дома блог страница 2877

Колку ќе не чини новата патарина кон Грција?

Од 60 до 80 денари ќе ја плаќаме новата наплатна рампа ако сакаме да стигнеме до соседна Грција, објави „Фактор“.

На делницата Демир Капија-Смоквица е пред крај изградбата на втората патарина а надлежните засега немаат одредено колку ќе се наплаќа на истата.

Моментно на тој патен правец возачите плаќаат само една патарина која чини 100 денари и која почна со наплата од август.

Зоран Китанов, првиот човек на ЈП за државни патишта кажа дека нови патарини ширум државата ќе има и кај Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип.

Мицкоски: Ако нема избори на 12 април СДСМ ќе се соочи со гневот на народот и со гневот на ВМРО-ДПМНЕ

Во синоќешното интревју на “ТВ Kлан” претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето од водителот дали имаат план Б доколку нема избори на 12 април тој изјави дека ќе има избори на 12 април, а доколку нема СДСМ ќе се соочат со граѓаните.

-Ќе се соочат со гневот на народот и гневот на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе очекуваме да биде сценариото А – нагласи Мицкоски. Во понатамошното интервју Мицкоски истакна дека на граѓаните ќе им биде понудено алтернатива и иднина на следните парламентарни избори.

-Перцепцијата на граѓаните е дека овие лажат за да крадат. Таква е перцепцијата помеѓу народот, е сега тоа ние ќе го смениме, ние не треба да имаме компромиси со правото и нема да имаме – заклучи Мицкоски.

Големиот Марио! Беше ставен во трет план, но неговата последна порака до Јувентус е полна со емоции

Марио Манџукиќ по четири години го напушта Јувентус потпишувајќи договор со катарскиот Ал-Духаил.

Хрватскиот напаѓач заминува откако оваа сезона не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Со доаѓањето на новиот тренер Маурицио Сари падна во втор план, па едноставно беше избришан од Јувентус. Сето тоа наиде на жестоки реакции од целокупната фудбалска јавност во Италија. Јувентус наиде и на сериозни напади од медиуми поради срамниот и понижувачки однос кон Манџукиќ.

Сепак, и покрај, тоа Марио Манџукиќ му одржа вистинска лекција со само една реченица на, сега веќе, својот поранешен клуб. Од целото негово обраќање до јавност се издвојува една реченица…

„Голема благодарност на Алегри и Мароти кои ме донесоа во Торино – беше за мене вистинска привилегија да играм за Јувентус, а изминатите неколку месеци нема да ја променат мојата почит и љубов кои ги чувствувам за клубот“ – силно одекнуваат овие зборови на Хрватот, кој испрати убава порака до клубот.

Како што е познато, Јувентус во тие изминати месеци се трудеше со сите сили да го отстрани 33-годишниот напаѓач, до степен на Марио, и покрај првичната желба да се бори за место во првиот тим, да му се смачи животот на северот од Италија.

Машала: Испраќа ли Македонија оџа за амбасадор во Кина?

Имамот Џемаил Чупи, поранешен кандидат за градоначелник на Дебар од редовите на БЕСА, бил на се уште необјавета листа од 19 нови амбасадори што ја усвои Владата на 12 декември на предлог на МНР, дознава „Телма“.

Чупи, освен што бил оџа, студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во буиографијата му стои дека е доктор по политички науки и дека предава на Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина.

Тој, според „Телма“ пред 5 години држел проповеди во Германија за што можат да се најдат и снимки.

Законот за МНР овозможува именување истакнати личности од областа на надворешната политика, меѓународните односи, меѓународното право, науката и културата за амбасадори, но дискутабилно е именувањето на Чупи кој само до пред пет години бил имам, заклучува „Телма“.

Aдминистративците и помошниот персонал во здравствениот сектор на денешниот пpoтecт: “Mинистре и ние имаме деца за гледање” (Фото)

„Дела, а не само зборови“, “Министре и ние имаме деца за гледање” – Вакви пораки упатија административците и помошниот персонал во здравствениот сектор на денешниот протест до министерот Филипче.

Лути, протестираа оти, здравствените власти ги изоставија од последниот бран на покачување на платите на лекарите и медицинските сестри најавен за од февруари наредната година.

