дома блог страница 2896

Koнгресмен на Демократите преминува кај Републиканците, затоа што е против импичмент на Tpaмп

Џеф Ван Дру, демократски конгресмен од Њу Џерси и еден од двајцата демократите во Конгресот, кои се сомневаат во исправноста на одлуката за отповикување на претседателот Доналд Трамп, преминува во Републиканската партија.

Неговата одлука да гласа против досега остана непроменета, а гласањето за импичмент е закажана за в среда. По неговата одлука, Ван Дру го напуштиле сите помошници во неговиот кабинет, освен реководителот на персоналот.

– За жал, одлуката на конгресменот Дру да се придружи во редовите на Републиканската партија водена од Доналд Трамп не е во согласност со вредностите, што не водеа кога се вработивме во неговиот кабинет – наведуваат помошниците во писмо објавено од „Њујорк тајмс“.
Откако Ван Дру, умерен демократ чиј конгресен мандат му е прв, изјави дека е против импичмент на Трамп, шансите за негов реизбор идната година на изборите во Њу Џерси станаа многу мали. Со одлуката да премине во Републиканската партија, тој се надева на поддршка од републиканците за негов повторен реизбор, бидејќи во овие услови нема да ги помине внатрешните партиски избори на демократите.

Неговата одлука ја осудија од двете партии.

Републикански кандидат за член на Претставничкиот дом го нараче „орудие во кое не треба да се има доверба“, демократски претставник кој се подготува за конгресните избрите го нарече „предавник“, додека гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, изјави дека тој нема храброст да го одбрани Уставот.

Во неодамнешна изјава за телевизијата „Фокс њуз“, Ван Дру посочи дека Трамп најверојатно ќе го преживаа отповикувањето, бидејќи Сенатот е контролиран од републиканците, и дека американските гласачи а не Конгресот треба да одлучат за судбината на Трамп.

За многумина во САД, неделава ќе биде историска кога третпат во американската историја ќе биде отповикан еден претседател. Претходноите двајца претседатели отповикани од функцијата се Ендрју Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година.

Извор: “Lider.com.mk”

Денеска се празнува Св. великомаченичка Варвара: Денеска се сади Божиќна пченица

Денеска е Света великомаченичка Варвара, денот кога се сади Божикна пченица за да изникне и да ја краси трпезата за Рождеството Христово.

Раѓањето на Исус Христос е семеен празник кој се прославува во домот, но и со посета на православните храмови и богослужби. На Божикната трпеза се пали кандило и се крши лепчето, но има уште еден голем симбол на најрадосниот христијански празник – Божикната пченица.

Иако пред Божик можат да се купи и на пазарите и маркетите, доколку сте од оние кои сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете сами.

За да порасне до Божик треба да се засади на време, да е зелено и бујно, бидејќи такви ќе бидат и посевите во текот на годината, вели старото верување.

Пченицата се сади на празникот Св. велокомаченичка Варвара, на 17 декември, кај православните или на Св. Никола на 19 декември, а кај католиците на 13 декември, на денот на Света Луција.

За садењето ви е потребно малку пченица и чинија или сад во кој ќе ја посадите.

Во плиткиот сад ставете земја, на неа наредете ја пченицата, која преку ноќ стоела во вода. Зрната покријте ги со малку земја, која секој ден ќе ја прскате со вода на собна температура.

Пченичните зрна можат да се стават и без земја, само се распоредуваат на дното на садот, во потполност да го покријат.

До рабовите се остава барем еден сантиметар зашто пченицата со никнувањето ќе се прошири. Најдобро е само да се прска со вода, еднаш до два пати дневно.

Во средина на садот може да се остави празен простор во кој подоцна ќе се стави свеќа. Земете плитка чинија, по желба, во средина ставете малечка чаша (за ракија). Зрната нанесете ги околу чашата.

Пченицата која сте ја засадиле можете да ја покриете со памучна ткаенина натопена со вода, за да зрната набабрат и да има доволно количество влага за тоа. Кога ќе се појават првите никулци ткаенината треба да се тргне за да пченицата расте без проблем.

Пред да се стави на маса, житото се поткаструва со ножици за да биде израмнето во врвовите, бидејќи расте нерамномерно.

На Бадник ставете свеќа во средина, а житото на средина врзете го со црвена машничка.

