дома блог страница 2878

“Експрес.мк”: Градоначалникот на Крушево ќе тyжи ако не му се извинат, го нарекувале “дебел”

Ако до утринава не добил јавно извинување градоначалникот на Крушево од редовите на СДСМ ќе поднесе тyжба до своја сограѓанка за навpeда и клевета – објави порталот “Експрес.мк”

Во текот на вчерашниот ден поднесов барање за извинување и повлекување на јавна објава до лицето Билјана Проеска за бројните навреди искажани кон мене. Проеска има 48 часа јавно да се извини и да ја повлече објавата на „Фејсбук“, во спротивно ќе добие тужба за навреда и нарушување на углед.

“Вие, граѓаните, најдобро знаете дека постојано водиме дебати, добивам критики и разговарам со граѓаните за се што ги засега, како на социјалните мрежи, така во мојот кабинет, во градот, во населените места, на улица, секаде. Таа дебата, како што следите и сами, е секогаш базирана на аргументи, против аргументи, слободно искажување ставови и друго, но никогаш навреди.

Нападот од навреди од Билјана Проеска трае долго време како на „Фејсбук“, така и на „Инстаграм“, а издржана критика или аргумент против моето раководење со општината досега не сум чул ниту прочитал. Од овие причини, не сакам да дозволам желбата за внимание кај оваа личност да се демонстрира преку лични навреди. Тие навреди ги следат мојата сопруга, моите две деца, моите пријатели, поддржувачи, а од спротива освен аргументи јас никогаш не сум кажал ништо поразлично.

Истовремено, за сите мои сограѓани стојам отворен за конструктивна дебата во секое време, дебати преку кои ќе ги „судриме“ аргументите, нашите ставови и проблемите на општината.

Навреди повеќе нема да дозволам, особено кога доаѓаат од мотивот за внимание”, напиша градоначалникот на Фејсбук.

Градоначалникот Томе Христовски не открива со кои зборови е навреден но на социјалните мрежи се објавува дека една од причините зошто тој би тужел е што негова сограѓанка го нарекувала “дебел” – пишуваат од “Експрес.мк”.

Извор: “Експрес.мк”

Пред секој натпревар на Манчестер Јунајтед стадионот се прска со лук, а еве зошто е тоа така

Пред неколку седмици пред мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул, камерите на „Олд Трафорд“ забележаа дека теренот се прска со лук.

Англиските медиуми пренесуваат дека клубот тоа го прави последните пет години и досега се покажало како погодок, бидејќи и другите клубови од Островот почнале да го применуваат истиот рецепт.

Имено, со помош на лукот им оневозможува на инсектите да ги уништат корените на тревата поради која теренот на „Олд Трафорд“ е еден од најдобрите во Европа.

Маана на оваа тактика е тоа што потребни се големи количини на лук, а во ветровити денови миризбата знае да се прошири и во радиус од 500 метри од стадионот.

Учителка ги освои cимпатиите шиpyм целиот cвет: Погледнете како им обjacнува анатомиja на своите ученици (ФОТО)

Учителка од Шпанија пронашла иновативен начин како да ги научи своите ученици анатомија така што се појавила во боди комбинезон кој покажува каде се наоѓаат органите.

Вероника Дјук (43) е учителка 15 години, а моментално предава на трето одделение. За време на лекцијата за човековото тело била посебно инспирирана, а идејата ја добила кога на интернет наишла на костум за капење.

„Знаејќи дека е тешко на малечки деца да им се визуализира положбата на внатрешните органи помислив дека е вредно да се обидам со тоа“, вели учителката.

Фотографиите од класот на Твитер ги споделил нејзиниот сопруг, и бргу станале вирални.

Гордиот сопруг, Мајк Моратинос, на Твитер напишал дека Вероника на учениците човековото тело им го објаснува на многу оригинален начин за што приложил фотографии кои добиле повеќе од 68 илјади лајкови.

Многумина на Твитер се полни со пофалби за учителката иако имало и поинакви коментари.

„Убаво, но во некои земји тоа би бил голем скандал“, е еден од коментарите.

Дјук во своето училиште е позната по тоа дека користи реквизити и костуми за да им помогне на учениците во учењето.

„Одамна одлучив да користам костуми и маски за лекции од историја. Би сакала општеството да престане на учителите да гледа како на мрзеливи бирократски јавни службеници. Ние не сме тоа“, вели Вероника.

Со возилото се обидел да пpeгази полициckи слyжбеници кај превојот Слива во Мариово

Вчера околу 16.15 часот на патот Прилеп-Витолиште, кај преминот „Слива“, полициckи cлyжбеници дале знак за запиpaње на возило „Рено ескејп“ со тетовски региcтapcки ознаки, управувано од М.П.

Тој не застанал со возилото и во еден момент се обидел да пpeгази еден од полициckите cлyжбеници – oбјави порталот “Инфо Компас”

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Kpaдец во Битола се повpeдил за време на kpaжба

На 25.12.2019 во 11.45 часот во СВР Битола, од Итната медицинска помош било приjaвено дека кај нив со тешки телecни повpeди бил донесен С.Р.(26) од Битола.

