Пратеникот делел знаменца со логото на НАТО, па доби шамap од министерот за внатрешни (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи на Република Српска, Драган Лукач на седница на парламентот на ентитетот во Бања Лука, предизвикал инцидент напаѓајќи го пратеникот на опозицијата, Драшко Станивуковиќ и го нарекол – мајмун.

Пратеникот Станинуковиќ делел знаменца со логото на НАТО, а министерот Лукач го повикал да се обиде да го стори истото и кај него.

„Додека се борев, над глава ми летаа авионите на НАТО. Гледав дали ми пуштат бомби врз глава. Не можеш да внесуваш вакви знамиња. Тогаш си бил мал, но сега треба да знаеш некои работи. Не го прави веќе тоа или ќе завршиш како твоитe знаменциња“, рекол Лукач како што пренесува порталот „Кликс“.

Кога Станивуковиќ му пријде и го праша зошто се заканува, министерот за полиција го удри помладиот колега со шлаканица, на изненадување на сите во салата.

„Седи таму, мајмуне“, му рече потоа Лукач за пратеникот Станивуковиќ.

Извор: “Еxpres.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.