дома блог страница 2860

Вака треба да постапите ако утре ви се падне бадниковата паричка

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

Векови наназад е традиција да се крши леб со паричка за Бадник, а оној кај кој ќе се падне ќе има среќа, здравје и бериќетна година.

Секогаш парчето леб кое било наменето за вас треба да го изедете, а ако ви се падне паричката треба да постапите вака:

Никако паричката не треба да се фрли или заборави, туку да се стави до икона и да се чува до наредната година.

(Видео) Поен на деценијата: Циципас со потег кој ретко се гледа во тенисот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас изведе феноменален потег во дубл мечот на АТП купот во Бризбејн.

Кога изгледаше дека поенот е веќе звршен, Циципас не се откажа и тргна кон топчето кое за него не беше недостижно, а потоа магија.

Гркот успеа да го врати топчето во терен и да постигне поен кој според многу луѓе е најдобриот во последната декада.

За овој поен Циципас доби стоечки овации од сите присутни.

ФОТО: Заслужува ли Прилеп ваква слика?

Празнична слика од строгиот центар на Прилеп…

Велешани пример за цела Македонија: Се делеа оброци за оние на кои им е најпотребно (ФОТО)

Хумана акција на Гостилницата “Боем” во Велес. Денеска во период од 13-14 часот пред гостилницата беше поставена маса со 150 оброци наменети за социјално најранлиците категории на граѓани.

Условите оброци кои велешани ги купуваа во гостилницата имаат за цел да им ги усреќат овие празнични денови на оние на кои им е најпотребно.

Од Гостилницата “Боем” на Фејсбук информираат дека акцијата продолжува и понатаму, а добредојдени се сите кои сакаат да помогнат.

(Фото) Емотивно до солзи: Кенгур ја прегрна волонтерката која го спаси од пожapот

За жал ние луѓето многу често не знаеме да ја изразиме нашата благодарност, но за среќа тука се животните да не потсетат на тоа.

Како што е познато Австралија е зафатена од пожapи кои поради временските услови уште повеќе се засилуваат, а во нив најпогодени се животните. Илјадници волонтери се мобилизираат и секојдневно помагаат во гасење на пожарите, но и во спасување на оние кои се најмалку заштитени.

Принцезата Аби како што ја нарекуваат, го започнува својот ден со прегратка од луѓето кои работат во засолништето за кенгури. Малата Абигејл ја загубила мајката во пожapот, а волонтерите ја пречекаа во засолништето со раширени раце.

Xyлигани од матичниот клуб му ја cpyшија статуата на Ибрахимовиќ – направил нешто што не смеел да помисли (Фото)

Статуата во шведскиот град Малме, која Златан Ибрахимовиќ ја доби минатата година од фудбалскиот сојуз на Шведска, е целосно yништeна.

Според медиумите во Шведска, статуата била мета на напади од xyлиганите на фудбалскиот клуб Малме кој е и матичен клуб на Ибрахимовиќ.

Како причина се наведува тоа дека Ибра купил акции во фудбалскиот клуб Хамарби, градскиот ривал на Малме.

Неговата статуа во изминатиот период беше мета на повеќе напади. Најпрво беше ставена ВЦ школка покрај нејзе, потоа беа пресечени делови од статуата, за на крај истата да биде целосно срушена.

Хрватска гласа за претседател: Милановиќ вербално нaпaднaт пред избирачко место – “Ево вам комуњара” (Видео)

Хрватска денеска гласа на вториот круг од претседателските избори. Хрватите избираат помеѓу Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

Кандидатот на социјалистите, Милановиќ, попладнево бил вербално нападнат пред неговото избирачко место.

Додека излегувал од избирачкото место, еден човек вербално го нападнал.

“Не може никој да ме тргне, “комуњарата” да ме тргне? Ве лаже сите господа. Тој е комуниста, комуњара. Еве ви го, ве лаже вас, на крајот се откри дека е “комуњар”. Гласајте го, гласајте го”, викаше налутениот човек.

Милановиќ му пристапи и се обиде да му пружи рака, на што овој извика: “Мене ми даваш рака, а на претседателката не сакаше”. Милановиќ на тоа прокоментира дека ќе викне полиција.

“Ова не е случајно, ова е испратено, но е доцна. Вакви хулигани не можат да ме запрат. Важно е баш секој да излезе на изборите. Овие избори не се пресметка”, рече Милановиќ во изјавата за медиумите после инцидентот.

