дома блог страница 2859

Што треба да има на бадниковата трпеза за да имате среќа годинава?

Според традицијата, на трпезата на Бадник треба да има непарен број јадења. Неопходно е да се стави храна што ќе ви донесе среќа, здравје и плодност. Јадењата потребно е да се со непарен број- 7, 9, 11- колку повеќе се`, толку подарежлива ќе е новата година во домот. Задолжително е јадењата да се само посни.

Лебче со паричка – Лебчето замесено со сода или квасец, зазема централно место на трпезата на Бадник. Во него се става паричка. Се украсува со фигури како житни класови, плуг, крст и друго.

Суви пиперки со грав/сарма со зелка – Карактеристика на полнети пиперки за трпезата на Бадник е дека се користат суви пиперки, кои претходно треба да се потопат во топла вода за да омекнат и потоа да се измешаат со сварен грав. Другата опција се традиционалните сарми, полнети со ориз.

Компот од суви сливи – тоа е вид компот од суво овошје. Ако не ви се допаѓа, може да додадете кое сакате суво овошје.

Овошје (јаболка, ореви, мушмули, дуњи) – Во минатото на Бадник се кршеле оревите кои биле наречени за секој член од семејството. Ако јатка им е бела и голема, човекот ќе биде здрав и ќе има среќа во текот на годината.

Кисела зелка – Ги заменува свежите салати и добро оди со оние кои пијат топла ракија, која се подготвува во многу домови.

Печена тиква – Важно е трпезата на Бадник да има и нешто слатко за да е благ животот на семејството во текот на следната година. Медот е носител на мудроста на пчелите затоа него можете да го ставите врз печената тиква.

Лук – Лукот има ритуално значење. Може само да се стават неколку глави, слободно расфрлани на трпезата, но важно е и од секоја храна да се каснете барем малку. Лукот штити од зло и болести.

Покрај наведената храна на трпезата на Бадник задолжително треба да се стави и сол. Куќа без сол не треба да биде, зашто каде нема сол, таму влегуваат болестите и несогласувањата.

Брука невидена! Ако сакаат на Европско, македонските каратисти ќе си платат сами

Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на седницата одржана на 1 декември 2019 година донесе одлука натпреварувачите кои имаат обезбедено право за учество за Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) што ќе се одржи од 7 до 9 феврурари 2020 година во Будимпешта, Унгарија, да настапат со самофинансирање, бидејќи КФМ нема добиено средства од Агенцијата за млади и спорт за ова натпреварување.

Доколку во 2020 година од Агенцијата за млади и спорт се добијат средства за Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Будимпешта, Унгарија, од страна на КФМ средствата рамномерно ќе ги поделени за сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на ЕП.

За остварен пласман, средствата на натпреварувачот ќе бидат рефундирани според Правилникот за избор, финансирање и наградување на Државните репрезентативни селекции.

Трошокот по натпреварувач е 12.710 денари (205 евра) без котизација и осигурување, но ќе требат пари и за ручек и за вечера.

Извор: “Ипон.мк”

(Емотивно видео) Пожарникарите слават: Конечно дожд во Австралија – нов жежок бран кон крајот на неделата

На социјалните мрежи се прошири видео според кое во јужните делови на Австралија вчера започнало да врне дожд.

Според информациите во медиумите дождот им дал малку одмор на пожарникарите во овие делови на континeнтот пред новиот жежок бран кој се очекува кон крајот на оваа недела.

Пожарникарите на видеото слават за дарот од небото кој им овозможи да здивнат во борбата со огнената стихија.

Eфто Пупиновски: “Ни нема надеж, Дино Мерлин го наполни плоштадот за 100.000 евра, а Ефто за 40 пати помалку пари”

(Фејсбук статус на естрадниот уметник Ефто Пупиновски)

“МАКЕДОНСКИ ФЕНОМЕН

Самиот да се ставаш како граѓанин од ВТОР ред.?

