дома блог страница 2895

Херојска акција: Спасено маче кое беше заглавено во дрва среде Вардар (ФОТО)

Во купот дрва среде Вардар, кај мостот Обединети Нации во Влае, денес се заглави маче.

Граѓани и здруженија за заштита на животните алармираа за состојбата и јавно побараа некој да му помогне на заглавеното маче.

Maчето подоцна за среќа било спасено!

Стевананџија до СДСМ: Барем еден од вас да стане и да се спротивстави на предлогот за средства за инвертер клими со кој што се дискриминираат општините во Македонија

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија при што посочи дека власта донесе единствено низа на непопуларни, противуставни закони кои што не се во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Кога сакам да истакнам дека овој закон е противуставен, мислам дека не е логично со законско решение во кое што се субвенционира употребата и набавката на инвертер климите да изделиме само 4 општини во Република Македонија каде што ќе ги имаат тие привилегии, истакна Стевананџија.

Стевананџија додаде дека е логично барем еден од парламентарното мнозинство да стане и да се спротивстави на овој предлог, или пак да се замисли и да го повлече ова законско решение. Ако досега на неколку пати ги дискриминиравте жителите на општина Прилеп на пример, ова е врвот на дискриминацијата. Ако ги дискриминиравте со законот со кој што им префрлавте средства за одолжување на локалните самоуправи во висина од 50 милиони евра, во која што нашата општина не доби ништо бидејќи не беше задолжена.

Ако Прилеп не доби средства за реконструкција на старата Градска Чаршија, за изградба на затворен базен, еве уште една казна за жителите на Општина Прилеп, нагласи Стевананџија. Стевананџија појасни дека Велешани, Кумановчани, Гостиварчани, Прилепчани нема да видат ништо од 10-те милиони евра, средства наменети за набавка на инвертер клими.

(УРНЕБЕСНО ВИДЕО) Анкета помеѓу скопјани – Што е поблиску Америка или Месечината?

Екипата од популарниот jутјуб канал “Мајк Шоу” направи нова анкета помеѓу жителите и случајните минувачи во Скопје.

Овој пат прашањето гласи: “Америка ли е поблиску или Месечината?”.

Погледнете какви урнебесни одговори добија на нивното прашање:

Ова е девојчето кое заедно со Комити и Војводи направи атмосфера како никогаш досега (МОЌНО ВИДЕО)

Девојчето кое ја испеа песната “И ние сме деца” на дербито помеѓу Вардар и Шкендија, на кое навивачките групи “Комити” од Вардар и “Војводи” од Тетекс прославуваа 10-годишнина од нивното пријателство.

Се работи за Фросина Пепоска која заедно со навивачите на трибините направи атмосфера како никогаш досега.

Погледнете:

Едноставно, а корисно: Како да испечете риби и да ги отстранете коските за светиниколската трпеза

Никој не ги сака ситните коски од пржена риба. Па уште ако станува збор за мали деца, тогаш чистењето е макотрпно! Се прегледува секое мало парче внимателно и се чисти од коските.

Како да се испрже риба без коски? Едноставно, со овој мал но корисен совет. Рецептот е погоден за приготвување на различни видови риба со ситни коски.

Првин рибата се чисти и се вадат внатрешните органи. Со остар нож внимателно се прават бројни засеци од едната и другата страна, без сечење на главната коска. Во внатрешноста се ставаат исечени тркалца од црвен кромид и ловоров лист. Се прпела рибата во брашно и се прже на умерен оган додека добие убава златна боја.

Ситните коски се испржени и омекнати во врелото масло. При јадењето нема да се забележуваат и чувствуваат.

Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски, покажува анкетата на Рејтинг.мк

Граѓаните имаат поголема доверба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во однос на премиерот на владата од СДСМ Зоран Заев покажува анкетата објавена од страна на Агенцијата за истражување на јавното мислење во Република Македонија Рејтинг.мк.

Според резултатите од истражувањето дури 30,78 проценти од граѓаните имаат најголема доверба во лидерот на опозицијата Мицкоски, додека пак 25,4 проценти има Заев.

Веднаш по нив се наоѓа коалицискиот партнер на СДСМ, претседателот на ДУИ Али Ахмети со 13,93 проценти, лидерот на Алијансата на албанците Зијадин Села со 11,80 проценти и двајцата претседатели на поделената БЕСА Африм Гаши 6,01 и Биљал Касами 5,94 проценти.

