дома блог страница 2904

Внимавајте! Одpoн на патот Велес-Скопје

Информација за одрон на автопатот Скопје-Велес се појави на социјалните мрежи.

Корисниците апелираат внимателно да се вози, бидејќи одронот не е расчистен. Сообраќајот на автопатот на потегот Катланово – Велес се одвива по една коловозна лента поради одрон.

Екипите на „Македонија пат“ се излезени на терен и работат на расчистување на одронот.

УХМР со лоша најава за крајот на неделата

Времето денеска во Македонија, како и во петок ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег.

Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег.

Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.

Немала пари и сама без мајстор ја реновирала кујната – од домот направила чудо

Шарлот Гриди е 26-годишна девојка од Велс која на Инстаграм ја следат веќе 70.000 луѓе, а најмногу внимание привлекла со реновирањето на својот дом. Меѓу најпопуларните објави ѝ била обновата на кујната. Купила лепливи плочки, односно налепници за нив, а елементите ги обоила наместо да купи нови.

„Очајно сакав нова кујна, а немав пари за целосно реновирање, па дојдов до оваа идеја.“, рекла таа.

„Дојдов на идеја за бојадисување на целата кујна. Купив налепници за плочките преку интернет и така постигнав ефект на нови плочки, а потоа купив и воја и ја бојадисав кујнската површина. Претходно имаше сјајно црни нијанс, а сега се мат бели. Елементите исто така ги бојадисав, а користв мал ваљак и една помала четка за тешко достапните места“, напишала девојката.

„Ги сменив рачките кои многу евтино ги платив, а белите штекери ги замнив со хромирани. Подот исто така го купив на интернет и употребив скалпел и лепак во спреј за прицврстување“, вели таа.

Сѐ заедно Шарлот ја чинело 200 фунти, што е од прилика 15.000 денари.

„Пресреќна сум од реновирањето и заљубена сум во својата нова кујна. Кога и да влезам во неа, се чувствувам гордо“.

Е ова е К-15: На своите вработени им исплати бонус во вредност од 10 милиони (ВИДЕО)

Декември е време кога работниците ширум светот се радуваат на своите божиќни бонуси, меѓутоа основачот и директор на градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон го покрена повисоко скалилото за сите шефови ширум светот.

Имено, тој организираше божиќна забава за своите 198 вработени, каде објави дека ќе им подели на своите работници неверојатни 10 милиони долари.

Работниците кои долго работат за фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари. Меѓутоа, тоа не е се што добија овие работници. Тие покрај бонусот, добија и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година.

Како и што се очекувало, работниците воодушевени плачеа кога ги добија црвените пликови во кои се наоѓаше нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите го добиваат својот бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.

-За да ја прославиме прославата на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите работници на таков начин што ќе има значително влијание врз нивните животи. Благодарен сум му на секој од нашите работници, на нивната работа и не можев ниту да замислам подобар начин тоа да го покажам, изјави директорот на компанијата, пишува Метро.

Ќе звучи прекрасно: „Љубојна“ во возобновување на уште една божиќна песна (Видео)

Традиционално, и оваа година, како што наближува Божиќ, се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија што цел е, да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божиќ.

Една од најважните активности на Здружението, која се практикува веќе 4-та година по ред, е возобновување на православните божиќни песни кои што некогаш се пееле на ова наше поднебје, а денес се згаснати и останале само во сеќавањето на повозрасните граѓани.

„Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божиќна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“.

Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна, згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ.

Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на група Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

– За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божиќ. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“ – вели Вера Милошевска – „Љубојна“.

– Оваа песна е со византиски происход. Тоа може да се забележи од раскошниот и специфичен начин на изведба. Ние како наследници на богатата византиска традиција, треба да се гордееме што имаме вакво богатство во наследство, додава аранжерот Владимир Димовски.

– Лично посакувам, како што децата со голема радост и свечен тон ја пеат „Вечниот Бог“, така возрасните повторно да почнат да ја пеат „Христос се роди денес“ – изјавува Тимко Чичаковски, како еден од учесниците во проектот.

Напиток кој ќе ги исчисти белите дpoбови од катpaн и тokcини- се што ви треба се само три состојки

Ако сте пушач или сте биле порано вашите бели дробови се полни со токсини од цигарите, а за да ги исчистите нема да ви биде потребно чудо, туку еден природен напиток составен од три билки, ѓумбир, кромид и куркума.

Состојки:

400 грама кромид

1 литар вода

400 грама шеќер

2 лажици куркума

корен од ѓумбир со големина на палецПодготовка

Во водата додадете го шеќерот, ставете капак и покријте.

Кромиот расечен на четвртинки, исечениот ѓумбир додадете ги во водата. Повторно затворете го со капак и штом зоврие додадете ја куркумата и намалете ја силината на огнот.

Напитокот треба да се вари се додека водата не се налами за половина, потоа се цеди и се става во стаклен сад. Штом се олади се става во фрижидер и така може да се цува подолго време.

Секое утро зимајте по две лажици на гладно, а навечер два часа после оброк.

