дома блог страница 2894

Стевананџија: “Зошто три години Прилеп систематски се уништува?” (Видео)

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија при што посочи дека власта донесе единствено низа на непопуларни, противуставни закони кои што не се во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Кога сакам да истакнам дека овој закон е противуставен, мислам дека не е логично со законско решение во кое што се субвенционира употребата и набавката на инвертер климите да изделиме само 4 општини во Република Македонија каде што ќе ги имаат тие привилегии, истакна Стевананџија.

Стевананџија додаде дека е логично барем еден од парламентарното мнозинство да стане и да се спротивстави на овој предлог, или пак да се замисли и да го повлече ова законско решение. Ако досега на неколку пати ги дискриминиравте жителите на општина Прилеп на пример, ова е врвот на дискриминацијата. Ако ги дискриминиравте со законот со кој што им префрлавте средства за одолжување на локалните самоуправи во висина од 50 милиони евра, во која што нашата општина не доби ништо бидејќи не беше задолжена.

Ако Прилеп не доби средства за реконструкција на старата Градска Чаршија, за изградба на затворен базен, еве уште една казна за жителите на Општина Прилеп, нагласи Стевананџија. Стевананџија појасни дека Велешани, Кумановчани, Гостиварчани, Прилепчани нема да видат ништо од 10-те милиони евра, средства наменети за набавка на инвертер клими.

Викторија Лоба за Нова година во Крушево

Општина Крушево пречекот на Новата 2020 година го организира со настап на македонската пејачка Викторија Лоба плус ди џеј сет. Забавата ќе се одржи на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ на 31.12.2019 со почеток во 21:30 часот.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи рече дека веќе се бара легло плус за новогодишните празници и Крушево го очекува уште една успешна зимска сезона.

„ Организираме одличен пречек на новата година со Викторија Лоба. Веќе се бара легло плус за Нова година во Крушево и ова ќе биде уште една успешна зимска сезона за нас. 31.12, 21:30, градски плоштад “Никола Мартиноски”, Викторија Лоба и ди џеј сет.“, напиша градоначалникот Христоски на „Фејсбук“.

Викторија Лоба настапуваше и на затворањето на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ на 10-ти август годинава.

Официјалниот постер е изработен од Теано Кардула.

Вечерва во Прилеп, возач yдpи во светлечка реклама пред маркет (ФОТО)

Вечерва на булеварот “Гоце Делчев” во Прилеп, возач на автомобил марка “Хјундаи Акцент”, удрил во светлечка реклама пред маркетот “Џими”.

Засега причините за оваа несекојдневна незгода не се познати, а полицијата на лице место врши увид.

Гopи камион на патот Прилеп – Крушево: Сooбpaќаjoт е во пpeкин

Сообраќајот на регионалниот пат „Прилеп -Крушево“ кај Кривогаштани е во целосен пpeкин, информираат од АМСМ.

Имено, од 20 часот затворен е патот за сообраќај поради пожap на товарно моторно возило.

Повеќе информации наскоро.

Победа ќе има нов тренер: Мегленски едногласно разрешен од Управниот одбор

Соопштение од фудбалскиот клуб Победа:

“На ден 17.12.2019 година Управниот Одбор на ФК „Победа“ – АД Прилеп одржа состанок со една точка на дневниот ред

1. Разгледување на резултатите на ФК „Победа“- АД Прилеп во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/2020 година.

По разгледувањето на се она што беше постигнато во есенскиот дел од натпреварувачката 2019/2020 година, очигледно беше незадоволството од постигнатите резултати и едногласно беше одлучено од сите членови на УО на ФК „Победа“ – АД Прилеп тренерот Мегленски Тони да биде разрешен од функцијата.

За назначување односно пополнување на функцијата нов Шеф на Стручниот штаб по активностите и изнаѓањето на решение, јавноста ќе биде благовремено известена повторно преку официјално известување од страна на УО на ФК „Победа“-АД Прилеп”, информираат од ФК Победа.

Полска ја напушта Европската унија?! Одлуката на Врховниот суд може да доведе до неочекувано сценарио

Полска може да ја напушти Европската унија поради планот на власта да дозволи судиите да бидат отпуштани ако го доведат во прашање легитимитетот на владините правосудни реформи, соопштија од Врховниот суд.

Во соопштението се истакнува дека тие планови се во спротивност со европските закони и дека ги зголемуваат веќе постоечките тензии меѓу Брисел и владеачката партија во Полска.

“Спротивноста меѓу полското и европското законодавство веројатно ќе доведе до интервенција на институциите во ЕУ во врска со кршење на договорот во рамките на Унијата и на долг рок ќе доведе до тоа Полска да мора да ја напушти ЕУ”, истакнуваат од Врховниот суд.

ЕУ ја обвинува владеачката ПИС за партизација на правосудството, откако во 2015 година оваа партија ја доби власта во државата.

Наставници од ООУ “Добре Јованоски” Прилеп со оригинална изработка освоија прво место (ФОТО)

Наставниците од ООУ„Добре Јованоски“, повторно ги покажаа нивните квалитети со уште еден успех за училиштето.

Станува збор за учество на натпревар „TRASH FOR ART 2019“ – Пакомак, каде тимот на наставници и стручни соработници повторнмо се закитија со првото место.

