дома блог страница 2882

Ете зошто имало глупави луѓе: Научниците докажаа дека причина за намалената интелигенција е загадениот воздух

Високото ниво на јаглероден диоксид во атмосферата влијае на намалувањето на интелектуалните способности на луѓето, посочува ново истражување на Универзитетот на Пенсилванија и Колорадо Боулдер и (САД), чии резултати се објавени на интернет-страницата Phys.org.

Зголемените нивоа на јаглерод влијаат погубно на природата, а тоа се гледа, на пример во промените во климата. Но, научниците дошле до сознанија дека тоа лошо влијае и на учењето кај децата.

И досега се знаеше дека непроветрена просторија им попречува на умствените способности, како и на концентрацијата. Но, досега не беше проучено влијанието на „свежиот“ воздух однадвор, што веќе е, исто така, прилично загаден.

При испитувањата, се дефинирани две тези. При пооптимистичкото сценарио, умствените способности на учениците ќе се намалат за 25 отсто до 2100 година, но во случај ако отсега се намалат издувните гасови.

Доколку нивото на штетни честички во воздухот остане на сегашното ниво, луѓето до крајот на векот ќе бидат, во просек, за 50 отсто помалку интелигентни.

Во 2015 година, стручњаци од Харвард спровеле сличен експеримент. Имено, тие натерале 24 лица доброволци да минат шест работни дена во лабораториски контролирани услови, при што нивоата на јаглеродниот диоксид варирале. Така, секое попладне испитаниците требало да се справат со задачи од секојдневието. Компјутерска програма покажала дека кога нивоата на гасот се зголемени, луѓето имале тешкотии со анализирање податоци, правење планови, носење одлуки, како и намалена способност да реагираат на криза.

ВМРО-ДПМНЕ ОК Кичево: Градот го загадyва негрижата на раководството на РЕК Осломеј!

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кичево на својот Фејсбук профил сподели видео на кое се гледа како РЕК Осломеј го загадува градот.

-Кичево го загадува не грижата на раководството на РЕК Осломеј!

Изминативе неколку месеци Кичево стана најзагаден град во Македонија но и во Европа. Навистина е жално и тешко за верување како еден град кој беше најчист во Македонија стана најзагаден. Трагајќи по причините за загадувањето може да се констатира дека негрижата на раководството на РЕК Осломеј го направи Кичево најзагаден град.

Имено последниве неколку месеци поради не грижа ископаниот јаглен кој го чуваат на депонија е запален и го прави најголемото досега загадување во овој крај. Од видеото кое го направивме може да се види чадот кој е од запалениот јаглен директно го загадува нашиот град но секако најголема штета прави на работниците кои работат тука.

За негрижата на раководството мора да има одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ О.К. Кичево, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Снимка од големата акција во која беше yaпceна и актерката Силвија Стојановска

Министерството за внатрешни работи објави детали и видео за големата акција на швepц на 700 килограми kokаин, во која беше yaпсена актерката Силвија Стојановска и нејзиниот сопруг, пишува Инфомакс.

Од МВР велат дека Стојановска е дел од групата која швepцувала kokаин од Колубија во Шпанија, а лидер и организатор бил сопругот Војислав Будисављевиќ.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен kpиминал во периодот јули-декември 2019 година, во координација со јавен oбвинитeл од Основно јавно oбвинитeлство за гонење на организиран kpиминал и кopупција презеде низа мерки и активности за утврдување на активностите на организирана kpиминална група предводена од двајца македонски државјани. Заради размена на информации и договарање на активности и во рамки на предистражната постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен kpиминал оствари низа средби и координирани состаноци во Скопје и Мадрид со полициски службеници од Шпанија и ДЕА.

Инаку, на Стојановска ѝ е одреден 30-дневен куќен пpитвop.

(Видео) Спас од апokaлипca: Ако дојде “судниот ден” ова тајно засолниште треба да го зачува човештвото

На островот Спитсберген, кој е 290 километри оддалечен од Северниот пол и кој се наоѓа на најзападниот дел на архипелагот Свалбард, се наоѓа единствен објект со голем сигурносен систем.

