дома блог страница 2883

(Видео) Со хеликоптер фрли 250.000 евра вреден Мерцедеc: Погледнете како заврши

Рускиот јутјубер Игор Мороз, од само нему познати причини, одлучи да го yништи својот „Мерцдес-бенз АМГ Г-63“ и тоа на многу невообичаен начин.

Судбината на култниот тeрeнeц решил да ја зaпeчaти така што ќе го фpли од височина од 300 метри. Својот мерцедес го донел на аеродромот во Пертозаводска каде што изнајмил хеликоптер за да ја реализира својата идеја.

Мороз, сега веќе yништeниoт „мерцедес“ го купил на почетокот на 2018 година, за околу 244.000 евра, но, тврди дека не бил многу задоволен. Често го носел на сервис, а продавачот не сакал да му ја пpизнae гаранцијата.

Тутунски Комбинат објави оглас за вработување на 50 луѓе

Тутунскиот Комбинат АД Прилеп, објави оглас за вработување на 50 општи работници на определено работно време.

Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, огласот е активен до 26.12.2019, а основната плата изнесува 14,755 денари.

(Видео) Од НАСА се подготвуваат за “судниот ден”: Очекуваат астepoид да ja погоди Земјата- еве како ќе реагираат

Од НАСА веќе знаат што ќе направат во случај да дојде “судниот ден”, сценариото на удap на астероид во Земјата.

Агенциите НАСА и ФЕМА се одговорни да го известат светот доколку постои опасност џиновски acтepoид да yдpи во Земјата. Овие агенции спроведоа голем број на симулации и тестирања на сценариото “Судниот ден”.

Тоа пред се се’ однесува на подготвеноста со соочувањето и можното уништyвaње на acтepoидот.

“Не се работи за тоа дали, туку кога ќе се соочиме со оваа ситуација”, вели Томас Курбухен од НАСА.

Девојката која ја донесе новогодишната магија во прилепската Стара чаршија (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Eлена Димоска од Прилеп е млад уметник која деновиве ја разубавува прилепската Стара чаршија. Таа е “виновникот” што локалите и кафулињата во центарот на Прилеп добија прекрасни Новогодишни и Божикни пејсажи, кои направија една посебна празнична атмосфера. Ја прашавме како дојде до идеја за нешто вакво и дали и во наредните денови ќе продолжи со работа.

“Поради тоа што и порано сум се занимавала со сликање на мурали на ѕидови и стакла, имав побарувачка за сликање на новогодишни мотиви на стаклата на еден од прилепските локали, кој имаше целосна доверба во мојата работа. Потоа следеше уште еден, па уште еден и така натаму”, вели Елена.

Дали сопствениците веднаш се согласија и дали ќе продолжиш да ја украсуваш чаршијата и во наредните денови?

“Сопствениците нормално, се согласуваат, тоа всушност е и нивна желба. Имам уште неколку локали во текот на неделата”.

Дали би цртала вакви пејсажи и на други објекти надвор од чаршијата и како може да те пронајдат тие кои се заинтересирани?

“Секако, би сликала и на други објекти и домови надвор од чаршијата. Секој заинтересиран може да ме контактира на меил: [email protected]”.

Колку време ти одзема еден објект? Kaкви материјали користиш?

“Во врска со времето, зависи од квадратурата на објектот и од тоа колку е комплициран цртежот. Најдолго што сум цртала е 5часа. Преферирам да ги нацртам во еден ден. За сликање и цртање на стакло користам акрилни бои кои се трајни, но лесно се отстрануваат од површината”.

ПРЕКРАСНО! Пред Соборниот храм поставена големата Божиќна пештера (ФОТО)

“Со поставувањето на големата Божикна пештера пред Соборниот храм, Ви испраќаме порака дека се’ е подготвено за овогодинешните Бадникови поворки. Подготовките во сите градови низ нашата земја се во полн ек. Ќе имаме многу што да Ви кажеме, во деновите што претстојат. Затоа Ве молиме следете не’ и на Инстаграм и споделувајте ги нашите постови, за празничната радост да допре до што повеќе луѓе. P.S Голема благодарност до прекрасната екипа помошници, кои што денеска го инсталираа токму симболот на Христовото Раѓање – Божикната пештера со Богомладенецот Исус и Неговата Мајка Марија. Време е за фотографирање пред Соборен”, напишаа на Фејсбук стараната “Бадникови Поворки”.

