дома блог страница 2879

Фуркан Салиу овојпат го “подбра” градоначалникот на Бутел (ВИДЕО)

Снаата на градоначалникот на Бутел од редовите на СДСМ Велимир Смилевски пред десетина дена се вработила како Албанка во општината што ја раководи Смилевски.

Еве што одговара функционерот на СДСМ запрашан да одговори за непотизмот и лажните етнички идентитети на неговите колеги.

Прекрасно! Припадниците на ЕБР во еден глас “Од Вардар, Пирин дур до Солуна, име и е Македонија” (Видео)

Припадниците на Единицата за брзо распоредување на МВР во еден глас ја пееја песната “Нема друга Македонија” од легендарниот Војо Стојаноски.

Видеото е објавено на Фејсбук страната “Поддршка за Македонската полиција” и веројатно е од предновогодишната прослава на оваа единица.

Погледнете во продолжение:

Стевананџија: “Германците ја предупредија “пишман” Владата дека ќе се случи xaoc во економијата” (Видео)

Tоа што денес се случува ви го предвидела германската стопанска комора пред 1 година, истакна Димитар Стевананџија од собраниската говороница на седницата на која се говореше за новиот закон со кој што се враќа стариот начин на оданочување, односо рамниот данок.

-Оваа дебата ми наликува на дијалог на глуви, дебатираме, нема реплика, нема објаснување за тоа која е причината за оваа постапка. Најдобро е мислам да дојде во оваа сала министерката да почне пред македонската јавност да објаснува што се се случува во тоа министерство. Ова е таа „пишман аџија“ Влада за која ви зборуваме повеќе од три и пол години.

Да бидеме попрецизни ќе започнам хронолошки да ви ја објаснувам генезата на носењето на овој закон. Заев ‘прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија’. На оваа негова „храбра“ Бошко Буха изјава реагираше германската стопанска комора која што водејќи се од нејзиното искуство, од нејзиното познавање на економијата, врз нејзината желба да ги продолжи добрите практики воведени од ВМРО-ДПМНЕ при отворањето на технолошко-индустриските развојни зони и носењето на инвеститори во Република Македонија. На 11 декември точно пред 1 година ја испрати оваа порака ‘делегацијата на германското стопанство не го поддржува зголемувањето на данокот на личен доход, воедно сакаме да ја искажеме нашата kpитика за невклучувањето на приватниот сектор во дијалогот за новиот закон’. Значи и во коморите било дијалог на глуви, вели Стевананџија.

Традиционални јадења кои се подготвуваат за новогодишните празници ширум светот

Секоја држава има своја култура и традиционални јадења. Каква храна се подготвува за Нова година ширум светот?

Во некои земји се прават леб и колачиња, додека пак во други земји се прават јувки кои се симбол за долг животен век, грав(кој е симбол за пари), риби кои се знак за изобилие и специјалитети со свинско месо кои претставуваат среќа.

Определени намирници во јадењата се разликуваат, но поентата е иста – делете ја храната и пијалоците со семејството и пријателите за да имате успешна година. Еве неколку традиционални јадења кои се подготвуваат ширум светот.

Hoppin ‘John, САД

Едно од најпопуларните јадења на трпезите во Америка е грав кој симболизира пари, а се прави со свинско месо и ориз и се сервира со зеленчук и пченкарен леб.

Дванаесет зрна грозје, Шпанија– Ова е познат обичај во Шпанија кој датира од 1909 година и подразбира консумирање на 12 зрна грозје, кои се јадат едно по друго на секое отчукување на часот на полноќ.

Се верува дека новата година ќе биде среќна и успешна за секој кој ќе успее да ги изеде сите 12 зрна во последните 12 секунди од старата година.

Тамалес, Мексико– Тамалес е мексиканско јадење кое се подготввуа од варено пченкарно брашно кое се полни со месо, сирење и останати вкусни додатоци. Во многу семејства, жените се собираат за да го подготват ова вкусно јадење, а секоја од нив е задолжена за еден процес на готвење.

Олиеболен, Холандија– Во Холандија се прави олиеболен, што во превод значи еден вид на крофни.

Прасиња од марципан, Австрија и Германија– Во Австрија и Германија обичајот е на новогодишната ноќ да јадат колачиња во облик на прасе од марципан. Во овие предели се верува дека прасињата се симбол на благосостојба и среќа, па затоа се прават ваквите колачиња.

Кралевска торта, ширум светот– Во повеќето земји, Грција, Франција, Мексико и Бугарија се прават колачиња кои се слични на леб.

Крансекаге, Данска и Норвешка– Крансекаге е всушност торта која е направена во облик на кула составена од прстени кои се наредени еден на друг.

(Урнебесно видео) Кога Бобан пее, времето застанува: И оваа година НБА играчите ја пееја божиќната песна

Бобан Марјановиќ, српскиот кошаркар и играч на Далас Маверикс, учествуваше во традиционалната НБА божиќна видео честитка.

Верниците од католичка вероисповест денес го слават Божиќ, а вчера, на Бадник, НБА лигата се потруди да ги израдува своите фанови.

Дел од овој тим беше и Србинот Бобан Марјановиќ, џинот со “ангелски глас”, како што го нарекуваат.

Погледнете зошто:

Најнова временска прогноза: Еве какво ќе биде времето до Нова Година

Во наредните денови пред новогодишните празници времето во земјава ќе биде постудено со утрински температури под нулата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи следува период на променливо облачно и постудено време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен северозападен ветер.

Во северните делови на повисоките места и на планините ќе има услови за повремен снег, a во сабота повремен снег ќе имаа и во пониските места.

На 31 декември ќе имаме температура од 6 степени преку ден, а ќе врне замрзнат дожд.

