Велешани пример за цела Македонија: Се делеа оброци за оние на кои им е најпотребно (ФОТО)

Хумана акција на Гостилницата “Боем” во Велес. Денеска во период од 13-14 часот пред гостилницата беше поставена маса со 150 оброци наменети за социјално најранлиците категории на граѓани.

Условите оброци кои велешани ги купуваа во гостилницата имаат за цел да им ги усреќат овие празнични денови на оние на кои им е најпотребно.

Од Гостилницата “Боем” на Фејсбук информираат дека акцијата продолжува и понатаму, а добредојдени се сите кои сакаат да помогнат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.