Неговото Блаженство Г.Г. Стефан ќе чиноначалствува со Света литургија за празникот Св. Никола во Прилеп

-По повод празникот Св. Никола, патрон на градот Прилеп на ден 19.12.2019 (Четврток) со почеток во 08:30 ч. ќе биде отслужена Света и Божествена Архиерејска литургија со која ќе чиноначалствуваат Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г Стефан , Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски Г. Петар и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски Г. Климент.
Потоа во центарот на градот пред параклисот на Св.Никола ќе биде прережен славскиот колач со почеток во 12:00 ч.
Напомош да ни е празникот кој ни предстои и за многу години!
, информираат од храмот Св. Благовештение.

Македонците во Албанија бараат православниот Божиќ да биде државен празник во државата

Васил Стерјовски, единствениот Македонец пратеник во албанскиот парламент од редовите на партијата Македонска алијанса за европска иднина (МАЕИ) бара државата да го прогласи 7 јануари за државен празник – oбјави “Експрес.мк”

„Денес во албанското Собрание го поднесов предлог-законот „За изменување и дополнување на законот бр. 7651. од 21.12.1992 година, „За официјалните празници и спомен денови “, изменет и дополнет“.

Преку овој амандман, предлагам албанското Собрание да го прогласи за официјален празник во Република Албанија 7-ми јануари како Ден на Божик според Јулијанскиот календар за македонско, српско и црногорско национално малцинство од православна вероисповед“, соопшти Стерјовски на Фејсбук.

Пратеникот додава дека оваа иницијатива има поддршка од Советот на општина Пустец, од каде сметаат дека тоа е неопходно неопходно со оглед на фактот дека Општина Пустец е населена со 100 отсто македонско население од православна вероисповед и православните празници жителите на оваа општина го слават Божик според Јулјанскиот календар.

Поддршка, вели Стерјовски, дадоа и здруженијата кои ги поддржуваат интересите на македонското, српското и црногорското национално малцинство во Албанија, како и Државниот комитет за малцинства.

Ова видео за два дена го погледнале 20 милиони луѓе: Елен кој игра фудбал, постигнува гол и прославува

Елен кој игра фудбал, нема потреба ништо друго да се каже за да ви го привлече вниманието.

Меѓутоа, снимката која кружи на социјалните мрежи за два дена беше прегледана 20 милиони пати. Еленот постигна гол, а потоа следуваше неочекувана реакција.

Само две cocтојки исфpлaaт цел товар од цpeвaта: Ќефирот е природен феномен кој прави чуда

Целото наше тело, а посебно цревниот тракт, е во голема мера под влијание на навиките во исхраната и квалитетот на храната што се консумира. Токсичните материи од храната може да предизвикаат различни екстремни здравствени состојби, како ослабен имунолошки систем, ниска енергија, дијареа, запек и други различни проблеми. Сите проблеми може да се избегнат со редовно чистење на дебелото црево и да се загубат вишокот од килограмите. Тоа го подобрува целокупното здравје.

Се препорачува чистење пред третманот за слабеење. Постојат две ефикасни состојки кои помагаат во чистењето на дебелото црево и подобрување на општата здравствена состојба. Тоа се кефир и ленено семе. Ова е моќна комбинација која треба да се измеша во правилен однос за ефикасно да се детоксифицира системот. Количината треба постепено да се зголемува бидејќи ферментираната храна значително влијае врз варењето на храната.

Кефирот е богат со аминокиселини, Б-витамини, минерали и протеини, кои имаат поволно влијание врз цревата. Комбинацијата ќе го исчисти интестиналниот тракт и ќе овозможи рамнотежа на добрите бактерии, поради силните пробиотични структури на здравиот квасец. Лененото семе изобилува со омега-3 масни киселини познати како алфа-линоленска киселина, која го елиминира отпадот.

Потребно е да се натопи семето пред употреба и да се сомеле во мелница за кафе, за полесно да апсорбира. Смесата треба да се консумира најмалку 2-3 пати дневно 15 дена и имунолошкиот систем да ја врати оптималната способност.

На 1/3 или 1/4 чаша кефир се додава лажица мелено ленено семе. Се пие рано наутро по разбудувањето. Истата количина се консумира и навечер пред спиење.Нужно е да се пие многу вода во текот на третманот најмалку 8 чаши дневно. По 15 дена, треба да се направи дводневна пауза. Потоа може да се повтори постапката.

Извор: “Неделник Зенит”

Шилегов е “мега чобан”: Сопственикот на архитектонското студио кое ја дизајнираше Универзална сала со коментар за Шилегов

Петре Шилегов е „мега чобан“, односно „оформен сељак“ – коментира сопственикот на архитектонското студио „Стоун Дизајн“ Стојан Павлески како одговор на дисквалификациите на градоначалникот на градот Скопје за проектот за нова Универзална Сала.