На 1 јануари ќе биде сончево со температура од 6 степени.

Познатата метео апликација Accuweather излезе со детална прогноза за наредниот месец и почетокот на наредната 2019 година.

Првите денови во новата година ќе донесат температури од 4 до 6 степени.

(Видео) Градоначалникот на Кривогаштани не доби доверба за Буџетот – Ќе си даде ли оставка?

Градоначалникот од редовите на СДСМ, Рубин Шефтероски, денеска информираше дека не добил поддршка од мнозинството советници во Советот на општината за буџетот за 2020 година.

Неговото обраќање проследете го во продолжение:

Инаку од неодамна мнозинството во Советот на општината го предводи ВМРО-ДПМНЕ, а за претседател на Советот е избран независниот советник Пеце Ликоски од населеното место Воѓани.

“Ваквиот развој на настаните се случува во време кога дел од советниците на СДСМ во советот имаат сериозни несогласувања со нивниот сопартиец градоначалникот Рубинчо Шефтероски, поради што веќе извесен период единството на советничкото мнозинство предводено од СДСМ беше доведено во прашање”, истакнаа кон средината на минатиот месец од ОК ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани.

Засега останува нејасно како Шефтероски ќе продолжи да раководи со општината и дали можеби ќе си поднесе оставка од функцијата градоначалник?

На теренот голем, надвор од него уште поголем: Месут Озил плати за операциja на 219 деца!

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Месут Озил, финансирал 219 операции за деца, кои треба да им ги спасат животите.

Триесет и едно годишниот фудбалер нема намера да застане тука и ќе ја продолжи својата добротворна работа во текот на новата година.

– Веќе се завршени 219 операции, но треба да дојдат уште многу. Како што објавивме со мојата сопруга за време на нашата венчавка во јуни 2019 година, ќе ги покриеме трошоците за уште 1.000 операции за спасување на животот на деца ширум светот. Благодарам на секој гостин на нашата свадба, фан или следбеник што донираше за овој проект и посебна благодарност до исклучителните медицински тимови. Ова е само почеток! Ние гледаме кон 2020 година и ќе им помогнеме на стотици други деца кои имаат потреба од тоа, напиша Озил на социјалните медиуми.

На дрвото одново му дава живот: Прилепчанец со многу љубов и трпение изработува прекрасни икони (ФОТО)

Мики Кусибојоски од Прилеп изработува прекрасни икони. На дрвото му дава живот преку макотрпна работа која бара многу внимание, трпение и секако огромна љубов. Наидовме на фотографии од неговите изработки, па го прашавме како дојде до идеја за вакво хоби, колку време се изработуваат и како.

Kако дојде до идеја за изработка на вакви дела и колку време се занимаваш со ова хоби?

– До идејата дојдот пред се’ oд причина што од секогаш ме импресионирале рачните изработки, а посебно фигурите и слики изработени од дрво. Идејата за изработка на икони ја добив пред се’ поради нивното посебно духовно значење. Да се изработи икона е работа која со себе носи голема одговорнос, поради тоа што истата треба да изгледа достоинствено и да претставува творештво кое ќе ја изразува христијанската вера во Бога и светителите. Како хоби се занимавам речиси 2 години, но последната година започнав со изработка и за комерцијални цели, но не со идеја за остварување профит, туку со идеја за почитување и изразување на мојата верба во Бог.

Какви материјали се користат за изработка на иконите?

– Иконите во главно ги изработувам на дрво и тоа претежно бел бор и ореово дрво. Квалитетот на дрвото е од клучна важност во изработката, бидејќи тоа ја дава смислата на целокупната изработка. Кога станува збор за материјалите секогаш одбирам материјали со врвен квалитет, бидејќи се водам од идејата дека квалитетот и добриот изглед на иконата се главната цел во изработката.

Колку време е потребно за да се изработи едно вакво дело?

– За секоја икона е потребно различно време за изработка. Тоа зависи од бараната големина, видот на дрвото, вкупноста на деталите на иконата, кои ги нагласувам исклучиво рачно и без помош на никаква машина. Но, може да се каже дека во просек се потребни околу 5 дена со цел постапно да се поминат сите фази. Потребно е време за сушење на течните материјали и бои, па во зависност од видот на иконата потребно е различно време.

Постои ли интерес и како можат да те контактираат оние кои сакаат вакво дело да го краси нивниот или домот на нивните најблиски?

– Интерес постои во секој случај, и за почеток сум позитивно изненаден од бројот на побарувачка, за кој се надевам дека во иднина ќе биде и поголем. Ние сме народ со вистинска верба во Бог, па речиси секој би сакал дома да има вакво уникатно парче на икона. Заинтересираните може да ме контактираат на повеќе начини. Преку телефонскиот борј: 070/377-674, на мојот Фејсбук профил Мики Кусибојоски, како и на Фејсбук страната Продажба на икони. Порачките може да се вршат во секое време, а вршам и достава низ цела Македонија.

(Видео) Поради оваа моќна жена сите ја украсуваме елката: Еве како започнала традицијата

На традицијата за украсување на елка инсистирал германскиот принц Алберт, откако се оженил со кралицата Викторија. Таа му ја исполнила таа желба.

Тој сакал да направи изненадување за Викторија, со која се оженил во февруари 1840 година. Го наполнил дворецот Виндзор со новогодишни дрва. Сметал дека некој негов обичај треба да се применува и во Англија и никој не можел да го премисли од оваа идеа.

Кралицата, неговата нова сопруга, по првичниот шok го прифатила ова и одлучила да ги применува германските божиќни и новогодишни обичаи во англискиот двор.

Нивната слика покрај елка набрзо станала нов тренд, па луѓето започнале масовно да ги украсуваа елките пред Божиќ.