дома блог страница 2910

Kупатилото од водите на Охридското Езеро го добива конечниот лик: Пронајдени две метални казанчиња (ФОТО)

Нуркачките од „Акватек“ извадија нова тура на отпад од дното на Охридското Езеро. Како што велат, во денешната акција биле извадени две метални казанчиња од југословенско производство за тоалет и еден огромен црн пластичен најлон.

-Локацијата беше на околу 200 метри од брегот на длабочина од 3,5 метри некаде кај Мостот на Желбите и плажата Срјшче. Ќе ве замолам, немојте да фрлате отпад во езерото, срамота и греота е…, напиша Никола Паскали од Нуркачкиот центар.

За потсетување на овој исти потег нуркачите извадија комплетна опрема на купатило, вреќа со плочки, болјер, тоалетна школка…

Академик Ќулавкова: Македонците се дискриминирани со Законот за јазици на ДУИ/СДСМ

Со Законот за јазици Македонците се дискриминирани, посочува академик Катица Ќулавкова.

-Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гаранира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок, напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа, вели Ќулавкова.

Возете внимателно, видливоста на овие патни правци е намалена

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150м. има на патниот правец Велес – Штип, до 100м. на патниот правец Тетово – Скопје, од 20 – 30м. на патниот правец Дебар – Струга, до 50м. на патниот правец Куманово – Св. Николе, до 50м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Плетвар.

Патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 15.11.2019 до 01.04.2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Moнодрамата “Последната ноќ на светиот цар Јустинијан” во вторник во црквата Св. Благовештение

На 10.12.2019 (Вторник) со почеток во 18 ч. во црковната трпезарија при храмот св.Благовештение во Прилеп, ќе се одржи монодрамата „Последната ноќ на светиот цар Јустинијан“ во изведба на Петре Темелкоски.

Добредојден е секој кој сака да го погледне ова дело – информираат од црковниот храм Св. Благовештение на Фејсбук.

Сообраќајка на патот Прилеп-Битола: Изгубил контрола и излетал од коловозот

На 08.12.2019 во 00.21 часот на стариот пат Прилеп – Битола и локален пат за с.Ношпал, Ѓ.Р.(27) од с.Мусинци, општина Могила, управувајќи патничко возило „фолксваген шаран“, со дебарски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Р. и бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Сонцето oд Кутлеш на македонското дерби Удинезе-Наполи (ФОТО)

На вчерашниот натпревар од Сериа А помеѓу екипите на Илија Несторовски и Елиф Елмас, Удинезе и Наполи, присутни беа и четворица македонски вљубеници во фудбалот кои го развиорија шеснаесеткракото сонце од Кутлеш.

Натпреварот заврши без победник 1:1, а Несторовски и Елмас вчера останаа на клупата. Сепак, тоа не беше причина за овие момци да не направат една ваква прекрасна фотографија за спомен.

Промена на времето, очекувајте и снег

Утре наутро ќе има услови за појава на магла по котлините во државата. Преку денот пак, ќе биде сончево со локална облачност и со слаб претежно југоисточен ветер, информираат од УХМР.

Во вторник времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Променливо облачно ќе биде во среда. Претпладне со локален дожд, а на планините и на повисоките места особено на запад и север со повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во четврток исто така ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот ќе има локален дожд.

(Видео) И Хитлep се плашел од овој човек: Го нарекувал “човекот со железно срце”! Тој го смислил крајното решение

Го нарекувале “човекот со железно срце” и секако тој бил еден од најозлогласените нацисти.

Тој е човекот кој го измислил “конечното решение” и изградбата на нацистичките логори- а неговото име е Рајхард Тристан Еуген Хајндрих.

Бил СС генерал, шеф за безбедноста на Рајхот, генерал на полицијата и на чело на организацијата која брутално ги растурала сите побуни против нацистите.

Многу историчари сметаат дека тој е можеби најмрачната фигура на Втората светска вojна.

Спектакуларно: Комити и Војводи во еден глас пееја “И ние сме деца на Македонија” (ВИДЕО)

На денешниот дерби натпревар од македонската прва лига помеѓу Вардар и Шкендија, навивачките групи Комити и Војводи на Вардар и Тетекс, прославуваа 10 години од нивното збратимување.

На полувремето од натпреварот кој заврши со резултат 2:2, навивачите пееја во еден глас “И ние сме деца на Македонија”.

Погледнете:

Верувале или не: Министерот Бектеши го бојкотира форумот на Енергетската заедница бидејќи Молдавија не го поканила Косово

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска извести дека го откажал неговото присуство во форумот на Енергетската заедница во Молдавија, поради тоа што на истиот не е поканета Република Косово. Министерот ова го обелодени преку писмото кое му го испратил на организаторите на форумот во кое ги наведил и горенаведените причини.

Неговата реакција во целост:

Извор: Лајм