(ВИДЕО) Миле Талески контра Зоран Заев

Претседателот на Владата, Зоран Заев во придружба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец, во саботата извршија увид во градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“. Во својата изјава, премиерот Заев потенцираше дека заложбите на Владата се да има што повеќе инвестиции во овој дел од државата, за што доволно зборува фактот дека висината на средствата за проектите кои во моментов се во фаза на реализација во Пелагонискиот регион, со посебен фокус на Прилеп, изнесуваат околу 50 милиони евра.

Заев: Висината на тековните инвестиции на Владата во регионот на Прилеп изнесуваат 50 милиони евра

Наспроти ваквото излагање на Заев, денеска претседателот на ОО СДСМ Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талески, истакна дека инвестициите на Владата во Прилеп биле 17 милиони евра.

Снежна бајка на Пелистер: Првиот снег ги кани сите на уживање во чист воздух (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Овој не е патот до Алпите ! Овој пат води кон Пелистер! Снежно бела покривка, денеска, го покри врвот на Баба Планина, Пелистер и направи вистинска зимска едила.

Овие фотографии кажуват дека планинскиот туристички убавец Пелистер е подготвена за зимски лудории.

Новогодишна распродажба во УЈП: Автомобили, компјутери, станови, деловни простори…

Управата за јавни приходи на јавна аукција и во комерцијална продажба закажани за 27 декември, годинава нуди станови, деловен простор, автомобили, камиони, телевизори, пелени и други производи запленети по основ на неплатени даночни давачки.

На јавно наддавање, меѓудругото, се нуди автомобил „Мерцедес“ од 2005 година со почетна цена од 348.677 денари, товарно моторно возило „МАН“ од 2007 година со почетна цена од 1.076.250 денари, товарно моторно возило „Форд Фургон“ од 2007 година со почетна цена од 535.000 денари, „Рено Клио“ од 2003 за 83.100 денари…

Повеќе детали погледнете ТУКА

Денеска се слават Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици – заштитници на Струмица

Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици — група христијански светци и маченици од IV век. Своите животи во име на христијанството ги загубиле во времето на римскиот цар Јулијан Отпадникот. Денеска од страна на Македонската Православна црква и православниот свет нивното дело се чествува на 11 декември. Во градот Струмица, односно местото каде биле погубени 11 декември се слави како патрон на градот.

Основни податоци за делата на Светите Петнаесет маченици произлегуваат од Житието на охридскиот архиепископ Теофилакт Охридски.

Во времето на римскиот император Јулијан Отпадник (361-363) бил издаден акт за голем прогон на христијаните од империјата. Јулијан Отпадник како син на Констанциј II и брат на Константин Велики по стапувањето на императорскиот престол ги вратил старите пагански верувања и го отфрлил христијанството издавајќи наредба со која заповедал одмазда врз оние кои нема да се вратат кон старите обичаи. Во градот Никеја или денешен Изник во Турција, во центарот на градот била прочитена наредбата на императорот според која на оние кои ќе се одречат од христијанството им следувало награди. Според Житието голем дел од населението ја избегнале наредбата на императорот и заминале од градот.

Од они кои побегнале биле и Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор кои се населиле во Солун. По краткиот престој во Солун тие заминале кон Тивериопол или денешна Струмица. Во градот Тимотеј станал епископ на Тивериополската црква, Комасиј кој претходно бил војник се замонашил заедно со Евсевиј а Теодор исто така бил епископ и учесник на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година. По пристигнувањето тие започнале да го проповедаат христијанството меѓу жителите на градот и биле прифатени од страна на Петар, Јован, Сергиј, Теодор, Никифор кој го проповедале делото на Исус во презвитерски чин а заедно со нив служеле Василиј и Тома во ѓаконски чин заедно со монасите Еротеј, Даниил, Харитон и Сократ. Уште тогаш почнала да се шири нивната слава на доследни христијански проповедници и чудотворци.

По некое време за нивното дело во Тивериопол се разбрало во Солун од страна на Валент и Филип кои биле началници на градот и службеници на императорот Јулијан Отпадник. По пристигнувањето во градот тие наредиле пред толпата народ да бидат доведени тивериополските црковни лица, по кое им било речено:

Цело царство се потчинува на царската наредба која гласи дека треба да се поклониме на бесмртните богови… Како само вие се покажавте, наспроти целиот свет, помудри од старите луѓе? “

Тие изјавиле дека и елинските писатели ги нарекуваат боговите неразумни и неморални и дека многу повеќе од нив ја разбираат незнабожечката религија. Но, во едни такви бајки бесмилено било да се верува, па затоа тие ја прифатиле верата бидејќи само тој за нив претставувал Бог. По ова Валент и Филип им поставиле прашање дали ќе пренесат жртва на боговите по кое тие повторно одбиле.

Поради оваа изјава сите биле осудени на смрт со отсекување на главата. По погубувањето телата биле расфрлени а по заминувањето од градот на Валент и Филип жителите на градот ги зеле нивните тела и ги погребале во посебни гробови на кој било напишано името на секој од нив. Петнаесетте маченици од Тивериопол биле погребани во доцноантичка некропола, надвор од градот каде што се закопувале христијаните. Овие маченици пострадале во 361 или 362 година на 28 ноември. Денеска, според јулијанскиот календар, нивното име се слави на 11 декември. Дел од нивните мошти се наоѓаат во црквата Свети Петнаесет тивериополски маченици во Струмица.

Повеќе информации прочитајте ТУКА