дома блог страница 2861

Сугарески: Нема вмешани функционери на СДСМ во ,,Рекет”

“Остануваме посветени на заложбата од Декларацијата што ја донесовме за борба против kpиминал и kopyпција, комуникацијата во партијата е одлична меѓу сите функционери, судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ. Според нашите сознанија нема вмешани функционери на СДСМ во овие случаи”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 25-ти август минатата година.

,,Подготвени сме, доколку се докаже некаква одговорност за кој било функционер да ја понесеме одговорноста. Апсолутно нема простор кој било да биде амнестиран поради тоа што е на која било позиција во владата или во СДСМ. Остануваме посветени на тоа, а судските органи можат да ги употребат сите алатки за кој било функционер од СДСМ”, додаде тој.

Да потсетиме дека иако истрагата за случајот “Peкет” заврши, минатата недела во јавноста излегоа други информации. Имено, во маратонскиот распит на Бојан Јованоски кај обвинителката Вилма Рускоска минатата недела, наводно тој ги открил лицата кои менаџирале со целата “akциja”.

Новинарот Бранко Героски синоќа објави дека пет лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев се директно вклучени во аферата. Тој наведува дека станува збор за функционерка од врвот на СДС, познат новинар, советник на поранешниот премиер, како и блиско лице на премиерот без кое не поминува ниту една бизнис зделка во државава.

Останува да видиме дали Сугарески повторно ќе излезе на прес-конференција, но овој пат да се извини за претходните изјави и да ги ocyди неговите колеги од партијата.

Започнуваат 12-те некрстени денови: Од Божиќ па се до Водици ова не смеете да го правите

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Од 7 јануари, па се до Богојавление се некрстените денови, кога по земјата шетаат дyxoви, лоши сили и дeмoHи: караконџоли, тapaмбаба, гpeвогазец, ѓаволица, чума и koлера. И водите тогаш се нечисти.

Божиќ, денот на раѓањето на Исус Христос, христијанскиот свет го прифатил како почеток на Новата година. Од денот на Христовото раѓање, 25 декември по Грегоријанскиот или 7 јануари по Јулијанскиот календар, па се до Богојавление 6 јануари по новиот или 19 јануари по стариот календар се некрстените денови.

Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демoHи. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демoHите и тие ќе ја напуштат земјата.

Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.

Коледарските и василичарските обреди под маски ги изведуваат група од млади момчиња кои се маскираат. Нив ги предводи повозрасен маж со потврдена плодоносна моќ, кој има голем и здрав род зад себе и кој е познат женкар. Младите ергени што достигнале одредена возраст 16 – 19 години мора да поминат низ овие обредни игри. Низ игрите требало да се покажат, преобразат и формираат во возрасни мажи, зрели за женење.

Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање.

На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.

Народни верувања

Се верува дека во овој период не треба да се излегува навечер, а ако баш мора со себе да се носи лук, крст или некој остар предмет.

Се верувало дека во некрстените денови не се преде, не се ткае и не се пере. Надвор пак не се остава ништо бело, а посебно не детска облека бидејќи злите сили би можеле да им наштетат на децата.

Временска прогноза: Снег и на пониските места

Времето денеска ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Вдолж Повардарието, каде ветерот ќе биде најсилен, преку денот ќе има и повремено намалување на облачноста.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од минус 2 до 7 степени.

Прилепчанецот се шегува со Манчестер Јунајтед: Арсенал ги победи? Сега можеме дури и ние… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го најави натпреварот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед во рамки на ФА Купот и воедно испрати мала провокација до Манчестер Јунајтед, тим кој игра во лоша форма.

„Ѓаволите“ во последното премиерлигашко коло загубија од Арсенал, следниот ривал на Лидс, а на новинарско прашање дали го гледал натпреварот Алиоски одговори потврдно и потенцира дека дури и Лидс може да го победи Јунајтед оваа сезона.

„Не чека натпревар на еден убав стадион, со голем клуб, но не е специјално да одимет аму затоа што ако Лидс влезе во Премиер лигата и ние ќе сме голем клуб. Убаво ќе биде ако покажеме кој е Лидс, имаме добра шанса да видиме до каде сме. Го гледав мечот меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, Арсенал го победи Јунајтед, но противникот беше толку слаб, мислам дека можеме да го победиме и ние оваа сезона. Секогаш има изненадувања во Купот, се надеваме дека ќе го направиме“, изјави Алиоски.

Натпреварот меѓу Арсенал и Лидс Јунајтед се игра в понеделник.

Идеални за после постите: Превкусни кокос коцки кои се топат во уста (Рецепт)

Идеални за првиот ден откако ќе завршите со постите. Се прават лесно и бргу, а задоволството кога ќе ги вкусите е неизмерно.

За подготовка на тестото ви требаат: 4 јајца, 200 грама шеќер, 200 грама брашно, 5 лажици млеко, 1 кесичка прашок за пециво.

Се матат јајцата и шеќерот, потоа се додаваат брашното и прашокот за пециви, и на крај млекото и маслото и сѐ заедно се меша додека не се добие рамномерна смеса. Се пече околу 25 минути на температура од 16о степени. Откако ќе се изладат се сечат на коцки.

