Најтажната македонска сторија која ќе ја прочитате денеска раскажана од прилепчанец

Прилепчанец кој е постдокторанд во Брисел на својот Фејсбук профил напиша за непријатно и жално искуство кое му се случило во Холандија.

Тој сакаше да остане анонимен, затоа како што вели не е важно моето име, јас не сум јавна личност, важна е сторијата која е пренесена во мојот статус.

Ние како медиум целосно го почитуваме тоа и во продолжение го пренесуваме неговиот статус во целост:

Во коментари на одговорност беше повикан министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој се јави и напиша:

“Реагиравме и ќе продолжиме да реагираме. Прво, државјанството не е националност во смисла на етничка припадност туку врска меѓу граѓанинот и државата. Кај нас имаме мнозинство Македонци, но и етнички Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци итн. Сите се македонски државјани. Второ, државјанството според Преспанскиот договор е македонско/граѓанин на Северна Македонија. Ќе продолжиме да настојуваме административно доследно да се спроведува во сите држави”.

Друг нашинец искоментира за слично искуство:

“Сличен проблем имав пред три недели во Англија, сакав да пратам пари во Македонија преку вестер унион, но залудно не можеше системот да најде и реков пробај северна Република Македонија пак неуспешно. Наредниот ден, пробав во Белгија и таму не можеше, наредниот ден стасав до Ваел на граница Германија жената ги зеде сите податоци пари и дадов но пак неуспешно, и ми вели еве ти број некаков па прашај зошто не може да се прати до Македонија, така да избришани сме комплетно од системот не постои таква држава поздрав”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.