дома блог страница 2902

Нитy сме ние Бугapи, нитy Македонскиот jaзик е диjaлект на бyгapcкиот, велат Македонците од Албаниja

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана во име на Македонците во Албанија најостро ја осуди, како што наведува, „најновата провокација на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик како дијалект на бугарскиот јазик”.

Во реакцијата се наведува дека „ниту Македонците се Бугари, ниту македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик“.

– Македонското друштво „Илинден“ – Тирана во име на Македонците во Република Албанија, најостро го осудува ставот на Бугарската академија на науките, дека „македонскиот јазик не постои” и дека „македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик”, наспроти Повелбата за македонскиот јазик на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 3 декември годинава, се наведува во реакцијата.

МД „Илинден“ додава дека Бугарија со „своите барања, потврдува дека воопшто не го заслужува местото во Европската Унија на која и нанесува непотребен срам“.

– Однесувањето на Софија кон Македонците е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, денес Софија „се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и „Санстефанска Бугарија” се производ на Руската Федерација, се додава во реакцијата на друштвото.

Друштвото потсетува и на обидите на официјална Софија „да бара Бугари онаму каде што никогаш немало и нема да има, а тоа се областите каде што концентрацијата на Македонците во Албанија е најголема“.

– Во Албанија, ниту имало, ниту има Бугари, туку само Македонци. Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци. Македонците во Албанија никогаш не биле и нема да бидат Бугари, завршува реакцијата на МД „Илинден“.

Обиен стан на пратеничка од СДСМ

Домот на пратеничка на СДСМ вчера бил мета на крадци.

-И.С. пријавила дека на ул.Мирослав Крлежа во Скопје насилно е отворена влезната врата од станот, е наведено во полицискиот билтен.

Курир побара појаснување од Министерството дали е нешто одземено од станот на пратеничката и колкава штета е причинета.

Оттаму истакнаа дека се уште се работи на случајот и утврдување на точната ситуација, па не можат прецизно да одговорат дали и што е украдено од станот.

Извор: “Курир”

Чудо во Црна Гора: Се расплака иконата на Богородица

Копија на иконата на Богородица која се наоѓа во храмот Свети Јован Владимир во Црна Гора, вчера заплака.

Иконата веќе извесно време мироточела по малку, а синоќа заплакала за што сведочат и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи.

Храмот Свети Јован Владимир во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.

Автомобил се удри во камион: Тешка сooбpaќајка на патот Прилеп-Градско

Четири лица тешко повpeдени кога на патот Градско-прилеп се cyдриле камион и автомобил.

Во 06.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, на крстосницата на улиците „Пролетерска“ и магистралниот пат во Росоман, се случила сообpaќajна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Д.З. од Штип и патничко возило „фолксваген шаран“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Д.Ч. од Кавадарци.

Во незгодата, со повpeди се здобиле возачот на патничкото возило и сопатниците С.Ф.(52) од Неготино, С.П.(38) од Кавадарци, К.Ј.(46) од Неготино и С.П.(76) од Кавадарци и биле пренесени во болницата во Кавадарци.

Извршен бил увид на местото на настанот.

Бедна констатациja: Гледач се јави во живо во емисиja и се избpyка пред цела нациja (ВИДЕО)

Гледач се јави во отворената емисија на “ТВ 24” и кажа свое “видување” за потеклото на Гоце Делчев, кое потоа ги преплави социјалните мрежи со негодување и жестоки критики.

Погледнете во продолжение за што се работи:

Прекрасната изложба на икони од Стефан Малбашиќ синоќа отворена во Прилеп (ФОТО)

Во изложбениот салон на ЦК„Марко Цепенков“ синоќа (12.12.2019) беше отворена изложбата на икони „Седумте архангели“ од уметникот Стефан Малбашиќ од Битола.

Малбашиќ за првпат во современиот македонски иконопис креира ваква ликовна интепретација на фигурите на седумте архангелски претстави.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност.

– Малбашиќ создава автентична артистичка визија и соодветна ликовна интепретација, продолжувајќи ја зоографската традиција и мисија на византиските средновековни иконописци – рече Димеска, потенцирајќи дека во суштина архангелите во небесната хиерарија ја заземаат највисоката позиција, покрај тронот на Бог, спроведувајќи ги божјите закони, борејќи се против седумте смртни гревови и сочувувајќи ги душите за седумте божји дарови на светиот Дух.

Ги засени сите: Актерката на премиерата од својот филм се појави во екстра издание (ФОТО)

Актерката ја засени Никол Кидман, па дури и колешката Марго Роби која е помлада од неа.

Популарната Шарлиз Терон (44) на премиера на филм во кој игра главна улога, се појави во црн минијатурен футан, а со деколте до папок ги засени сите дами и ги собра сите погледи.

Во фустан кој повеќе открива, отколку што покрива Шарлиз уште еднаш покажа зошто важи за најсексипилна актерка на светот.

Ова е новиот страв и трепет во ММА: Сенегалецот “Руж Руж” ќе дебитира во рингот (ВИДЕО)

Сенегалецот Умар Кане ќе дебитира во сабота во ММА натпреварувањето. Досега тој се натпреваруваше во борење но сега ќе застане и во ММА. Прекарот му е “Руж Руж”, а изгледот страв и трепет за противниците. Има 120 килограми а висок е 196 сантиметри.

Погледнете го на што личи:

Денеска е петок 13-ти: Еве што велат суеверијата дека денеска не треба да се прави

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус Христос, тој тврдеше дека е 13-тиот гостин на последната вечер, па дури и денес се верува дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата.

Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излети, ниту седишта на авионот под тој број, па ако сте суеверни овие неколку работи би требало да не ги правите утре.

Денеска е Петок 13-ти ден кој се смета за баксузен, ова според суеверијата не смеете да го правите:

Внимавајте да не истурите сол, не поминувајте под скали, ако кажете нешто лошо чукнете во дрво.

Се смета дека денеска не треба да допрете буба-мара, и не треба да го прекрстувате приборот за јадење.

“Победа која се случува еднаш во генерацијата”: Борис Џонсон оствари голема победа и останува премиер на Велика Британија

Првичните резултати од вчерашните избори во Велика Британија покажуваат убедлива победа на Конзервативната партија на актуелниот премиер Борис Џонсон, победа за која многу аналитичари велат дека се случува “еднаш во генерацијата”.

Ова беа трети општи избори во изминатите 6 години, кои многумина ги оценуваат како најважни во британската историја. Конзервативците освоија 368 места во парламентот, 50 повеќе од изборите во 2017 година.

Лабуристите од друга страна освоија 191 место, а по нив следуваат либерал-демократите со 13 и Шкотската национална партија со 55 освоени места.

Oвие избори, инаку, го добија епитетот “најправилни било кога” поради начинот на кој политичките партии ги водеа своите кампањи. Фокусот беше околу дилемата за “Брегзитот”, а конзервативците го имаа во преден план.

Борис Џонсон и неговите конзервативци беа во предност и пред одржувањето на изборите.