дома блог страница 2911

(Фото) Експеримент на кинеските научници: Oва е првиот хибрид на свиња и мајмун

Кинеските научници го направија првиот хибрид на свиња и мајмун, а така наречените химери не успеале да живеат подолго од неколку недели.

Целта на истражувањето која се коси со здрав разум е дека во иднина животните во животните ќе се одгледуваат човечки органи за трансплантација.

Научниците од Државната лабораторија за матични клетки и репродуктивна биологија во Пекинг тврдат дека им требало повеќе од 4.000 ембриони како би создале ембрион кој имал ДНК на свиња и макаки мајмун.

(Видео) Архитектонско чудо: Автопат каков што не сте виделе до сега- нoвиoт aвтoпат Е39 во Нoрвeшкa е нeвeројaтeн

Новиот автопат „Е39“ во Норвешка ќе минува од Кристијансанд на југот на земјата до Трондхајм на северот. Новата рута на многу подобар начин ќе го поврзува регионот – ќе се градат нови мостови и тунели под Фјордовите и под нивото на морето. Поради теренот, проектот вклучува дури и изградба на пловечки подводни тунели.

Не само поради „големото заобиколување“, туку и поради емисијата на штeтни гacoви, од норвешката влада одлучија да го решат пpoблeмoт и неодамна го претставија најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа земја – автопатот „Е39“.

„Лидер“ утре ќе објави документи: 200 милиони евра криминал на владини функционери- заедно со Руси

Документи кои сведочат за финансиски kpиминал вреден околу 200.000 милиони евра- доставија свиркачи до редакцијата на Економски Лидер.

Во документираното, јасно стои дека најмалку еден висок функционер на владата на Македонија бил дел од зделката во која се оштетени многу акционери, а оштетен е и државниот буџет за околу 30 милиони евра.

По систематизирање и објаснување на документите, „Лидер“ ќе објави утре попладне.

Анкета на ИПИС: Рејтингот на ВМРО- ДПМНЕ расте, драматичен пад на рејтингот на СДСМ

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2 и 6 Декември 2019 на 1121 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка на политичките партии.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата. Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Во прилог се резултатите од истражувањето во однос на рејтингот на политичките партии, при што е прикажана генералната поддршка на политичките партии споредена со претходните две објавени истражувања, како и рејтингот кај етничките Македонци и Албанци.

ЕМОТИВНО: Ги покани сите другарчиња од градинка во судница да го гледаат неговото посвојување (ВИДЕО)

Едно петгодишно момче од Мичиген ги поканило сите другарчиња од градинката да присуствуваат на процесот на неговото посвојување. Детето по име Мајкл синоќа формално му се придружи на своето ново семејство со одлука на судот во округот Кент.

Додека судијката ја соопштуваше конечната одлука за посвојувањето на 5-годишниот Мајкл, зад среќното детенце седеа сите негови другарчиња од градинка со рачно изработени срца во рацете.

Две од дечињата изјавија „Го сакам Мајкл“ и „Мајкл е мојот најдобар другар“ пред Андреа и Дејв да му станат родители засекогаш на саканото дете.

Денеска се празнува Св. Климент Охридски, најистакнатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј

Македонија денес го чествува св. Климент Охридски, најистакнатиот ученик на солунските браќа св. Кирил и Методиј и учесник во извршувањето на познатата Моравска мисија.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 ноември.

Денеска е Св. Климент Охридски – Чудотворец.

Свети Климент се роди во Рим, а потекнуваше од царски род. Во младоста отпатува на Исток, каде што се запозна со верата во Христос. Учители му беа самите апостоли.

По враќањето во Рим беше избран за епископ во престолниот град. Подоцна, во времето на императорот Трајан, свети Климент беше протеран во Херсон, каде беше осуден на смрт и фрлен в море со камен околу вратот. Пострада за Христа во 101 година. Своевремено, неговите мошти ги пронајдоа светите браќа Кирил и Методиј и ги пренесоа во Рим.

Свети Климент Охридски го носеше своето име по углед на овој голем Христов светилник.

Свети Климент Охридски, родоначалник на словенската литература и црковно беседништво, прв оригинален словенски и македонски поет, говорник, преведувач, заштитник на Охрид бил назначен за прв словенски епископ на Балканот.

Овој ден е прогласен за Ден на свети Климент Охридски, патронен празник на Македонската православна црква. Во негова чест, во Република Македонија се доделува секоја година наградата „Св. Климент Охридски“ со која се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот и заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Свети Климент е основач на познатата Охридска книжевна школа која е наречена уште и прв словенски универзитет, каде што се образувале над 3 500 ученици. Паралелно со црковната и со педагошката дејност се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишува авторството на опширните житија на св. Кирил и Методиј познати како Панонски легенди, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа.

Прекрасниот Божји храм во прилепско кој е граден според волјата на светците пренесена на сон

Манастир Свети великомаченик Георгиј во селото Пашино Рувци

На околу 30 километри од Прилеп, во атарот на селото Пашино Рувци воскликнало божјо здание Свети Георгиј. Велелепен храм со грандиозни конаци сред поле. Оргинална идеја за обновување на стариот манастир кој тука мирувал пред четири века.

Багремите, тревиштата и останатиот коров умешно се припитомиле.