И така помина и дочекот на Новата 2020 година, па гледавме и слушавме на вестите на сите национални телевизии „Дино Мерлин го наполнил плоштадот во Скопје“ , „Дино – вака…“ , „Дино – така…“ , и за сето тоа телевизиите во своите вести му посветија од 2-3 до 5 минути, додека за нас, македонските пејачи, по најмногу десеттина секунди.

Господа новинари, зошто не известивте дека и Ефто Пупиноски го наполни охридскиот плоштад и дека на тоа студено време сите присутни останаа на плоштадот за целиот временски период на мојот настап од 23:15 до 1:00 часот на нивно и на наше задоволство ( мое и на оркестарот Фортуна)?

Господа новинари, можеби Ви беше срам бидејќи се работеше за македонски пејач или можеби едноставно тоа не можевте да го пренесете заради длабоко вкоренетиот феномен кај Македонецот самиот на себе да не си верува и самиот себе да се става во подредена позиција како граѓанин од втор ред?

Уште 1986 година со мојата песна „Лихнида“ ширум ми беше отворена вратата на белградската естрада, ама јас не отидов за Белград, останав во Македонија, и ја збогатив македонската културна ризница со уште пет-шест хитови.
Најчесто, некои пејачи од соседството заради големата јазична предност бидејќи пеат на јазик кој го користат и разбираат преку 15 паати повеќе народ отколку македонскиот, добиваат третман како балкански ѕвезди, а не заради некое екстра квалитетно пеење и посебно убави песни.

Но, и покрај тој голем хендикеп за нас, Македонците, јас ја имам „Лихнида кајче веслаше“ која и покрај тоа што е испеана на македонски јазик исклучиво со силата на квалитетот како композиција и интерпретација ги сруши јазичните бариери и стана балкански хит. И наместо ние кои компонираме и пееме на националниот јазик да имаме соодветно внимание и третман затоа што со нашите национални хитови даваме конкретен придонес кон јакнење на нашиот национален идентитет што на нас Македонците ни е неопходен во овие историски околности, вредноста на нашиот труд нѝ е и понатака девалвирана. Наспроти ова, на пејачите што доаѓаат од соседството и понатака им ги полниме торбите со пари, па испаѓа дека Дино Мерлин го наполни скопскиот плоштад за 100.000 евра, а Ефто Пупиноски го наполни охридскиот за 40-тина пати помала цена!

И да ви кажам, цел живот водев една моја борба за доброто на нашата национална песна и чекав нештата да се поправат, и сега од оваа позиција длабоко сум убеден НЍ НЕМА НАДЕЖ !

Им благодарам на Охриѓани и на гостите од Македонија и соседството за тоа што ме почестија со толкаво големо присуство. Ај со здравје!”.

ГРАНДЕ ПАНДЕВ: Македонскиот капитен и донесе клучни три бода на Џенова (Видео)

Капитенот на Македонија денеска одново беше херој на Џенова која води грчевита борба за опстанок во Сериа А сезонава.

Џенова вчера го победи Сасуоло со 2:1, а човек на одлука беше нашиот Горан Пандев, кој во 86-та минута го постигна победоносниот погодок за важни 3 бода на својот клуб.

Ова беше четврти погодок за Пандев сезонава, а ова беше само прва победа за нив после 8 натпревари.

Во Битола се роди првото бебе во вода, метода која за прв пат се примени во Македонија (Фото)

Во саботата во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија – информираат од болницата.

Мајката е од Битола, ова е нејзино прво дете и во саботата, околу 23 часот, на свет донесе женско дете. Двете се во одлична состојба, а мајката е пресреќна што на овој начин и беше овозможено породувањето во Болница „Плодност“.

Ова е огромен успех за тимот на Болница „Плодност“, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за прв пат и во Македонија.

Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број предности: топлината на водат го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.

Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.

Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот. Болница „Плодност“,следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата , целосно се подготви за примена и на овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот персонал и техничките можности и капацитети.