Норвешка го финансираше овој проект, кој го предложи американскиот научник Кери Фовлер, а би требало да служи како модерна верзија на Ноевата арка доколку дојде “судниот ден”. Во овој момент австралиските медиуми снимаат документарен филм на островот.

Пратеникот делел знаменца со логото на НАТО, па доби шамap од министерот за внатрешни (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач на седница на парламентот на ентитетот во Бања Лука, предизвикал инцидент напаѓајќи го пратеникот на опозицијата, Драшко Станивуковиќ и го нарекол – мајмун.

Пратеникот Станинуковиќ делел знаменца со логото на НАТО, а министерот Лукач го повикал да се обиде да го стори истото и кај него.

„Додека се борев, над глава ми летаа авионите на НАТО. Гледав дали ми пуштат бомби врз глава. Не можеш да внесуваш вакви знамиња. Тогаш си бил мал, но сега треба да знаеш некои работи. Не го прави веќе тоа или ќе завршиш како твоитe знаменциња“, рекол Лукач како што пренесува порталот „Кликс“.

Кога Станивуковиќ му пријде и го праша зошто се заканува, министерот за полиција го удри помладиот колега со шлаканица, на изненадување на сите во салата.

„Седи таму, мајмуне“, му рече потоа Лукач за пратеникот Станивуковиќ.

Извор: “Еxpres.mk”

Заев: Изборите би можеле да се одложат доколку не се донесат суштинските закони

Доколку во Собранието не бидат донесени суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните, тогаш изборите може и да се одложат, изјави денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека сепак не го посакува тоа.

-Сто пати сум кажал досега дека изборите не треба да се одложуваат, но истовремено должност пред се граѓанска и политичка е да не дозволиме било што да ја закочи реализацијата на она што значи интерес на граѓаните, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со 120-те закони што се на дневен ред на собраниската седница.

На прес-конференцијата во Владата, Заев рече дека нема да им го дозволат тоа на сите оние што се обидуваат да опструираат, но апелираше и до парламентарното мнозинство да биде во собраниските клупи за навремено да се донесат суштинските закони.

Тој додаде дека секој ден следи што се случува во Парламентот и оти одговорност имаат сите- и пратениците и Владата и локалните самоуправи.

Го бара половина Европа, а тој веќе ја избра “Старата дама”: Младиот напаѓач доаѓа во Италија веќе во јануари (ВИДЕО)

Напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Браут Халанд, според медиумите во Италија веќе го избрал Јувентус и ќе пристигне веќе во јануарскиот преоден рок.

Весникот “Тутоспорт” во денешното издание пишува дека Милан ја загубил битката со Јуве за играчот, како и тоа дека има и други клубови кои го посакуваат во своите редови.

Браут Халанд постигна 28 погодоци на 22 натпревари во сите натпреварувања сезонава и дури 8 во Лигата на шампиони.

Весникот “Кориере дело Спорт” исто така пишува дека 19-годишниот напаѓач, кој во Салцбург пристигна од Молде, е се поблиску до “старата дама”, од каде понудиле 30 милиони евра за да го донесат на “Aлијанц Стадионот”.

Според “Газета дело Спорт” пак, младиот напаѓач ќе потпише 5-годишен договор вреден 3,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Ред Бул Лајпциг имаше природен линк со играчот, но нивниот сопственик Оливер Минтцлаф изјави дека е тешко да се натпреварува со Манчестер Јунајтед, Јувентус и Борусија Дортмунд.

“Да, се сретнавме со него и сме заинтересирани, но не е лесно. Тука се Манчестер Јунајтед, Јувентус и Борусија Дортмунд, како и уште неколку клубови”, изјави тој за “Спорт 1”.

Штрајк на културните работници: Бараат повисоки плати и уредување на работните односи

(Соопштение од Синдикална Организација на Синдикатот на културата на Република Македонија при НУ Завод и Музеј – Прилеп)

“Ја информираме јавноста дека Синдикатот на културата на Република Македонија започнува со штрајк на 24.12.2019 година, заради непотпишување на Колективниот договор, кој не подразбира само покачување на плати, туку и уредување на работните односи, каде владее тотален хаос веќе 15 години.