Црвена линија повлекуваат на 10 % раст на платите. А освен тужби, најавија и претставки, за оценка на уставноста на договорите.

Тие бараат од Синдикатите да не го потпишуваат колективниот договор, а со тоа нема да има поголеми плати за лекарите и медицинските сестри. Од Синдикатот на Клинички, од каде го поддржаа протестот, велат дека се ставени „во небрано“.

Мистериозна порака на сопругата од Шумахер: Што ли би требало ова да значи?

Во недела се навршуваат точно 6 години од тешката нecpeќа која на скијање во Франција ја доживеа легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер.

За неговата состојба и денес малку се знае поради желбата на семејството да ја задржат приватноста.

Сепак, сопругата на Михаел, Корина Шумахер, објави статус на социјланите мрежи со хаштаг #KeepFightingMichael.

“Големите работи започнуваат со мали чекори. Малите делчиња може да создадат голем мозаик”, напиша таа.

Со велосипед на -17 степени до училиште: Речиси сите деца во ова училиште доаѓаат на настава со велосипед (ФОТО)

Пека Тахкола, урбан инженер и координатор за велосипедизам во градот Оулу во Финска, направил фотографија од локалниот училишен паркинг за велосипеди на -17 степени и снег. И покрај ваквите временски непогоди, училишниот паркинг за велосипеди е исполнет до последно место.

Колку и да ви изгледа чудно тоа што родителите ги пуштаат децата да одат на училиште со велосипед на вакви услови, во Финска тоа е нормално.

Пека направил обиколка низ училиштата во градот и разговарал со голем број наставници и директори, а притоа забележал дека доаѓањето на учениците на училиште со велосипед не е случај само во едно школо, но сепак во ова училиште бројот бил најголем.

Тој на Твитер напишал дека 1000 од 1200 ученици во ова училиште во Оулу доаѓаат со велосипед на школо, дури и во зима на -17 степени целзиусови.

MOЌНО ВИДЕО: Мицкоски порача “Обновата доаѓа”

-Почитувани граѓани, од срце ви благодарам за вашата огромна поддршка. Тоа ми дава огромна енергија и уште поголема обврска да продолжам да работам со целата мојата сила за вас, за вашите семејства и нашата Македонија. ОБНОВАТА ДОАЃА!, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Општина Прилеп ја објави новогодишната програма: Еве кој ќе ги забавува прилепчани за новогодишната ноќ

Општина Прилеп ја објави новогодишната програма. Еве како и со кого прилепчани ќе се забавуваат пред и за Нова Година:

Егејците се обединија како никогаш до сега! Помогнете им и вие

(Соопштение од Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ Штип)

“Споменикот кој ја отсликува нашата животна борба и мака, Споменикот на Децата бегалци во паркот „Жена борец“ во Скопје, во неколку наврати беше вандализиран.

Власта не превзема ништо за негово реставрирање. Ниту надлежните државни органи превземаат некакви мерки за откривање на сторителите и нарачателите на ова гнасно дело.

Поради тие причини, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ Штип ги повикува сите добронамерни луѓе да донираат за да можеме ние самите да го вратиме сјајот на Споменикот на Децата бегалци.

Споменикот претставува помен и вечен спомен за жртвите од Граѓанската војна во Грција, како и на Султана Нурџиева Делчева, мајка на великанот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.

Мермерната плоча која што ја уништија беше поставена на 19 јули 2016 година, на Денот на Светителот Сисое Велики, заштитник на децата, со следниот текст напишан на македонски и англиски јазик:

“28.000 деца, најмногу Македонци од Егејскиот дел на Македонија и други места на Грција, насилно беа прогонети за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.. Останаа трајно раселени во источноевропските и прекуокеанските земји. Далеку од своите родни огништа… Овој Споменик е вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота…”

Мермерната плоча беше донација од Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, Здружението на Сетинци, Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија и Светскиот Македонски Конгрес.

Да донираме сите заедно и да си ја зачуваме историјата! Сами ако не превземеме мерки, овој проблем можеби и нема да биде решен од оваа власт!

Пишете ни порака овде за да ви ги кажеме начините за донација! Татковината-копнеж на прогонетите! Да живее Македонија!”.