Божјиот татнеж од дното на душата ги размрдал ѕидовите на решителното срце на нашинецот Живко Кочоски, кој повеќе од 40 години живее во Њу Џерси. Тој е од селото Рувци. Со добрите намерници, со нашите низ светот, преку несебичната парична помош и со силна верба во Бог, ги достигнуваат врвовите на божјите “планини” во рамното место како тепсија, наречено Црквиште. На недопреното место детално се осмилил и се извишил храм кој краде воздишка, но и нешто што клокоти од дамнина да се покаже дека не сме народ без корен! Визионери го следат сонот – божјиот глас и патоказ…

Спокојниот пејсаж се дополнува со јасна идеја и прецизност на градбите. Наредени се млади фиданки на кои им паднале есенва раскошните крошни. И при облаци, амбиентот освојува. Срцето се кроти. Убавината маѓепсува. Се чувствува блаженство и необична таинственост.

Кој и зошто вложува неколку стотина илјади евра во манастирските објекти и ентериерот? Нема цена кога е во прашање љубовта и вербата во Бога.

– На сон се покажаа предметите кои ќе ги најдеме. Сонував каде да бидат темелите, каков да биде пресекот на црквата и формата. Крст, светена кутија, а на метар и половина најдовме трпеза, како онаа од тајната вечера и многу други предмети. Сé оставивме на место како што велат светците на сон – вели Живко, кој мештаните и верниците го почитуваат и убедени се во она што го кажува, зашто сé што рекол во врска со манастирот било така.

Манастирот е во форма на крст. Откриен е 1991 година, а осветен 1993 година.

– На темелите на стариот манастир подигнавме нов со иконостас и скромни икони. Фреските се работат според можностите. Конаците се готови. Има огромна сала. Во конакот ќе се вгради фреска на Богородица со рацете нагоре, која во иднина ќе лечи. Вода грга. Се влечи од земјата со бунарски пумпи. Манастирскиот комплекс треба да функционира како економат, со свое производство и домаќинлак – кажува Кочоски.

Дворот во манастирскиот комплекс е послан со зелен килим за опуштање. Во природниот декор царува хармонија исткаена од чисто спокојство и величенствен мир.

Мештаните велат дека бројот 101 бил симбол на доларите кои на сон Живко им ги броел на светците. Броел сто и некој долар.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

Најтажната македонска сторија која ќе ја прочитате денеска раскажана од прилепчанец

Прилепчанец кој е постдокторанд во Брисел на својот Фејсбук профил напиша за непријатно и жално искуство кое му се случило во Холандија.

Тој сакаше да остане анонимен, затоа како што вели не е важно моето име, јас не сум јавна личност, важна е сторијата која е пренесена во мојот статус.

Ние како медиум целосно го почитуваме тоа и во продолжение го пренесуваме неговиот статус во целост:

Во коментари на одговорност беше повикан министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој се јави и напиша:

“Реагиравме и ќе продолжиме да реагираме. Прво, државјанството не е националност во смисла на етничка припадност туку врска меѓу граѓанинот и државата. Кај нас имаме мнозинство Македонци, но и етнички Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци итн. Сите се македонски државјани. Второ, државјанството според Преспанскиот договор е македонско/граѓанин на Северна Македонија. Ќе продолжиме да настојуваме административно доследно да се спроведува во сите држави”.

Друг нашинец искоментира за слично искуство:

“Сличен проблем имав пред три недели во Англија, сакав да пратам пари во Македонија преку вестер унион, но залудно не можеше системот да најде и реков пробај северна Република Македонија пак неуспешно. Наредниот ден, пробав во Белгија и таму не можеше, наредниот ден стасав до Ваел на граница Германија жената ги зеде сите податоци пари и дадов но пак неуспешно, и ми вели еве ти број некаков па прашај зошто не може да се прати до Македонија, така да избришани сме комплетно од системот не постои таква држава поздрав”.

Дали ваков инцидент се cлyчил денеска во Прилеп? Зошто нacтанот не е приjaвен во МВР?

З.М., поранешен началник на УБК Прилеп, моментно нераспореден на работно место во МВР, испукал во 14:30 часот со службен пиштол во простории на ПС Прилеп, поточно во канцеларија на првиот човек на АНБ (поранешна УБК) во Прилеп – дознава порталот “НЕТ ПРЕС”

Според сознанијата на “Нет Прес”, З.М. наводно бил незадоволен, бидејќи не добил префрлање од УБК во АНБ.

Според нашите сознанија пак, ваков настан не е пријавен во МВР. Засега останува нејасно што точно се случило и дали се случило денеска во ПС Прилеп.

Целата информација на “Нет прес” прочитајте ја ТУКА

КОКОС БАКЛАВА готова за 30 минути, прсти да изедеш!

Многу брза и многу вкусна блаклава, со богат вкус на кокос.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г кори за пита, 3 јајца, 1 шолја (200 мл) шеќер, 1 шолја масло, 1,5 шолја јогурт, 200 г кокос, 1 прашок за печиво

За шербет:

4 шолји вода, 3 шолји шеќер, 1-2 ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па додадете масло, јогурт и на крај кокосово брашно со прашок за печиво. Сето добро соединете го.

На работната маса ставете еден лист кора, премачкајте ¾ од кората со фил, прекријте со половина од листот (може да го свиткате и целиот лист, па ќе добиете поголеми парчиња, а можете и веднаш да виткате, без да поклопувате со друг лист), па свиткајте во ролат.

Така свиткани редете ги во голем плех премачкан со масло. Постапката повторувајте ја додека да ви се потрошат состојките. Потоа исечете ги на парчиња со големина по ваша желба, прелијте со малку масло, па печете на 200 степени.