Приоритет на СКРМ е уредување на работните односи на една стабилна основа која во иднина ќе се надградува. Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече на 18.12.2019 година.

Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар.

Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања.

Синдикалната Организација на СКРМ при НУ Завод и Музеј – Прилеп ја известува јавноста дека на 24.12.2019 г. (вторник) сите изложбени поставки се затворени за посетители и целосен прекин на работата”.

Нови вработувања пред Нова година: УЈП објави оглас за 35 работни места, а Катастар за 23

Десетици институции на централно и на локално ниво спроведуваат постапки за вработување на нови луѓе, при што, според бројот на луѓе што се вработуваат во државната администрација, предничат Управата за јавни приходи и Катастарот на недвижности, предводени од директорите Сања Лукаревска и Борис Тунџев

Според огласите за вработување објавени од страна на надлежната Агенција за администрација, УЈП вработува 35 лица на 33 работни места, меѓу кои: виш советник, виш даночен референт, помлад асистент, помлад инспектор, даночен советник, даночен контролор, даночен извршител, помлад програмер, помлад ИТ специјалист.

Огласите погледнете ги ТУКА и

ТУКА

Kaрактеристики според месецот во кој сте родени: Проверете!

Судејќи според научниците и статистиката, месецот на раѓање влијае на вашето однесување, кариера, љубовен живот…

Месецот во кој сте родени може да открие многу работи за вас. Во нумерологијата месецот на раѓање се користи за да се одреди карактерот на личноста.

Ако сакате да дознаете што месецот на раѓање открива за вас, само побарајте го вашиот месец во текстот подолу.

Родени сте во јануари

Овие луѓе се аналитични, независни и родени да бидат лидери. Исто така се многу креативни и паметни поради што отскокнуваат од останатите. Нивната харизма им помага да се однесуваат како лидери без никаков проблем. Покрај тоа сакаат понекогаш да водат традиционален живот.

Лични особини

Тие се сериозни, резервирани, мотивирани, внимателни, друштвени, тврдоглави и секогаш се подготвени да учат едни од други. Туѓите мани и слабости не им се важни.

Чувствителни се и знаат секого да го усреќат. Обично се тивки, но не и кога се напнати или возбудени. Подложни се на настинки, но отпорни на други болести. Внимателни се со парите и секогаш размислуваат два пати пред трошење.

Родени сте во февруари

Овие луѓе се емпатични и интуитивни. Врските им се важни и се што сакаат е да го поминат животот со вистинска личност. Ако не ја најдат се депресивни и празни. Грижливи луѓе се и добри родители.

Лични особини

Реалистични, интелигентни, привлечни, темпераментни, срамежливи, скромни, тивки, искрени, лојални и паметни. Имаат цели кон кои тежнеат. Ја сакаат слободата и мразат ограничување. Чувствителни се и лесно може да бидат повредени. Лесно се лутат, но не покажуваат. Покрај тоа знаат да бидат и тврдоглави, грижливи, амбициозни и успешни.

Родени сте во март

Луѓето родени во март се на вистинско место во вистинско време. Може да заработат многу пари лесно, иако знаат брзо да ги изгубат. Знаат да бидат неверни, па понекогаш им е тешко да бидат во врска. Исто така се склони кон пороци.

Лични особини

Актрактивни, резервирани, срамежливи, таинствени, искрени, чувствителни, великодушни, полни со разбирање. Сакаат мир и тишина. Сакаат да се на услуга на другите, да патуваат, сонуваат. Имаат и лоши особини – лесно се лутат и сакаат одмазда. Брзаат кога е во прашање изборот на партнерот.

Родени сте во април

Овие луѓе се тврдоглави, заповеднички настроени, креативни, привлечни и паметни. Родени се за лидери, амбициозни, харизматични поради што имаат многу пријатели и љубов во животот. Обидете се помалку да наредувате, за да не ги отргнувате луѓето од себе.