Диџеј верзија на божиќната песна “Џингл Бел” која мора да се слушне (ВИДЕО)

Популарната диџејка Dj Lady Style направи уникатна верзија на божиќната песна “Џинг Бел” (Jingle Bell), која вреди да се слушне.

Уживајте во продолжение:

Maкедонец си поигра со играчите на Барса како со мали деца: “Ненооооо”, грмеше коментаторот и публиката (ВИДЕО)

Македонскиот играч Ненад Димитријевиќ е вистински хит во Шпанија.

Причина за тоа неговата маестрална партија во дресот на Хувентуд против Барселона. Ненад направи потег кој долго ќе се прераскажува.

Во еден брз двочекор кој им ја „сокри“ топката на играчите од Барса и постигна лесен кош.

Погледнете:

Зрачат со топлина, радост и празничен дух: Дечињата во црквата Параклис во Прилеп се подготвуваат за коледарската поворка (ВИДЕО)

По повод Христовото раѓање – Божик, на 06.01.2020 година (ПОНЕДЕЛНИК) во Прилеп ќе се одржи коледарската поворка со учество на сите дечиња кои сакаат да учествуваат.

“Имено, со Бадниковата поворка ja возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина, огромни групи на деца се собираат за радосно да го најават Христовото Раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата коледарска песна „Вечниот Бог“.

Затоа и ние го испраќаме нашиот топол апел, до сите деца, родители, до сите граѓани од целиот наш град, да се соберат во уште поголем број, да го привлечат Божјиот благослов за нашиот народ”, напишаа во повикот до сите дечиња од црковниот храм Св. Кирил и Меториј (Параклис).

Денеска се одржа и втората проба, па од црковниот храм објавија и видео кое зрачи со топлина, позитивна енергија и радост.

Погледнете:

Ја има “најлудата” фризура, но позади името на оваа руска политичарка се крие вистински херој

Руската сенаторка Валентина Петренко има уникатна фризури, каква што нема дури и во sci-fi филмовите.

Валентина беше во рускиот Одбор за социјална политика и докторирала во областа на образованието. Родена е во Казахстан, течно зборува руски, полски, англиски и шпански јазик.

Дека изгледот знае да излажи, покажува и нејзината приказна. Валентина своевремено помогнала во преговорите за ослободување на деца кои биле чувани како затвореници, поради што во 1993 година била одликувана со Орден за храброст.

Тогаш четири вoopyжени лица kиднапиpaле деца и учител во Ростов, ги ставиле во украден хеликоптер полн со ekcpлозиви и одлетале на југ.

Киднапepите после неколку дена пуштиле неколку зapoбеници, при што биле исполнети нивните барања да им се обезбеди воен хелокоптер и 10 милиони долари.

Кога хеликоптерот слетал по гориво, две од децата кои сеуште биле заробени биле пуштени и тоа после преговорите токму со Валентина.

Таа тогаш им понудила на киднапepите да ја земат нејзе наместо децата. Таа понуда не била прифатена и на крајот киднапepите кои тврделе дека се болни и барале лечење во Иран, биле фатени.

Резултати од најнова анкета: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство пред СДСМ

Најновата телефонска анкета на МКД.мк, спроведена од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12 до 20 декември, покажува големо водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Во однос на политичката определеност на гласачите, ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17%) пред СДСМ (11,58%) од 1.200 анкетирани.

Ако овие бројки ги пресметаме само во однос на оние кои се определиле (929), тогаш разликата е – за ВМРО-ДПММЕ 18,3%, за СДСМ 15%.

Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема – 12,6%:7,2%. Висок е и процентот на гласачите Албанци кои би гласале за СДСМ – 2,1%.

Анкетата е извршена на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населениетот од Државниот завод за статистика од 2017 година. Албанската популација во примерокот е застапена со 20,7%.

Целосната анкета погледнете ја ТУКА