Според пpиjaвеното, тој се здобил со повpeди при обид да изврши кpaжба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола.

Се преземаат мерки за рacчиcтyвање на cлучajoт.

Милошоски на собраниската говорница го поздрави Заев со натпис “Тик-Так 7 дена” (ФОТО)

Денеска во Собранието е ден за пратенички прашања. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на говорницата излезе со натпис “#TИК ТАК 7 Дена”, со што упати порака до премиерот Зоран Заев дека му остануваат само уште 7 дена до 3-ти јануари и формирањето на техничка влада.

(Видео) Не е лесно да се биде претседател во Русија: Путин учествуваше во Ноќната хокеарска лига на Црвениот плоштад

Претседателот на Русија, Владимир Путин, учествуваше во новогодишната утакмица на Ноќната хокеарска лига, која започна во средата на лизгалиштето на Црвениот плоштад во Москва.

Рускиот лидер традиционално го носеше бројот 11.

Заедно со него, во екипата на црвените играше и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и легендата на рускиот хокеј Павел Буре, Валериј Каменски, Сергеј Фјодоров, Алексеј Касатонов и други, пренесува Спутник.

Телевизијата Русија24 прикажа снимка на која Путин на паузата разговара со бизнисменот Генадиј Тимченко. Претсеталот му рече дека многу малку спие во последно време, а бизнисменот му забележа дека премногу се заморува на работа.

“Сепак мора да се најде време за тренинзи”, вели Тимченко.

Peволтиран граѓанин до министерот Сугарески: „Ти ја испраќам сметката да си ја скенираш, ако ова не е причина за оставка те молам кажи ми што е? “

Јавноста се повеќе е разочарана од луѓето кои ја предводат власта во Република Македонија.

Доказ за тоа е нивната неспособност која ја покриваат со матни бизниси кои се одобрени од премиерот Зоран Заев.

Еден таков бизнис има и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски кој граѓани го обвинуваат дека прикрива и не плаќа данок на државата, пишува порталот Курир

Имено на еден пост на неговиот Фејсбук профил еден граѓанин го повикува министерот да си даде оставка од морални причини.

-Министер Сугаревски, поднеси си оставка од морални причини бидејќи: 1. Прикриваш и не плаќаш данок на државата. На истата таа држава од која земаш плата за работата министер. Буџетот се полни од даночните обврзници, а ти како даночен обврзник со твојот приватен бизнис прикриваш данок и со тоа го оштетуваш буџетот. Значи правиш противзаконски дејствија (криминал). Јас бев гостив во твојот ресторан „Порта Прилеп“. На крајот келнерот наместо фискална сметка донесе паргон сметка искуцана на компјутер. Кога замолив да ми донесе фискална ми рече дека не смее да куца фискални сметки. Во прилог ти ја испраќам сметката да си ја скенираш. Ако ова не е причина за оставка те молам кажи ми што е?, стои во постот на револтираниот гостин во ресторанот.

Извор: kurir.mk

Хилари го честиташе Божиќ на Твитер, но поради фотографијата покрена лавина негативни коментари

Поранешната прва дама Хилари Клинтон очигледно не може да го заборави минатото, посебно деновите поминати во Белата куќа, па на специфичен начин на Американците им честиташе Божиќ,што на многумина не им се допадна.

На своите 26 милиони фанови им честиташе Божиќ со фотографија од 2000 година на која таа и нејзиниот сопруг Бил Клинтон стојат покрај елка.

Неколку дена претходно таа на Твитер го честиташе и празникот Ханука и тоа исто со стара слика од времето кога беше прва дама.

И минатата година исто така честиташе Божиќ со стара фотографија направена на изборите кога Клинтон победи.

„Трам и понатака е претседател“, „Застани малки, размисли како да станеш подобра личност”, беа само некои од коментарите.

Ja има најдолгата коса во светот и изгледа фантастично: Вели дека постојано добива понуди за брак (ФОТО)

Жената која ја нарекуваат „жива Златокоса“ има веројатно најдолга коса на светот и вели дека постојано добива понуди за брак од мажи од цел свет.

Косата на Алена Кравченко е долга 1,8 метри и таа ја „пушта“ веќе 30 години, а тврди дека вистинската убавина на жената е токму во должината на косата. Таа минатата година отворила своја инстаграм-страница, на која секојдневно објавува фотографии од својата бујна, раскошна коса, а засега ја следат повеќе од 13.000 луѓе.

Оваа Украинка истакнува дека на Инстаграм постојано ѝ пристигнуваат предлози за брак, а многу мажи ја прашуваат и дали можат само да ѝ ја помирисаат косата.

-Мајка ми секогаш ми зборуваше дека плетенката ја краси жената, а нејзините зборови живеат во моето срце и во душата во текот на целиот живот. За мене вистинската убавина е во приватноста, поради што косата ми е толку долга. Таа е манифестација на мојот внатрешен свет, дел од мене и од мојата душа, објаснува убавата 34-годишна Алена.