Европското првенство може да започне: Македонија ја победи Црна Гора!

Македонската ракометна репрезентација забележа победа на последната контрола пред стартот на Европското првенство. Нашите момци ја совладаа селекцијата на Црна Гора со 25-24 и во триумфална атмосфера ќе го дочекаат евро-шампионатот.

И на оваа средба селекторот Данило Брестовац го одмараше капитенот, Кирил Лазаров. Николче Митревски со 14 интервенции, Манасков и Талески со по пет погодоци беа први стрелци. Маџовски и Пешевски постигнаа три гола, по два имаа Кузмановски, Поповски и Стоилов, додека Крстевски, Велковски и Танковски запишаа по еден.

Македонската експедиција во Словенија ќе остане до осми јануари по што заминува во Виена. Првиот дуел на Европското првенство го играме на 10. овој месец против Украина, два дена подоцна силите ќе ги одмериме со Чешка, на 14. јануари се среќаваме со Австрија во последниот меч од групната фаза.

Според новиот систем, првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во следната рунда.

Првите официјални резултати: Зоран Милановиќ е новиот претседател на Хрватска

Според првичните резултати претставени од Државната изборна комисија на Хрватска, Зоран Милановиќ е новиот претседател на државата.

Имено, Зоран Милановиќ освоил 53,58 проценти од гласовите. Актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ има 46,42 проценти од гласовите. Милановиќ победи и во првиот круг на изборите.

Како и во првиот круг, гласачите гласаа на вкупно 6.533 гласачки места, од кои 6.409 во Хрватска, а 124 во 47 држави во светот, од кои една третина (44) во Босна и Херцеговина.

На гласачкото место во ОШ Петар Зрнски во Загреб дојде и до инцидент, кога еден човек вербално го нападна Милановиќ.

Вучиќ: 25 проценти Албанци во Македонија ги имаат сите права, а 30 посто Срби во Црна Гора не смеат ни да кажат дека се Срби

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во денешното обраќање ја спореди ситуацијата во Црна Гора со таа во Македонија и односот на државата кон малцинствата.

Според него, во Црна Гора живеат повеќе Срби отколку Албанци во Македонија па тие ги уживаат сите права.

Во Македонија 25 отсто Албанци ги имаат сите права и јазик, претседател на Парламент, конститутивен народ се. А скоро 30 проценти Срби во Црна Гора не смеат ни да кажат дека се Срби-спореди Вучиќ.

Гафови во минатата година: Еве какви изјави имаа светските лидери во 2019 година

2019 година беше бурна, а ја одбележаа и неколку изјави на светските лидери. Многу од нив докажаа дека имаат и смисла за хумор и успеаа да го насмеат светот.

Доналд Tpaмп:

-Би можел да бидам најпопуларната личност во Европа. Можам да се кандидирам на која било функција, но не сакам.

– Имав состанок во Пентагон со многу генерали. Беа како од филм, подобро изгледаат од Том Круз и посилни се. Сум имал повеќе генерали отколку што имам видено до сега.

– Имав лесен живот. Кој би знаел дека ова ќе биде вака тешко, но јас го сакам тоа.- Пишувам книга. Мислам дека ги напишав 12 до сега и тоа многу добро.

Владимир Путин:

– Не, не сум вонземјанин. Имам докази за тоа. Имам многу роднини кои можат да го потврдат тоа, но моите ќерки би можеле да бидат сведоци.

– Секако дека се чувствувам засрамен, како и секој друг човек. Се срамам, на пример, што ја изгубив пораката на една старица која молеше за помош.

Ангела Меркел:

– Разбирам зошто Путин го прави тоа- да докаже дека е вистински маж. Тој се плаши од своите слабости. Русија нема ништо, нема успешна политика и економија. Се што има е тоа.

Емануел Макрон:

– Она што во моментов го гледаме е мозочна cmpт на НАТО.