дома блог страница 2903

На овој начин можете многу брзо да дознаете дали имате проблеми со вашето срце

Срцето на човекот е толку силно, толку многу што може да чука и кога е отстрането од телото. Од таа причина како и многу други нормално е да се грижиме за неговото здравје.

Дали сте знаеле даке за само 30 секунди можете да откриете дали имате проблем со срцето?

Следете ги чекорите за да дознаете како:

Во длабок сад истурете ладна вода колку да може да ги заоблее двете раце. Во водата ставете неколку коцки мраз.

Ставете ги рацете во садот со ладната вода и мразот и чекајте 30 секунди, на тој начи ќе дознаете како вашата kpв реагира во контакт со ладното.

Можни резултати можат да бидат следните:

1.Прстите ќе ви бидат поцрвенети и тоа е добар знак. Поцрвенувањето на рацете покажува дека немате проблем со кислородот во kpвта.

2. Доколку вашите прсти се бледи, тоа можи да значи дека имате проблем со kpвототкот.

(Видео) Легендарна изјава на Сотир Костов: Еве како ја “поздрави” Бугарската академија на науки

Бугарската академија на науките на денешната седница донела одлука дека „македонскиот јазик е бугарски дијалект“, пренесе Дојче Веле на македонски јазик.

На вечерашното гостување во емисијата Само Вистина на Канал5 телевизија, аналитичарот Сотир Костов изреволтиран од оваа одлука на БАН им покажа “шипak” на академиците и рече дека македонскиот јазик никогаш не може да ни го одземат затоа што е меѓународно признат.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Нови oглacи за вpaботyвaњe во дpжавно во Прилеп: Аплициpajте!

Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација од Прилеп, објави два нови огласи за вработување.

Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување се бараат: Советник за јавни набавки и помлад референт.

Огласите се активни до 27.12.2019 година.

Основната плата за помлад референт изнесува 14.500 денари, а за советник за јавни набавки 26,455 денари.

После Џамбазов и Весна Петрушевска Бејби му го покажа јазикот на Бугарите (ВИДЕО)

Популарниот Игор Џамбазов на својот инстаграм профил во негов стил ги демантираше Бугарите кои тврдеа дека македонскиот јазик непостоел.

Како не постои, вели Џамбазов. Еве ви го…

Освен Џамбазов предизвикот го прифати и актерката Весна Петрушевска Бејби која исто така им го покажа јазикот на нашите соседи.

Видеото од Весна погледнете го ТУКА

Инаку вчера на пладневната седница Бугарската Академија донесе одлука, која очигледно ја следи насоката на бугарскиот политички врв – дека македонскиот јазик е бугарски дијалект.

Бугарската Академија на Науките воопшто не се ни труди и да негира дека нивниот денешен став е „реакција“ на т.н. декларација на Бугарскиот врв која беше претставена на почетокот на Октомври годинава, во кој Бугарската Влада директно го негираше постоењето на македонскиот јазик и инсистираше на историска амнезија на нашите граѓани, тврдејќи дека тие никогаш не биле фашистички окупатори во Македонија.

500 административци од Прилеп в сабота ќе чистат кај вештачкото езеро, гробиштата, Тризла…

Под мотото „Администрацијата чисти“ а согласно препораките на Владата, во сабота на 14 декември, Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ ќе спроведат голема акција за чистење на градот и поблиската околина. Според најавите, во акцијата ќе бидат вклучени над 500 административци вработени во државната администрација, јавните претпријатија и Општина Прилеп, кои ќе чистат на повеќе локации во градот и околината.

„Акцијата ќе започне во 8.00 часот, кога вработените кои се вклучени во оваа акција ќе излезат пред институциите во кои се вработени, од каде ќе бидат однесени до одредени локации во околината на градот. Во акцијата се вклучени околу 500 вработени во државните институции, јавните комунални претпријатија и Општина Прилеп. Акцијата ја поддржуваат и фирмите од градот, кои ќе се вклучат со градежна механизација“, истакна на денешната прес конференција Александра Кокароска, секретар на Општина Прилеп.

„Чистењето ќе биде спроведено кај вештачкото езеро, почнувајќи од чешмата па надолу, се’ до касарната ‘Мирче Ацев’, во населбата ‘Тризла’ зад касарната, а ќе се чисти и кај црквата во населбата ‘Точила’, просторот околу старите и новите градски гробишта и патот до манастирот ‘Трескавец’. Исто така, ќе биде исчистен и просторот кај ‘Заполшки мост’, ‘Маркова чешма’, ‘Склештен мост’ се’ до излезот кај ‘Милина’. Со акцијата ќе биде опфатен и делот од Прилеп кон с.Лагово, од ‘Жито Прилеп’ кон с.Мажучиште, патот од бензиската на ‘Лукоил’ до ‘Салида’, а ќе бидат исчистени и депонијата кај месноста викана ‘Тумбе’ и Дабнички канал“, најави в.д. директорката на ЈКП „Комуналец“, Ирена Станкоска.

Сите оние граѓани кои сакаат да се вклучат во акцијата, со себе треба да носат алат и во сабота, 14 декември, во 08.00 часот да бидат пред „Реклами“, од каде со автобус ќе бидат однесени на локациите каде ќе биде спроведена акцијата за чистење.

