Хилари го честиташе Божиќ на Твитер, но поради фотографијата покрена лавина негативни коментари

Поранешната прва дама Хилари Клинтон очигледно не може да го заборави минатото, посебно деновите поминати во Белата куќа, па на специфичен начин на Американците им честиташе Божиќ,што на многумина не им се допадна.

На своите 26 милиони фанови им честиташе Божиќ со фотографија од 2000 година на која таа и нејзиниот сопруг Бил Клинтон стојат покрај елка.

Неколку дена претходно таа на Твитер го честиташе и празникот Ханука и тоа исто со стара слика од времето кога беше прва дама.

И минатата година исто така честиташе Божиќ со стара фотографија направена на изборите кога Клинтон победи.

„Трам и понатака е претседател“, „Застани малки, размисли како да станеш подобра личност”, беа само некои од коментарите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.