите за кои граѓаните од оваа урбана населба му дадоа доверба на Јованоски и гласаа за него за прв човек на општината, а не згради и приватни објекти.

За жал, како и во останатите урбани заедници, и овде Јованоски и СДСМ ја погазија довербата на граѓаните и сега се соочуваат со огромен револт.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го разобличува лажното владеење на овие фотелја политичари, но и ќе нудиме реални решенија за проблемите на граѓаните”.

Неверојатни фотографии од небото над Прилеп уловени во вистински момент: Магични пејсажи кои траеја 1 минута

Магичен залез на сонцето создаде прекрасни пејсажи на небото. Моментот траеше околу една минута, а една прилепчанка од населбата Точила го долови во вистинско време.

Кратко потоа оваа прекрасна виолетово-розева боја исчезна и започна да се стемнува.

Вистинска магија која ретко се гледа.