Тимот кој го освои првото место на натпреварот го сочинуваат: Маја Најдоска, Ангела Бошкоска, Сузана Дарковска, Мина Минако, Викторија Бошкоски, Софија Бошеска, Николина Шубеска, Анета Таневски и Верче Чакмакоска.

Ова е уште еден во низата успеси на ова училиште. Претходно од училиштето информираа дека нивните ученици и ментори освоија 5 награди во само една недела.

ДОБРЕВЦИ ЖНЕАТ УСПЕСИ: Во една недела учениците и наставниците собраа 5 награди (Фото/Видео)

Погледнете колку е загаден воздухот во Прилеп вечерва: Чернобил ќе ни позавиди на бројкиве?

Воздухот во Прилеп вечерва е енормно загаден. Ова го покажува станицата сместена на општинската зграда во центарот на Прилеп, а квалитетот на воздухот може да се следи преку апликацијата “Мој воздух”

Засега општинските власти во Прилеп немаат никакви конкретни мерки за решавање на проблемот, иако вакви и полоши резултати станицата покажуваше и минатата година.

Moментално станицата покажува 319 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, што е 5 пати повеќе од дозволеното ниво на загаденост.

Сличен резултат станицата покажуваше и изминатите денови.

Вредните прилепски домаќинки подготвуваат 70.000 мали посни сармички: Во Прилеп по полн ек подготовките за градската слава Св. Никола (ФОТО)

По 14-ти пат оваа година Прилеп и прилепчани ќе ја дочекаат градската слава во чест на заштитникот на градот Свети Никола.

Во четврток на 19-ти декември, во центарот на Прилеп одново ќе биде поставена празничната трпеза која и оваа година ќе биде богата со вкусните посни специјалитети, а главното место го имаат светиниколските посни сармички.

Во просториите на студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп, педесетина жени од 4 граѓански здруженија подготвуваат 70.000 мали посни сармички.

Годинешен домаќин на градската слава е семејството Небрежанец. Причината заради која се одлучиле да бидат домаќини, е негувањето на верата и традицијата кои сакаат да го пренесат во наследство на трите ќерки.

„Чест и задоволство е што нашата фамилија годинава е домаќин на градската слава ‘Св.Никола’. Инаку ова не е наша домашна слава, ние ја празнуваме ‘Св.Архангел Михаил’, но сакаме традицијата да ја пренесуваме од колено на колено. Искрено се надевам дека и моите три ќерки ќе ја продолжат таа традиција. За големата прослава што ќе се одржи во четврток во центарот на градот, се подготвуваат скоро 70.000 илјади сармички, околу 2.000 парчиња риба, грав, маслинки, алкохолни и безалкохолни пијалоци. Во името на заедништвото, почитта, љубовта, ги поканувам сите наши граѓани во центарот на Прилеп, заедно да чествуваме и да ја вкусиме светиниколската трпеза. Мојата препорака е секој кој се чувствува подготвен, да ја прифати оваа слава, бидејќи сето ова ни дава поголема амбиција и самиот момент не’ прави повесели“, истакна Кире Небрежанец, кум на градската слава „Св.Никола“.

Љубица Петреска, претседателка на здружението „Мајка Традиција“, со големи емоции вели дека без никаков проблем 55-те жени ги виткаат традиционалните сарми.

„Сармите се виткаат од се’ срце, со љубов, со песна. Ова е нешто навистина прекрасно, возбудливо. На посната трпеза која ќе се одржи во центарот на градот, сармата ќе беска на поставената софра. Но софрата секогаш е надополнета и со вкусно гравче, маслинки, со ракија и вино. Благодариме на домаќините кои не’ зближуваат секоја година и не’ собираат сите заедно на богата посна трпеза на градскиот плоштад“, вели Петреска.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: “Исти луѓе СДСМ Прилеп ги вработува по два пати?” (Видео)

Башибозукот наречен СДСМ прави хаос во администрацијата и вработува што ќе стигне и каде ќе стигне.
Исплашени од изборниот пораз кој за нив е повеќе од извесен, сега лица кои веќе еднаш беа вработени се вработуваат на нови подобри работни места
– ова на денешната прес конференција го истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Ова што денеска ќе го презентираме пред јавноста е доказ за ароганцијата и недопирливоста на власта на СДСМ за која зборуваме веќе долг временски период.

Крсте Дуковски кој беше вработен како личен шофер на градоначалникот Илија Јованоски, сега е поставен на работно место Помлад референт за персонална евиденција во одделението за управување со човечки ресурси на Општина Прилеп.

Викторија Јовчески, која беше вработена во Министерството за транспорт и врски, сега е вработена на работното место помошник раководител на сектор за урбанизам, комунални работи и заштита на животната средина.

Зоран Милошески кој беше вработен во Пи-Ар тимот на општината, сега ќе работи како самостоен референт за заштита и спасување во одделението за јавни дејности.

Почитувани,

Ова е лицемерието на СДСМ и нивните кадри на власт. Пред да седнат во кожените фотељи зборуваа за намалување на администрацијата, а сега едни исти лица ги вработуваат по два пати.

Толку и од нивниот чесен пристап пред сопственото членство и пред младите во Прилеп.

Затоа младите масовно се иселуваат, затоа нема нови инвестиции во Прилеп, а за сметка на тоа цвета непотизмот и корупцијата.

Ова е срамот на Македонија, кој за среќа на 12-ти април идната година заминува и никогаш повеќе нема да се повтори”.