Најновиот проект ,,Музика и Вино” на ,,Харизма Бенд” е вистинско уживање: Слушнете и уверете се! (Видео)

Деновиве Харизма Бенд и Ивана Наумова го промовираа најновиот проект насловен “Музика и Вино”. Овој проект се состои од 2 сплета од кои едниот е составен од македонски свадбарски песни, а другиот содржи безвременски кафански хитови. Промоцијата се случува во вистинско време, во празничен период кога музиката е составен дел од секој дом. Вкупно 30 минути музика отсвирена и отпеана во живо.

“Ние веруваме дека музиката може да го подобри вкусот на виното, а исто така и виното може да го подобри звукот на музиката, па затоа нашиот најнов проект го насловивме Музика и Вино. Проектот го изработивме со многу љубов. Се надеваме дека луѓето ќе ја препознаат нашата енергија и дека овој проект ќе стане дел од семејните прослави и ветуваме дека ќе уживаат гледајќи и слушајќи ги овие внимателно одбрани песни.” – изјавија од Харизма Бенд.

Чуда се случувале последниве 2 месеци со конкурсите, изјави новата заменик министерка

Од 6 ноември од кога е познато дека ќе се формира техничка влада, па се до сега се распишани огласи во државната управа, преку Агенцијата за вработување и Агенцијата за државни службеници за 4.131 работно место, изјави на прес-конференција, Невенка Стаменковска-Стојковски, дополнителен заменик министер на МИОА.

Таа рече дека огласите се случуваат во период кога забелешките се дека државната администрација е превработена и гломозна, а од друга страна со овие вработувања се прави брутална партизација на државниот апарат.

„Ова е безобзирно уништување на институциите. Од 4131 работно место, 911 работни места се во владини институции, Генерален секретаријат, Министерство за економија, Министерство за финансии, Министерство за земјоделие, па и во претпријатија кои мака мачат со исплата на плати како што се Македонски железници“, рече Стаменковска, додавајќи дека платите за дел од распишаните места се движат и од 40 илјади па до 60 илјади денари.

Овие огласи, како што оцени, по нивниот обем и начинот на кој се распишани, за само два месеци, не се ништо друго туку само начин на изборно корумпирање и купување на мир во владејачката партија.

„Сето ова ќе биде на товар на граѓаните, но и на сметка на квалитетни кадри кои ќе останат запоставени и тргнати на страна.
Ревизијата која е во тек ќе ги испита сите неправилности при распишувањето на овие огласи и давањето на согласности. И онаму каде ќе има отстапување ќе побарам нивно поништување. Нема ниту една државна администрација која може да издржи вакви тектонски оптеретувања кои повторно паѓаат на товар на граѓаните“, додаде Стаменковска.

Макрон прогласен за најмоќен европеец – се очекува позицијата да ја задржи и во 2020 година

Порталот „Политико“ со седиште во Брисел изготви листа од 28 најмоќни Европајци, а на челна позиција и како најмоќен во 2020 го гледа францускиот претседател Емануел Макрон – пренесува “Експрес.мк”.

Според авторите, Макрон можел да го искористи вакуумот создаден од Брекзит и слабоста на Германија, тој успеа да го налути Европскиот парламент кога го критикуваше изборниот систем и се обиде да го изманеврира изборот на Урсула фон дер Лејен, но исто така се спротивстави на сегашната политика за проширување на ЕУ и спречи започнување преговори за пристапување со северна Македонија и Албанија, пренесува Танјуг.

На списокот на кој се наведени уште 27 лица, најзвучни имиња се секако Владимир Путин и Ангела Меркел.

„Политико“ потсетува дека рускиот претседател во текот на изминатите пет години нелегално го нападнал Крим, се вмешал во претседателските избори во САД, киднапирал украински брод, го го поддржувал сирискиот диктатор (Башар ел Асад) и бил обвинет за труење со поранешен Русин шпион Сергеј Скрипал.

За некој кој е канцелар на Германија веќе една деценија и половина, Меркел направи изненадувачки малку, оценува порталот. Точно е дека некои го припишале на заштита на еврото, но исто така истакнува дека „многу економисти тврдат дека направила повеќе штета отколку добро – ја продлабочи кризата во Грција и не направи ништо за решавање на нееднаквоста во еврозоната“. Како минус Меркел е запишана и во миграциската политика.

Извор: “Експрес.мк”