Варено вино по рецепт на Џејми Оливер!

Вареното вино е еден од омилените напитоци за време на ладните зимски денови. Постојат различни начини на подготовка, добрата вест е тоа што можете да ги комбинирате зачините кои ќе посакате.

Познатиот британски готвач Џејми Оливер советува да исцедите клементина и лимета, додадете ванила и ловоров лист, да додадете вино, да ги загреете и да уживате! Тој смета дека неговата верзија на варено вино е “Божиќ во чаша”, искуство кое не смее да се пропушти.

Состојки: 2 шишиња црвено вино, 2 клементини, лимета, 300г шеќер, 6 карамфилчиња, стапчиња цимет и ванила, 3 ловорови листови, мускатно оревче и ѕвездаст анасон.

Подготовка: Ставете го шеќерот во тенџере, кората и сокот од лимета и клементина. Додајте ги сите зачини. Ставете онолку вино колку што е потребно да го покрие шеќерот и гответе го се додека смесата не стане како сируп. По 10 минути додајте го остатокот од виното.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.