Иако едно од основните ветувања на Шилегов во неговата кампања беше дека во рок од две години ќе ја заврши новата Универзална Сала. Проект, кој се уште не е ниту во почетна фаза на изработка иако претходната градска администрација остави готов проект.

Проектот на „Стоун Дизајн“ предвидуваше новиот дизајн да биде во форма на јајце, а дополнително да има идејно решение за повеќе сцени, но и сопствен паркинг простор.

Вака изгледа видео спот на македонски диџеј во Америка: Најновата “трака” му се вика “Мада фака” (ВИДЕО)

Maкедонски диџеј во Америка…

Се вика Спасе Трајковски или “Спасе Мадафака”, a најновата “трака” му е заедно со неговиот брат Боби Трајковски.

Видеото започнува со сцена на која еден од браќата игра голф, а другиот му ѕвони на телефон и му вели да одат во Лас Вегас.

Сценариото понатаму е “страшно” и сигурно ќе ве остави со подзината уста …..

Во само три месеци ја покажаа својата професионалност и посветеност, а сега нудат екстра попусти: “Denny Art” е вашиот избор за магичен изглед (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Нема неубава жена, само ненегувана жена. Затоа постојат козметичките салони и центри за убавина каде соништата стануваат реалност.

Ова беше мотото под кое изминативе 3 месеци работи новото козметичко студио “Denny Art” во Прилеп. За тие кои не знаат ќе потсетиме, студиото се наоѓа на улица “Марксова” бр.121/1 или веднаш од спротива на студенстскиот интернат и откако е отворено функционира перфектно.

Сопственичката Дениза Вељаноска го оствари својот сон да отвори свој дуќан, а со вештината која ја поседуваат во своите раце, таа и нејзиниот тим веќе прават мали чуда кај секого.

Професионалноста, посветеноста и желбата да се пренесе насмевка и позитивна енергија, досега ја препознаа голем број корисници на нивните услуги, па затоа од “Denny Art” нудат екстра попусти за Новогодишните и Божиќните празници.

Се работи за студио кое изобилува со многу љубов, префинетост и пред се огромна професионалност!

Свилени трепки за само 950 денари, професионална шминка за 500 денари, надградба на трепки за 950 денари, лифтинг и ботокс на трепки исто така 950 денари, фарбање на веѓи за 200 денари и низа други изненадувања и попусти се дел од асортиманот на услуги со кој од козметичкото студио ќе ја наградат верноста на нивните корисници.

Oсобено атрактивен е пакетот за шминка + веѓи + надушници + свилени трепки (или лифтинг и ботокс) за само 1.600 денари.

Ќе потсетиме и тоа дека во “Denny Art” можете да закажите уште и за шеќерна, топла и ладна депилација, третмани за лице, како и професионална масажа.

Се што треба да направите е да се јавите на телефонскиот број: 075/886-535 и да се препуштите на вештите раце, кои ќе направат да изгледате перфектно за моментите што се случуваат еднаш во годината.

И секако! Побрзајте! Затоа што интересот е голем, а бројот на термини се намалува!

Тарчуловски:”Љубе, заврши твоето во политиката…ситно броиш…уште 18 денови”

(Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски)

“Гледам дека Љубе седнат во скутот на Заев се интересира за ТВ дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.
Од друга страна, интересот на ВМРО-ДПМНЕ е да има ТВ дуел со оној кој што му диктира на Љубе вака да пишува, а тоа е Зоран Заев, се со цел да се дискутира за катастрофалните политиките што ги води во државата. Иако е осмислено од советниците за ПР на Заев, кои се со средно училиште, сепак е премногу.

И кога сме кај ВМРО, Љубе седнат во скутот на Заев, најмалку има право да зборува за ВМРО и да го повикува Мицкоски, затоа што на ВМРО не му треба Љубе, но очигледно му треба на Заев, кој го продаде името, свитка кичма и не му е мака за тоа. Секој ден нова трговија, и се така додека Љубе си молчи, а Заев продава.

Ете тие двајца, Љубе и Заев, може да си зборат за внатрешна и надворешна трговија и да си се восхитуваат еден на друг. Љубе да го восхитува Заев со инвестициите, а Заев да се фали со ФБ и Гугл, кои не дојдоа. И се така да си се лажат еден со друг, затоа што тоа најдобро го прават.

Црни Љубе, помина твоето време во политиката, а гледам од инвестициите ви врват само оние домашните, во 4 очи, а странските ги нема. Уште 17 дена Заев премиер, исто толку и Љубе советник”.