дома блог страница 2912

Пет милиони долари за оној што ќе го фати рускиот xaкep: Америка во сериозна потрага по Јакубец

Министерството за финансии на САД воведе нови санкции против 17 личности, вклучувајќи и државјани од Русија и Украина, како и седум руски компании, и тоа поради штетни активности во сајбер-просторот, се наведува во соопштението.

“Канцеларијата за контрола на Министерстовото за финансии презеде мерки против руската организација “Евил корп”, која е обвинета за сајбер-kpиминал и која е одговорна за развој и дистрибуција на штетен софтвер Дридекс”, се наведува во соопштението.

Министерството за правда на САД соопшти дека во Питсбург и во Небраска се подигнати обвивенија против рускиот државјанин Максим Јакубец, лидерот на организацијата “Евил корп”, кој е обвинет за хакирање и банкарски измами.

(Видео) Нова фантазија од Саудиска Арабија: Во пустината ќе никне град вреден 500 милијарди долари, а во него нема да важат строгите закони

Саудиска Арабија планира во северозападниот дел на државата да го игради Неом, градот на иднината во кој не би важеле строгите исламckи закони и во кој жените би имале исти права како во западните држави.

Проектот позади кој стои принцот претстолонаследник Мухамед бин Салман е вреден 500 милијарди долари и замислен е како место во кое државата би можела да организира важни спортски настани како трка на Формула 1 или бокс мечеви…

Втор дел од видеото на векот со баба Перса и Градоначалникот

“После објавеното видео, градоначалникот Александар Наумовски ни испрати видео со своја верзија на приказната…Секако, моравме да се вратиме во Волково за да ја потврдиме или негираме неговата верзија… Погледнете ја реакцијата на Баба Перса кога го виде видеото на градоначалникот на Ѓорче Петров”, напиша новинарот Фуркан Салиу на својот Фејсбук профил.

Заев: Не е лапсус, намерно го користам изразот “мултиетнички народ”

Јас намерно го користам изразот мултиетнички народ за припадниците на С. Македонија, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој при добивање на наградата во Сараево, деновиве, предизвика големи реакции во македонската јавност со неговата изјава: „Јас и мојот мултиетнички народ сме навистина среќни луѓе“.

Запрашан денеска дали тоа било лапсус, Заев објасни зошто го употребил тој термин.

– Македонскиот народ е секој народ во С. Македонија. Тоа е мултиетнички народ составен од Срби, Албанци, Бошњаци, Турци и други. Јас намерно го користам овој израз, сепак сите сме македонски народ, припадници на С. Македонија, објасни Заев.

А Македонците, Заев во „неговиот мултиетнички народ“, ги става во други.

Направете сами течност за чистење на мраз од стаклото на автомобилот – снегот ќе лизга од него

Постојат разни совети како да стопите мраз од стаклото на автомобилот. Меѓутоа постои мешавина која ќе ви помогне за само неколку секунди да го решите овој проблем.

Во пластично шише со распрскувач ќе сипете 2/3 медицински алкохол, 1/3 вода и една голема лажица детергент за садови.

Важен е редоследот по кој ќе ги сипете состојките. Прво ставете го алкохолот, потоа детергентот и на крај топлата вода.

Затворете го шишето, протрреесете ја содржината и домашниот производ е подготвен.

Течноста после првобитното отстранување на мразот уште некое време ќе го штити стаклото од замрзнување, додека снегот ќе лизга од него.

“Фуркан Салиу “живи” ги фати во лага градоначалникот и премиерот!?” (ВИДЕО НА ДЕНОТ)

Премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, денеска беа во посета на скопско Волково каде гради спортска сала.

За време на нивните изјави пред новинарите се појави една жена која пред новинарите го повика градоначалникот да каже зошто голем број од граѓаните од ова населено место немаат фекална канализација и асфалтиран пат.

Бидејќи Наумоски и Заев кажаа дека жената имала асфалтирана улица, новинарот Фуркан Салиу со возилото од ТВ Клан се упати на местото и снимија каква е состојбата таму.

“Кој лаже? Премиерот, градоначалникот или госпоѓа Перса?”, напиша Фуркан под видеото.

Камчев до СДСМ: Нема што да очекуваме од вас бидејќи ништо не реализиравте до сега

На седницата на Комисија за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоко Камчев посочи дека власта предводена од СДСМ, и локална и централна, ништо не прават за доброто на граѓаните, за тоа се сведоци и граѓаните од Општина Валандово.

-Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ за изброите во април 2020 година сите проекти од амандманите ќе бидат ставени за да во наредните 4 години да бидат реализирани. Тоа ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период го покажа како се работи, појасни Камчев. Камчев додаде дека сите канализациони системи во Пирава, Јосифово се реализирани од локалната и државната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Нема што да очекуваме од СДСМ, бидејќи како и обично ништо не прави за општината Валандово. И граѓаните се свесни за тоа. Но ние како пратеници имаме обврска да поднесуваме амандмани и да ги застапуваме интересите на граѓаните. Но и да бараме од владата реализација на проекти, нагласи Камчев.

Британци за прв пат пробуваат производи од Балканот: Прилепскиот бренд ги остави без зборови (ВИДЕО)

Познатиот британски јутубер Фабиан заедно со неговата другарка Венди за прв пат пробуваат производи од Балканот.

На нивното мени се неколку популарни производи кои доаѓаат од различни земји, а нивното внимание најмногу го задржува најпознатиот прилепски бренд, “Стоби Флипс” на “Витаминка”.

Фабиан во видеото вели дека без разлика од која држава доаѓа овој производ едноставно е најдобар.

Погледнете во продолжение:

Чуварот на Прилеп и прилепчани долго време не свети: Прилепчани гневни бараат итно санирање!

Веќе долг временски период не свети крстот сместен на врвот од локалитетот Маркови Кули над Прилеп.

Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел на Прилеп, не свети во вечерните часови.

Не е познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето, или се работи за дефект.

Она што е жално е што никој надлежен со денови не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст со кој Прилеп и прилепчани се гордеат.

На социјалните мрежи граѓаните реагираат и бараат итно санирање на крстот, а со своја реакција се јави и Протоереј Љупче Петрески.

Иџе со жестока реакција до Агенцијата за млади и спорт: Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид

(Фејсбук статус на најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе)

“Агенција за млади и спорт / Agency of youth and sport Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна.

Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави.

Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа…!!!

Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула?

Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти.

Повеќе детали за односот на АМС кон мене и мојот тим наскоро на прес-конференција…”, напиша популарниот Иџе.