Според дел од експертите зголемениот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ како и се поголемата доверба во Мицкоски е поради зголемениот активизам на терен, кампањата која што се спроведе изминатиот период разговори за обнова на Македонија, како и поради почестите прес конференции од страна на првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Свое позитивно влијание во трендот за раст на рејтингот изминатиот период имаше и гласното барање на Мицкоски за бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот од стрна на високи функционери на владата на СДСМ, како и барање за воспоставување на правна држава и владеење на правото.

Малото ангелче од Прилеп е вистински херој: Дејан успешно помина четири третмани со матични клетки, потребни се средства за уште два

Maлиот Дејан Најдоски од Прилеп кој има аутизам, успешно го помина и четвртиот третман со матични клетки во болницата во Турција.

Сумата која беше потребна за негово лекување изнесуваше огромни 54.000 евра. Со помош на сите хумани граѓани, преку хуманитарни концерти и низа настани, Дејан навреме стигнуваше до третман во Турција и досега четири пати се радуваме на вестите околу подобрување на неговото здравје.

За малото ангелче од Прилеп неопходни се уште два третмани со матични клетки, првиот во март, а вториот во мај идната година.

За таа цел неопходни се уште 15.000 евра, средства кои и претходно покажавме дека можат да се соберат.

Сите кои сакаат малиот Дејан да има нормално детство како сите негови врсници, можат да донираат на следните броеви и трансакциска сметка:

(Видео) Фамилијата Рокфелер не е повеќе најбогата на светот, но дали е нajмоќна? Овие организации го даваат одговорот на тоа прашање

Откако во втората половина на 19ти век Џон Д. Рокфелер изградил империја во Америка благодарение на “Стандард оил” компанијата која до крајот на 1870-тите држела 90% од навтата во САД, Врховниот суд на САД во 1911 година донел одлука дека компанијата мора да се подели на 34 помали фирми.

Од фамилијата задржале попорционални делови во сите новонастанати фирми, а нивното лично богатство дури и пораснало, иако им се намалило влијанието во нафтената индустрија. Џон Рокфелер починал во 1937 година, оставајќи повеќе финансиски фондови позади себе- во рацете на своите машки потомци. Од тука излегува прашањето- каде се сега тие пари?

Според “Форбс” во 2016 година фамилијата Рокфелер тежела 11 милијарди долари, што ги прави дури 23 најбогата фамилија во Америка.

Ториите на заговор за фамилијата Рокфелер се движат од општоприфатени до бизарни. Имено, тие веќе долго се поврзуваат со идеата за тајна светска влада, во написите на теоретичарите на заговор позната и под името Нов светски поредок. Секако во прилог на теоријата се и двете институции кои биле започнати од Рокфелер. Едната е Трилатералната комисија, а другата е Билдерберг групата.

Очекувајте дожд и снег – Временска најава за наредните денови

Стабилното, суво и релативно топло време за овој период од годината кое го имаме особено на повисоките и планинските места, но и релативно високата влажност во воздухот како и тивкото време условува по котлините и речните долини појава на магла и на ниска облачност, анализира Славчо Поповски.

Локално маглата е густа и условува намалена видливост, ваквата ситуација ќе продолжи и во следните неколку денови. Токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат претпазливи , исто така да се прилагодуваат на брзината кон условите на патот.

Времето особено на повисоките места и на планините ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Поради релативно високите дневни температури на воздухот се очекува топење на снежната покривка.

Понатаму максималните дневни температури на воздухот низ државава ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени, во најтоплите региони истите можно е да се искачат дури и малку повисоко. Да напоменеме дека овие температури се значително повисоки од вообичаените.

Во среда попладне од запад облачноста ќе започне да се зголемува, во четврток ќе имаме умерена до значителна облачност. Во вечерните и ноќните часови кон петок од запад ќе започнат повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат и во петок особено во претпладневните часови. На повисоките планини ќе има повремени врнежи од снег, сепак и покрај ова температурите на воздухот ќе останат релативно над просекот за овој дел од годината.

Мадона ужива со 35 години помладото момче- сликани на балкон во непријатна позиција

Една од најпопуларните пејачки на сите времиња 61-годишната Мадона камерите во последните неколку месеци повеќе пати ја „уловија“ во друштво на младиот танчер, 26-годишниот Ахламалик Вилијамс кој е само три години постар од нејзината ќерка Лурд Марија Чикона.

Иако за нивната врска досега само се негодувало, се чини дека нивните заеднички фотографии кои настанале на балконот на еден луксузен хотел во Мајами, додека разменуваат нежности, ја потврдуваат таа вест.

На нив се гледа дека тој не ги трга рацете од колковите на Мадона, додека со едната рака и нежно ѝ го масирал грбот.

Гласините за нивната врска започнале во јуни оваа година откако Мадона на профилот на Инстаграм споделила видео на кое тој тверка.