За преливот потребни ви се еден маргарин, 3 лажици какао, 100 грама кујнско чоколадо, 200 грама млеко и 200 грама кокосово брашно.

Маргаринот се топи во загреаното млеко. Откако ќе се растопи се додаваат какаото и чоколадото. Смесата не треба да зоврие.

Претходно исечените коцки се потопуваат во чоколадниот сируп и се валкаат во кокосово брашно.

Се служат веднаш.

Жaлнo! Го игнopиpaлe првото poдено бебе Poмче, а поклоните ги дале на друго

Пратеник во хрватскиот парламент и застапник на ромското малцинство, Вељко Кајтази, ја обвини жушаниската болница во Чаковец дека заедно со Меѓуморската жупанија го игнорирале првото родено дете од Ромка, а во медиумите и на официјалната Фејсбук страна се објавени фотографии со друго дете родено малку подоцна истиот ден.

Директорот на болницата во Чаковец ја признал грешката, за која тврди дека е ненамерна и дека не е во прашање дискриминација на ромското бебе.

Директорот во извинувањето вели дека настанала грешка поради погрешна информација околу првото родено бебе во 2020 година.

“Многу ми е жал, како директор, дека се случи таква грешка. Болницата и здравствениот систем се многу големи и за можат да преземат одговорност, но не можат да се сложат со тоа дека била направена било каква дискриминација. Ние се грижиме за нашите граѓани секојдневно и многу ми е жал поради тоа што се случи. Мислам дека е човечки да се работи и да се случуваат грешки, но и да се извините, како што тоа го направивме ние. Бевме кај госпоѓата и детето, се извинивме , а човечки е да се прости”, рекол директорот.

Плусинфо: “Koи се петте луѓе на Заев кои ја менаџирале аферата “Peкет”

Кон крајот на јули минатата година, во еден од моите написи за аферата „Рекет“, малку непристојно можеби, јавно се поканив на средба со сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев, Пишува новинарот Героски.

Лут поради тоа што ја отворив аферата, збунет од развојот на настаните и неспремен да се справува со кризата, Заев на една прес-конференција си нарача прашање од својот омилен новинар Саше Ивановски дали ќе прифател да се сретне со мене, за фраерски да одговори – немало зошто да се сретнува со мене, а јас („суетниот новинар“, нели) сѐ што сум знаел да сум пријавел во Јавното обвинителство.

Целата статија прочитајте ја на ПЛУСИНФО.

(Видео) Проговори за непознати детали од животот на Тито: Војник од бродот на Јосип Броз кажа што видел во неговата кабина

Бранко Лончариќ го служел воениот рок на бродот Галеб на кој се возел и југословенскиот претседател Јосип Броз Тито, како и други државници: египетскиот претседател Насер, етиопскиот цар, грчкиот крал…

Бранко се качил на бродот во склоп во 1952 година кога имал само 20 години, а воениот рок му завршил во 1955 година. Во разговор со новинарите од Нови лист открил интересни искуства од бродот за чија обнова се одлучува овие денови.

За време на неговото служење на воен рок на Галеб, Тито бил таму три пати. Тој вели дека Тито не сакал авиони, сакал да седи на палубата, бил љубезен кон персоналот на бродот и не правел проблеми.

– Една ноќ имаше силно невреме, па Тито падна од кревет. Тоа беа оние ниски бродски кревети без странична заштита, па тогаш го кренавме на креветот и му ставивме даска до креветот”.

Героски: “Вечерва во 21 часот на Плусинфо- Кои се петте луѓе блиски до Заев кои менаџирале со peкетот”

“ВЕЧЕРВА ВО 21.00 НА ПЛУСИНФО

КОИ СЕ ПЕТТЕ ЛУЃЕ БЛИСКИ НА ЗАЕВ КОИШТО ЈА МЕНАЏИРАЛЕ АФЕРАТА „PEKЕТ“ ОД ВТОР ПЛАН? КОЈ ГО СОБИРАЛ КАЈМАКОТ? СЕ ЗНАЕ ЛИ КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?

Ако пропеат Боки, Фросина и Катица – а првите двајца веќе најавуваат дека нема да молчат – ќе дознаеме за поврзаноста со „Peкет“ на најблиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, на многу важен советник на Заев од една странска земја, на познат интелектуалец и на познат новинар кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, на многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Она што го знаеме за „Peкет“ е само врвот од ледениот брег”, напиша новинарот Героски на неговиот Фејсбук профил.

Maрковите точакџии со велосипеди се искачија до Тапанче на Маркови Кули и ја започнаа сезоната (ФОТО)

Со искачување до врвот Тапанче на Марковите Кули, велосипедистите од здружението “Маркови точакџии” ја започнаа новата сезона за возење.

Членовите на ова здружение се едни од најактивните велосипедисти и промотори на возењето велосипед. Нивните членови во неколку наврати направија извонредни подвизи, возејќи стотици километри до Истанбул, Солун, Кавала, Воден, Лерин…. и до голем број други места ширум и надвор од државата.

ФОТО: Андреј Ристески