дома блог страница 2881

Денеска е Св. Спиридон, патрон на чевларите во Прилеп: За многу години!

Свети Спиридон живеел во четвртиот век на островот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младоста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наскоро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните. Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој чудесен човек со даровите на чудотворство и прозорливост. Откако добро и послужил на Црквата, се упокоил во 350 година. Неговите мошти се пренесени во седмиот век во Цариград, а во времето на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф.

Моштите на Св Спиридон поседуваат единствени својства. Не само што се нетрулежни со векови, туку се меки и кревки што е ствојствено на живо човечко тело. Кивотот на Светителот е украсен со даровите од луѓето на кои им помогнал. Местото каде што се наоѓаат моштите е заклучено и се одклучува за православните христијани, додека на католиците им е дозволено само да го целиваат кивотот.

Преку стаклото на кивотот многу добро се гледа лицето на Светителот. Одлично зачувана коса, бели заби, кожата малку потемнета и збрчкана но ја сочувала својата форма. Телото на Св. Спиридон има стална температура од 36,6 степени, му растат косата и ноктите. И што е најчудно облеката која му е облечена се менува на секои 6 месеци, затоа што се троши. Како да не лежи во кивотот, како да оди(шета).Чуварот на кивотот раскажувал, дека не можел многу пати да го стави клучот во кивотот за да го одклучи. Тогаш свештениците знаат, Светителот едноставно не е во кивотот, тој шета на островот.

Чудо на Св. Спиридон во храмот во Каристос, Грција 1930 г.

Празникот на св. Спиридон особено свечено се слави од страна на Вистинските Православни Христијани, бидејќи на тој ден новокалендарците го слават римо-католичкиот Божиќ. Во Грција на овој ден често може да се видат литии од старокалендарците кои по улиците на селата и градовите ја носат иконата на св. Спиридон за да им покажат на новокалендарците дека тој ден според православниот календар не се слави Божиќ. Пред нас е сведоштвото за едно чудо на св. Спиридон кое многу новокалендарци преобрати во Вистински Православни Христијани.

За чудото на св. Спиридон, во 1976 г., раскажуваше старица Зиновија Сидери (доживеа 102 години), една од многуте сведоци кои присуствувале на тоа случување, а за кое во свое време пишуваше и атинското списание „Скрип“. Еве што раскажа старица Зиновија:

„Беше празникот Рождество Христово според новиот календар. Јас тогаш сеуште не бев преминала кај старокалендарците. Дојдов на сеноќно бдение во храмот Св. Николај. Храмот беше преполн со народ. Стоев на левата страна покрај еден столб. Над мене на тој столб висеше иконата на Св. Спиридон, дар од Антониј Лумидис од Пиреја. Иконата беше украсена со цвеќе, кое остана уште од празнувањето на светителот според новиот календар. Кога свештеникот кој што служеше литургија, отец Сила, по малиот вход почна да кади и да го пее тропарот на Божиќ „Рождество Твоје Христе Боже наш…“, иконата на св. Спиридон наеднаш почна да се удира од столбот толку силно што сето цвеќе кое што беше на неа испопаѓа на земјата. Народот гледајќи го ова чудо се ужасна. Свештеникот и псалтите престанаа со пеењето. Тогаш некој од народот повика: „Денес според стариот календар е празникот на св. Спиридон. Пеејте го неговиот тропар!“ Певците и свештениците „занемеа“. Во тој миг верниот народ почна да пее: „Собора перваго показалсја јеси поборник и чудотворец, Богоносне Спиридоне, отче наш…“ (тропарот на светителот). И дури за време на пеењето на тропарот на светителот, неговата икона пополека почна да се смирува за на крајот целосно да престане да удира на столбот.“

Следниот ден, весникот „Карестини“ објави соопштение за тоа чудно случување. Сите жители на Каристос и околината говореа за тоа и признаваа дека старокалендарците се во право. Подоцна, на 29 декември, весникот „Карестини“ објави: „…Наредниот ден иконата не беше на своето место. Многумина мислат дека намерно е тргната за да не се продолжи дискусијата за проблемот околу календарот, за кое правовремено почнаа да дебатираат верниците, од кои повеќето преминаа кај старокалендарците. И така јавноста на Каристос правдољубиво негодува и мисли дека некој злобно си подигрува со религиозните чувства и светите икони, бидејќи до сега иконата не е вратена на своето место, иако инстистираат сите жители“.

Пендаровски: Грешевме дека датумот е готова работа – тешко да добиеме и на пролет

Во синоќешното гостување на TВ “Алсат” претседателот на државата, вели дека било грешка што, како што рече, „прикажувавме дека работата со добивањето датум за почеток на преговори со ЕУ е завршена работа“.

Пендаровски вели дека е релативно тешко работите да се подредат така што Македонија би добилa датум за ЕУ на пролет, потсетувајќи дека сѐ уште е неизвесно дали новата методологија ќе биде изгласана во јануари.

„Првичните информации кои ги имаме околу ново предложената методологија од страна на Франција велат дека барем 11 држави членки имаат амандмани на тоа, 9 земји членки излегуваат со сосема нов предлог. Мислам дека ниту Французите не знаат кога нивниот предлог, ако воопшто биде прифатен, кога може да биде формално гласан во Комисијата“, вели Пендаровски.

