Едноставно, а корисно: Како да испечете риби и да ги отстранете коските за светиниколската трпеза

Никој не ги сака ситните коски од пржена риба. Па уште ако станува збор за мали деца, тогаш чистењето е макотрпно! Се прегледува секое мало парче внимателно и се чисти од коските.

Како да се испрже риба без коски? Едноставно, со овој мал но корисен совет. Рецептот е погоден за приготвување на различни видови риба со ситни коски.

Првин рибата се чисти и се вадат внатрешните органи. Со остар нож внимателно се прават бројни засеци од едната и другата страна, без сечење на главната коска. Во внатрешноста се ставаат исечени тркалца од црвен кромид и ловоров лист. Се прпела рибата во брашно и се прже на умерен оган додека добие убава златна боја.

Ситните коски се испржени и омекнати во врелото масло. При јадењето нема да се забележуваат и чувствуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.