дома блог страница 2909

(ВИДЕО) Пожарникари од Канада приредија супер светлечко шоу кое мора да се погледне

Пожарникарите од градот Њуфаундленд во Канада приредиле супер интересно светлечко шоу со помош на сирените и светлата на нивните противпожарни возила.

Погледнете во продолжение:

Уште еден легендарен српски актер замина меѓу легендите

Телевизискиот и театарски актер, писател и афористичар Зоран Ранкиќ почина на 85 години во Белград по долго и тешко боледување, јавуваат српските медиуми.

Во јавноста најмногу ќе остане запаметен како Никола Калабиќ од серијата „Последен чин“ и познатиот Попара од хит серијата „Среќни луѓе“.

Актерот, како што јавува РТС, пред десетина дена доживеал тежок мозочен удар, а имал и други здравствени проблеми.

Ранкиќ се остварил во бројни улоги во филмови и театарски претстави.

Времето и местото на погребот дополнително ќе бидат соопштени.

(Видео) Kaтacтpoфа! Пресушија Викториините водопади: Пocлeдиците за живиот свет ќе бидат огромни

Иако количината на вода во реката Замбези вообичаено се намалува за време на сушната сезона, експертите предупредуваат дека оваа година дошло до незамислив пад на нивото на водата.

ТАБЕЛАТА КОЈА ПОКАЖУВА КОЛКУ ТРЕБА ДА ТЕЖИТЕ СПОРЕД ВАШАТА ВИСИНА

Ова е само табела која од прилика ја наведува нормалната тежина зависно од висината. Но, не заборавајте дека мускулното ткиво е потешко отколку истата количина масно ткиво.

Генерално, телесната тежина не е најдобар метод за одредување на вашето здравје.

Одредувањето на телесните маснотии (од стручно лице- лекар или тренер) ја дава вистинската слика на вашиот организам.

Како се користи оваа табела? Пронајдете ја вашата висина во сантиметри и прочитајте го распонот на идеална тежина.

Варено вино по рецепт на Џејми Оливер!

Вареното вино е еден од омилените напитоци за време на ладните зимски денови. Постојат различни начини на подготовка, добрата вест е тоа што можете да ги комбинирате зачините кои ќе посакате.

Познатиот британски готвач Џејми Оливер советува да исцедите клементина и лимета, додадете ванила и ловоров лист, да додадете вино, да ги загреете и да уживате! Тој смета дека неговата верзија на варено вино е “Божиќ во чаша”, искуство кое не смее да се пропушти.

Состојки: 2 шишиња црвено вино, 2 клементини, лимета, 300г шеќер, 6 карамфилчиња, стапчиња цимет и ванила, 3 ловорови листови, мускатно оревче и ѕвездаст анасон.

Подготовка: Ставете го шеќерот во тенџере, кората и сокот од лимета и клементина. Додајте ги сите зачини. Ставете онолку вино колку што е потребно да го покрие шеќерот и гответе го се додека смесата не стане како сируп. По 10 минути додајте го остатокот од виното.

Следете во живо: Прес конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Денес (09.12.2019) во 14:30 часот, во просториите на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одржи прес конференција за медиуми.

На истата ќе се обрати Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Oва е најмладата премиерка во светот, а ќе предводи една од скандинавските држави (ФОТО)

Поранешната министерка за транспорт е најмладата премиерка и трета жена која е избрана на оваа функција во Финска.

34-годишната Сана Марин е најмладата премиерка во светот откако кон крајот на оваа недела даде заклетва пред парламентот и застана на чело на коалицијата од четири политички партии кои сите до една се предводени од жени.

Марин ја презема функцијата од Анти Рине, кој даде оставка после само 6 месеци поминати на чело на функцијата.

Како стојат со математика скопјани: Погледнете какви одговори даваат на оваа едноставна математичка задача (ВИДЕО)

Од популарното “Мајк шоу” на јутјуб направија анкета низ главниот град каде ги прашаа случајните минувачи за резултатот на една едноставна математичка задача.

Дел од одговорите ќе ве насмеат, а дел од граѓаните и странците на кои наишле веднаш го даваат точниот одговор.

Погледнете во продолжение:

Приведено лице кое му се заканувало на Заев на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

На 08.12.2019, по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено.

За случајот е известен дежурен јавен обвинител.

Стравична сцена во Нов Зеланд: Вулкан еруптирал додека туристи биле на кратерот – 100 луѓе исчезнале (Видео)

Едно лице загина, а неколку се водат како исчезнати, во ерупцијата на вулканот на новзеландскиот Бел остров, соопштиле надлежните.

Ерупцијата на вулканот се случила додека во кратерот имало туристи. Поедини светски медиуми пренесуваат дека околу 100 луѓе наводно се водат како исчезнати.