дома блог страница 2908

ВИДЕО: На трудница никој не сакал ѝ отстапи место во болница, па сопругот глумел столче – другите си гледале во телефоните

Сите знаеме дека кај нас болниците се преполни, па често не може да се најде слободно мeсто за седење во чекалните, а на таков проблем наишла и една трудница во Кина.

Затоа што никој не сакал да и отстапи место, сопруот ѝ рекол да седне на него, поточно на неговиот грб.

За тоа време, многу мажи, но и жени, седеле и си куцале на телефоните.

Странските медиуми пренесуваат дека видеото е снимено во Хенганг на североистокот од Кина, а на интернет го објавила полицијата.

Сите го пофалиле грижливиот сопруг кој глумел столче, иако тоа немало да мора да го прави ако постоела почит во чекалната.

Четири хороскопски знаци на кои крајот на 2019 ќе им донесе вистински пресврт

Полека заминува уште една календарска година. Ова е време на сумирање на резултатите, но и правење на планови за идната година.

Меѓутоа за овие четири хороскопски знаци крајот на 2019 година носи бројни изненадувања.

БИК

За лицата родени во знакот на Бик средината на декември ќе биде на работно поле многу активна и успешна. Ќе бидете наградени за пофалени за својата работа, можно е зголемување на приходите. Идната година ве чека голема одговорност.

ДЕВИЦА

Јупитер ќе донесе поголема стабилност во секодневието на Девицата, особено работните проекти ќе може успешно да финишираат. Позитивните резултати ќе ви донесат поголема почит кај претпоставените, ќе ви се отвори патот кон успешни работи идната година.

ШКОРПИЈА

Шкорпиите моментално имаат три планети кои им го чуваат грбот. Јупитер, Марс и Меркус ќе се погрижат овој хороскопски знак да има грандиозен крај на годината. Сега е вистинско време своите таленти и предности двојно да ги докажете, на професионален, но и приатен план. Трудот ќе се исплати и идната година.

РИБИ

Рибите кон крајот на оваа календарска година ќе почувствуваат наплив на мотивација. Оддеднаш ќе станат поголеми оптимисти, а осовено во љубовта ќе пронајдат нова мотивација. На љубовен план во моментов можеби им е малку монотоно и се трудат да дадат нова позитивна енергија која ќе вроди во плод идната година. За оние припадници на овој знак кои се сами, ќе добијат желба за повеќе дружење и запознавање на нови луѓе.

“Инфомакс”: Државата не работи денес: Се kpaдaт oгpeвни дрва, и тоа со шлепери (Видео)

Иако властите декларативно се залагаат за чиста животна средина и еколошки стандардни на европско ниво, некаде во Македонија се крадат огревни дрва и тоа со шлепери. И никому ништо, пишува Инфомакс.

Инаку, настанот е снимен во едно од Пелагонските села.

Прекрасно! Комити и Војводи во еден глас пееја “Ja излези Ѓурѓо” (ВИДЕО)

На вчерашниот дерби натпревар од македонската Прва лига помеѓу Вардар и Шкендија, навивачките групи Комити и Војводи на Вардар и Тетекс, прославуваа 10 години од нивното збратимување.

На полувремето од натпреварот кој заврши со резултат 2:2, навивачите во еден глас ја пееја песната “Ја излези Ѓурѓо”.

Погледнете:

Фотографија од порака на Србин е хит со регионот: „Еве ви 100 евра, само мојата жена да не го види ова во телефонот“

Модерната технологија има тенденција да уништи многу бракови и врски, особено оние во кои еден партнер се служи со недозволени работи.

Телефоните станаа центар на светот, за среќа или за жал, луѓето ширум светот и се што се наоѓа во нив може да се употреби против нив.

Тоа најдобро го знае неименуван маж кој бил подготвен да даде голем бакшиш само да не му се поправи телефонот.

Тој го оставил својот телефон во сервис за телефони и оставил порака со молба:

„Ве молам кажете ѝ на мојата сопруга дека телефонот не може дасе поправи. Таа сака само да ја види листата на повици. Овие 100 евра се за вас. Ви благодарам“, напишал тој во пораката.