“Што ќе ми се Ферарија, авиони и скапи часовници, јас градам училишта, стадиони и донирам за сите сиромашни во Сенегал”

Садио Мане во 2016 година пристигна како засилување во нападот на Ливерпул од редовите на Саутемптон, и од тогаш до денес е еден од најдобрите поединци во редовите на актуелниот европски шампион.

Една негова изјава за медиумите зборува за тоа каков човек е Сенегалецот.

“Зошто би посакал 10 ферарија, 20 дијамантски часовници, 2 авиони? Што ќе ми се сите тие предмети мене и на светот?

Бев гладен и морав да работам во полињата, преживеав тешки времиња, играв фудбал во најтешки услови, немав образование, но денеска благодарение на фудбалот јас можам да му помагам на мојот народ.

Градам училишта, стадиони, донирам облека, храна за најсиромашните. Покрај тоа давам по 70 евра месечно на сите луѓе кои живеат во сиромашните делови на Сенегал што допридонесува за економијата.

Мене не ми требаат луксузни автомобили, куќи, авиони и патувања ширум светот. Јас повеќе сакам да им помагам на другите на основа на она што животот ми пружи”, изјавил во една прилика одличниот крилен напаѓач на Ливерпул.

Прилепски мачор стана “северџан” (Урнебесна фотографија)

Прилепски мачор збунето реагира на новиот пасош кој го добил…

“Северџан во наши куќи”, напиша неговиот сопственик на социјалните мрежи.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Еве каде се наоѓа Дедо Мраз во овој момент

Дедо Мраз ја започна својата рута околу земјината топка. Речиси го помина половина свет, а еве каде се наоѓа во моментов.

Следете во живо:

Се моли истово бате да вози и денеска низ Прилеп, останатото погледнете и процетене вие самите (ВИДЕО)

Во 2015 година се појави едно видео кое предизвика голем интерес кај прилепчани. Се работи за еден “неидентификуван јунак” кој се вози со велосипед низ Прилеп и истовремено снима дупки по асфалтот, како и улици каде се променувале цевки.

Видеото тогаш беше наменето како критика кон тогашниот градоначалник Марјан Ристески, а денеска веќе 2 години во Прилеп има нов градоначалник.

Па, добро би било истиов овој “јунак” да се провози одново и да ни го покаже градот од денешна перспектива.

Како мала помош му ги нудиме следниве две локации:

1. Мовчето кое се гради во населбата Сточен пазар, каде со месеци е вака:

2. Така наречениот “кружен тек” на улица “Борка Талески”…

Останатите дестинации предложете ги во коментари…

Заслужено, презаслужено! Стоилов избран најдобар спортист на Град Скопје

Денеска во Големата Сала на Советот на Град Скопје се одржа доделување на наградите за Избор на најуспешни спортистки, спортисти, тренер и спортска екипа на Град Скопје.

Прогласувањето беше извршено од Град Скопје во соработка со Сојузот на спортови на Скопје.

За најдобар спортист на Скопје за 2019-та беше прогласен Стојанче Стоилов од РК Вардар.

Суфијан Исмаили од боречкиот клуб Лирија беше избран за најдобар тренер додека Бесир Алили беше прогласен за најдобар младинец, а тенисерката Александра Симева за најталентиран младинец.

Ракометарот на Вардар Даинис Криштопанс беше добитник на наградата за најдобар странец кој настапува во екипа од Скопје, а РК Вардар повторно е најдобар клуб во Скопје.

Нов гаф на премиерот: “Со новиот буџет ќе инвестираме “154 милиони милијарди”

Дека географија не му оди тоа е јасно, не погодија ниту едно знаме, но со новиот гаф премиерот докажа дека не стои најдобро ниту со бројките и математиката.

“Собранието го усвои Буџетот за 2020 година! Со овој буџет инвестираме, највисоки досега, 154 МИЛИОНИ МИЛИЈАРДИ денари во човечкиот капитал – во здравството, во образованието, во социјалната грижа.

Со вложување во луѓето и во подобрување на нивната продуктивност, директно придонесуваме кон посилен економски раст и развој.

Ова е трет буџет на оваа Влада, со кој продолжуваме јасно да ги отсликуваме вредностите кои ги негуваме – транспарентност, отвореност и чесност, во интерес на сите граѓани. #Буџет2020”, пишува на официјалната Фејсбук фан страна на Зоран Заев.

Аца Лукас се огласи за ckaндалозната фотографија: Ова е вистината за белиот прав кој се наоѓа на масата

Пејачот Александар Вукасиновиќ, познат како Аца Лукас, се огласи во врска со фотографијата која кружи на социјалните мрежи, на која лежи на креветот, а покрај него има кесичка со бел прав.

“Фотографијата е направена неодамна, од шега со другарите. Каква дpoгa, тоа е шеќер! Ние се шегувавме, а некој го злоупотреби тоа, не знам од која причина. Зарем мислите дека после се што направив во животот, ќе си дозволам себе си вакво нешто? Ниту додека го правев тоа не беше возможно да исплива ваква фотографија во јавност, а не сега. Нема за што да се правдам”, изјави пејачот за Вечерње новости.

Новинар од Србија го нарече премиерот Заев, премиер на Северна Албанија (ВИДЕО)

Милован Јовановиќ, водителот на емисијата „Став“ на ТВ О2, за време на интервју со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, направи грешка.

Водителот, кога зборуваше за инцијативата „мал Шенген“ и средбата во Тирана, премиерот Зоран Заев го нарече „премиерот на Северна Албанија“.