Освен одработување на 2 јануари кој беше прогласен за неработен ден, целта на акцијата е вработените во државната администрација да учествуваат во акција за чистење на животната средина. Акцијата ќе биде спроведена во повеќе градови во земјата.

Се ближи празникот Света Варвара, заштитничка на жените и децата

Еден од поголемите празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот на светата великомаченица Варвара. Повеќе села и топоними низ цела Македонија го носат нејзиното име што зборува за раширеноста на нејзиниот култ кај нас. Затоа што била христијанка ја погубил нејзиниот татко, кој бил паганин, во 306 година.

Светата великомаченица Варвара настрадала во 306 година, а Светата црква споменот на нејзиното име го празнува на 17/4 декември. Нејзините мошти се наоѓаат во Киев, а светото предание сведочи дека таа повеќе пати се јавувала, некогаш сама, некогаш со Пресвета Богородица.

Празникот на Светата великомаченица Варвара народот најчесто го поврзува со заварување (затекнување), варење и сл . Поради тоа и обичаите и верувањата што се изведуваат на тој ден се во таа насока.

Варење жито на овој ден среќаваме и во Кумановско. Овде најчесто во ѓезве вареле пченка и пченица (мешан бериќет) и сите од куќата каснувале утрото пред да одат на работа. Тоа се правело за да не се запече полето да биде влажно како водата во ѓезвето и да тера бериќетот. Истиот ден се јадел варен грав за да не го тепа град полето.

Во Велешко верувале дека од Варвара до Игнат денот се кревал колку врв од игла, а од Игнат до Васил пак како врв од игла.

Култот на Светата маченица Варвара особено популарен бил во Разлошко каде што се верува дека таа била од овој крај и дека тука настрадала. Овде се изведуваат интересни обичаи, се празнува со собири и панаѓури. Тогаш девојките и момчињата се облекувале во специјална облека, со специјални капчиња на главите оделе кај црквата „Света Петка” над селото, таму играле и пееле, а потоа се враќале и во групи, ужинале во некоја куќа каде што специјално за нив се готвела храна. Потоа пак играле и пееле повеќе обредни песни меѓу кои и „Света Варвара букосава Свети Никола”.

Очигледно е дека култот на светата маченичка Варвара е доста раширен во Македонија. За тоа зборува и фактот што многу семејства овој ден го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби.

ЏАМБАЗОВ ГИ ДEMАНТИРАШЕ БУГАРИТЕ: „Не постои македонски јазик? Еве ви го! (Видео)

Игор Џамбазов на својот Инстаграм профил ги дeмaнтираше Бугарите кои тврдеа дека македонскиот јазик непостоел, на свој начин.

(Видео) Цела Србија згpoзена од постапката на Јована Јоксимовиќ: Ја омаловажи колешката на пренос во живо

Јована Јоксимовиќ се обиде да направи сцена од која дури и гледачите се почувствуваа непријатно. За да биде потpaгично тоа го направи на пренос во живо на Прва ТВ.

-Дeпpecивна ли си ти? Ја праша Јована својата колешка, а таа професионално и смирено и одговори.

Јована продолжи да се однесува како учителка и и’ даде “добронамерен” коментар: Добро, тогаш со повеќе ентузијазам. Да им објасниме на гледачите дека е убаво…

За кратко време ова видео стана вирално, а Јована доби еден куп негативни коментари.

Седум дена јадела лук на ваков начин и еве што и се случило во организмот

Лукот е еден од најздравите продукти кои можете да ги купите од маркет, а неговото конзумирање на празен стомак прави чуда во организмот.

Лукот е моќен антибиотик и антиоксиданс, го штити желудникот од инфekции и бoлecти. Треба да го јадиме и на празен стомак, односно да не постои ништо друго во желудникот што би се мешало со хранливите материи на лукот.

Здравствените бенефити на лукот се многубројни. За сите кои се жалат на висок крвен притисок, ова е најлесниот и најсигурниот начин да го држите крвниот притисок под контрола.

Најдобро од се е да го конзумирате еднаш дневно и нема никакви нус појави како што е случајот со лековите.

(Фото+Видео) Не е вселенска станица, тоа е катарското метро: Архитектонско чудо на векот

Катар ја доби својата прва метро линија, пред Светското фудбалско првенство во 2022 година.

– Не верував дека во мојот живот ќе видам метро во Доха-рекол пензиониран работник од воздухопловната индустрија и истакнал дека сите се многу горди.

Како и бројни други корисници на метро, и тој го снимал возењето, направил селфи од возот и ја сочувал картата како спомен на тој историски момент.

Црвената линија ги поврзува стадионите на Ал-Вакраг и Лусали, каде ќе се играат натпреварите на Светското првенство 2022. Другата линија е долга 40 км и го поврзува меѓународниот аеродром Хамад со центарот на Доха, но таа линија не е уште во функција.

Целата мрежа на подземна железница ќе биде отворена во 2020 и ќе има три линии, црвена, зелена и златна со 37 станици.

Жителите на катарската престолнина Доха навикнале на автомобили и на чести сообраќајни гужви па Кара рели, државната компанија за подземни железници, верува дека граѓаните со задоволство ќе користат метро како превозно средство.