Утре стартува традиционалниот турнир во мал фудбал “Св. Никола 2019”

Прилеп од утре и во наредните 15 дена, ќе живее со фудбалските мајстории. Утре, започнуваат првите натпревари на турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“. На турнирот пријавени се 80 – тина екипи, од кои 40 сениорски, 11-ет екипи на ветерани и 32 пионерски екипи во неколку категории. Жребувњето се одржа и екипите учесници веќе го знаат распоредот на натпреварите.

СЕНИОРИ:

ВЕТЕРАНИ:

ПИОНЕРИ:

Средствата од турнирот ќе бидат наменети за лекување на малиот Дејан Најдоски од Прилеп.

Двајца боксери од БК АС од Прилеп ќе патуваат на боксерски камп во Задар: Прилепските боксери освоија и 3 медали во Охрид

Во организација на БК АРЕС од Задар и во соработка со БК АРЕНА од Пула, од 10.12 до 15.12.2019 год. ќе се одржи боксерски камп во бокс за боксери од 15 до 17 години во градот Задар, Р.Хрватска.

Од Боксерската Федерација на Македонија беше овозможено да учествуваат по два боксери од пет клубови од Македонија на овој припремен камп.

Боксерите ќе бидат предводени од тренерите Самет Салиевски и Мухамед Алија, кои имаат големи резултати во историјата на боксот во Македонија.

“Овој припремен камп е од големо значење за боксерите од нашата земја и сме горди за напредокот на Б.Ф.М во областа на боксот”, вели Дарко Чатлески тренер на БК АС од Прилеп.

“Од БК АС Прилеп ќе учествуваат двајца боксери и тоа: Дамјан Талимче и Димитар Ангелески. Под водство на тренерите Ѓорѓи Чатлески и Дарко Чатлески за прв пат во историјата на Прилеп БК АС – Прилеп е второ место на боксерската младинска лига на Македонија за 2018 и 2019 година. Од наредна година нашиот клуб ќе настапи и со боксери од понежниот пол. Со напорни тренинзи и досегашна обука мислам дека веќе се спремни и девојките од нашиот клуб за настап во наредните кола и државните првенства, а се надевам и за влез во репрезентација”, додава Чатлески.

На последното државно првенство што се одржа во Охрид освоени се три медали:

1.Дамјан Талимче – 2 место (Талимче на мерењето со 100 грама помалку од категорија службено ја загуби финалната борба во финалето што требаше да се одржи на златен гонг во Скопје ).

2.Матеј Чатлески – 2 место

3.Далибор Карафилоски – 3 место

Moќната порака на маичката од Даниел Аврамовски: Цел Фејсбук пишува за играчот на Вардар (ФОТО)

Фудбалерот на Вардар Даниел Аврамовски секогаш игра само за Македонија.

Каде и за кого и да игра тој на маицата под официјалниот дрес носи порака која што е иста како и на навивачката група Комити и најголем дел од Македонците.

На вчерашниот дерби натпревар помеѓу Вардар и Шкендија, Аврамовски ја покажа пораката испишана на маичката под неговиот дрес.

“Само една има вистина, има една Македонија, делете ја парчете ја, пак ќе биде наша најмила”.

ФОТО: KOCHO S. PHOTOGRAPHY

(ВИДЕО) Слушнете ја “Те спомнувам”, новата песна на “Ареа”

Групата „Ареа“ ја претставува новата песна насловена „Те спомнувам“.

Песната е целосно авторско дело на Ареа со текст, музика, аранжман и продукција.

-Спотот е сниман на неколку локации во нашиот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот Пинк Флојд, под режисерската палка на Кристијан Шемко, велат од групата.

Младите артисти кои го разубавија спотот и му дадоа посебна ведрина се: Ана, Маги, Лејла, Теодора, Виктор, Росица, Ема и Војкан.

(Видео) Ерупцијата кршеше карпи, на луѓето паѓаа камења од 1.000 степени: Еве што се случуваше кога се пробуди вулканот!

Најмалку пет лица го загубија животот, а повеќе се повpeдени и исчезнати во ерупцијата на вулканот на Белиот остров, популарната туристичка дестинација во Нов Зеланд.

Од островот се спасени 23 лица. Пет лица го загубиле животот од добиените повреди, а 18 се во болница. Сеуште се трага по 20 исчезнати лица.