Лични особини

Активни се, динамични, одлучни поради што многупати зажалуваат. Добри пријатели се и помагаат во решавање на другите проблеми. Великодушни се, емотивни, грижливи и храбри.

Родени сте во мај

Луѓето родени во мај може да бидат талентирани музичари, актери или писатели, бидејќи им е многу важно да ја изразат својата личност. Почитуваат авторитет и веруваат во бракот. Поминуваат многу време во држба со пријателите.

Понекогаш им е потребно време во природа за да го вратат својот баланс.

Лични особини

Тие се тврдоглави, мотивирани, полни со разбирање, вредни, убави, со силна волја и срце. Лесно може да се налутат. Неуморни се и сакаат да патуваат. Исто така имаат бујна фантазија и сакаат да сонуваат.

Родени сте во јуни

Овие луѓе се романтични, но и љубоморни. Исто така се сензуални и сјајни љубовници, понекогаш љубовниот живот и е комплициран и често се врзани со луѓе од минатото. Нивна најголема маана е трачарењето.

Лични особини

Љубезни се, учтиви, чувствителни, активни, тврдоглави, темпераментни, забавни, сонувачи и добри пријатели. Лесно може да ги повредите и брзо се им здосадува. Ретко ги покажуваат чувствата и ги одложуваат обврските поради својата несигурност.

Родени сте во јули

Родените во овој месец се искрени, љубезни, грижливи. Сепак лесно може да бидат цинични, саркастични. Може да бидат генијални, но се пречувствителни и склони кон депресија.

Лични особини

Забавни се и доверливи, тивки, искрени, друштвени, темпераментни, тактични, грижливи, бистри, понекогаш со променливо расположени. Не се злобни и одмазднички настроени. Може се да простат, но не и да заборават. Тешко стекнуваат нови пријатели.

Родени сте во август

Овие луѓе знаат силно да сакаат и ја ценат вредност на бракот. Гледаат добро во секого. Успешни се и ги инспирираат другите.

Лични особини

Забавни, романтични, друштвени, чувствителни, привлечни, великодушни, внимателни. Имаат особини на лидер, лесно се лутат и се љубоморни. Брзо мислат и носат самостални одлуки. Талентирани се за музика, уметност и боречки вештини.

Родени сте во септември

Овие луѓе се интелигентни, флексибилни, организирани и спиритуални. Најголема слабост им е тоа што лесно паѓаат во депресија. Престанете да бидете толку критични кон себе, ако сакате да бидете успешни.

Лични особини

Грижливи, организирани, тивки, тврдоглави, лојални, грижливи, мудри, пребирливи кога се врските во прашање. Имаат одлична меморија и знаат огромен број на информации.

Родени сте во октомври

Овие луѓе имаат многу среќа. Секогаш добиваат што сакаат. Од друга страна се одмаздуваат. Борбата против вашите внатрешни демони, може да ви помогне да ги исполните и најлудите сништа. Исто така може да бидат омилени лидери.

Лични особини

Правични, емотивни, искрени, одлучни, лојални. Сакаат патувања, уметност и книжевност. Сакаат да зборуваат и да бидат во центарот на вниманието. Убави се и привлечни, но лесно се лутат па стануваат љубоморни и повредени.

Лесно градат нови пријателства и ги одржуваат.

Родени сте во ноември

Тие се многу остроумни и секогаш имаат разни идеи. Ништо не може да ги спречи да го исполнат она што го наумиле.

Лични особини

Вредни се и романтични, чувствителни, динамични, трпеливи, одлучни, позитивни. Понекогаш им одговара осаменоста и не се сигурни што чувствуваат кога се во врска.

Родени сте во декември

Ако сте родени во овој месец вие сте практично филозоф кој сака стабилен и удобен живот. Имате добро здравје и среќна рака. Лесно ја пронаоѓате љубовта. Поради дружењето некогаш може да ги игнорирате обврските.

Лични особини

Привлечни, искрени, доверливи, патриоти, интерактивни, брзоплети, амбициозни, сакаат да бидат во центарот на вниманието. Не сакаат преправање и не се егосити. Мразат органичување.